„Румор“ го слави првиот роденден

На 17-ти декември, пред една година, во Охрид со работа започна концептуалната продавница „Румор“, која ја донесе високата мода кај нас.

 |   | 

На 17-ти декември, пред една година, во Охрид со работа започна концептуалната продавница „Румор“, која ја донесе високата мода кај нас. Единствениот мултибренд во регионот кој ги следи светските трендови, за краток период успешно се етаблираше на модната сцена, наметнувајќи стандарди на квалитет за кои надалеку се слуша.


Покрај по уникатните парчиња облека дизајнирани од планетарно познати модни креатори, клиентите го препознаваат и сакаат новиот македонски бренд „Румор“ и по истоимената модна линија, создадена со многу љубов и желба конечно да се понуди квалитет за ексклузивна цена, гордо потпишан со „Made in Macedonia“.


На барање на многубројните клиенти од Скопје, „Румор“ во главниот град оствари неколку продажни изложби во галеријата „Акантус“, каде што од минатиот месец е постојано достапна „Rumor Limited“ колекцијата.


Брендот „Румор“ беше дел од настанот „Made in Macedonia: Cовремен дизајн накитен со минатото”, што се одржа во организација на Македонскиот велком центар „Добредојде“ и Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џез Л. Бејли, а на иницијатива на неговата сопруга, Кејпи Полк Бејли. За презнтацијата на овој настан „Румор“ доби многу комплименти од модната критика.
Во првата година од своето постоење „Румор“ покажа и општествена одговорност, креирајќи дукс од чија продажба процент одеше за хуманитарни цели.


Од „Румор“ најавуваат бројни новитети, а во меѓувреме клиентите може да го изберат омиленото парче облека за претстојните празници од новата зимска колекција која пристигна во концептуалната продавница на булеварот „Туристичка“ во зградата „Печијаре“.

– Допрва следуваат многу изненадувања за нашите клиенти, затоа што ние сме во чекор со модните трендови во светот. – порачуваат од менаџментот на брендот „Румор“, кој го слави првиот роденден.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top