Охридската католичка заедница денеска слави Бадник, а утре Божик

За граѓаните од католичка вероисповед според грегоријанскиот календар денеска е Бадник а утре ќе го прославуват Раѓањето Христово Божик. Во црквата Св. Кирил и Методиј и Св. Бенедикт во Охрид вечерва се одржа полноќна литургија, а утре ќе се служи свечена божикна литургија.

 |   | 

Денеска според грегоријанскиот календар, католичката црква го празнува Бадник, еден ден пред големиот Христијански празник Христовото раѓање- Божик. Вечерва во католичката црква Св. Кирил и Методиј и Св. Бенедикт во Охрид ќе се одржи полноќна литургија, а утре ќе биде главната свечена божикна литургија. На Божик според католичките обичаи, му претходат четири недели на подготовка, т.н. адвентски недели, време кога се потенцира духовниот пост, хуманоста, одрекување од лоши навики. За Бадник или бдеење обичај е посна трпеза и кршење на бадниково лепче, додека за Божик е правењето пештера која симболично го прикажува раѓањето Христово во Витлеем и секако божикното украсување. Бадник и Божик се празници на семејно собирање, но исто така и време кога треба да се потсетиме на вистинските вредности.

Би сакал да се надоврзам на пораката на нашиот свети отец Папа, којшто зборуваше за понизноста и всушност овој празник носи мир, радост и понизност, да си помагаме едни со други, да бидеме понизни во однесувањето едни спрема други и тоа е она што би сакал како главна порака на овој христијански разник да го пренесам кон сите, зашто овој празник е празник на радоста, на мирот – истакна Отец Танушев.

Отец Тантушев вели дека католичката заедница во Охрид во минатото била поголема, но денеска брои околу 150-тина верници. Тој упати честитка кон сите католички верници.

Сакам да упатам честитка до сите оние кои што го слават овој голем Христијански празник Рождество Христово – нека им биде честит и благословен и нека Господ Исус Христос кој што се роди за нас, се роди како дете, како човек, зеде човечко тело поради нас за да не благослови, да биде со нас и да не води кон вечниот живот – додаде Отец Танушев.

Бидејќи и оваа година повторно ги прославуваме празниците за време на пандемија, Отецот упати молба до верниците да се придржуваат до протоколите.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top