Охрид го слави споменот на Григор Прличев

Охрид го слави споменот на Григор Прличев

 |  Валентина Неловска  | 

Со панихида и положување на цвеќе на вечното почивалиште  на Григор Прличев денеска беше оддадена почит на славниот ловороносец. Голем број охриѓани, ученици, советници и пратеници  одадоа почит на истакнатиот македонски писател и преродбеник од 19 век. Денес, Охрид со низа активности го одбележа споменот на  Прличев  „Вториот Хомер“. 

Во спомен куќата на Прличев градскиот хор ја изведе неговата поема 1762 лето, а беше промовирано  адаптираното издание на Прличевата автобиографија од  Славе Ѓорго Димоски. Слово за делото на Прличев како претставник на македонската книжевност од 19 век од времето на романтизмот и на делото на Славе Ѓорго Димоски изнесе проф д-р Димитар Пандев. Творечки однос на Славе Ѓорго Димоски кон делото на Григор Пличев  се пренесува врз генерациите ученици од охридската гимназија, но и во македонското образование,  го приближува Прличев до најмладите генерации ученици во рамките на наставата на македонски јазик и литературата на современиот македонски читател, истакна д-р  Пандев.  Подвелече, дека се она што досега се  надоградувало врз  преродбеното дело и црковно народна борба на Прличев, денес  се  освежува повторно со творечкото разоткривање и осовременување на Славе Ѓорго Димоски.  

 „Вклопувајќи ги во диптихон , Славе Горго Димсоки му дава централно место на Прличевото преродбенско, епохално дело, за што го вклопува меѓу просветителската идеја на Јоаким Крчовски, бездруго најчитаниот автор во Охрид во 19 век  и современата македонска литература исполнета диптихони и триптихони, како што е триптихонот на Славе Ѓорго Димоски , јазичен триптихон од митологијата и антиката па се до денес. Се е во врската со просторот и времето, а  таму сите сме заедно  со Прличев“, кажа меѓу другото Пандев.  

Градоначалникот  Никола Бакрачески  им врачи пофалници на двајца млади поети, победници на   конкурсот објавен од ОУ Григор Прличев. Посакувам вашата  љубов  кон литертурното соопштување на емоциите да биде мотивирачки повод и предизвик  и за вашите  сооученици, истакна Бакрачески. При тоа потсети на делото на Прличев.

„Посебно треба да сте горди штопофалниците Ви ги врачувам на свеченост во куќата на лауреатото Григор Прличев и великан чие дело е безвремско и со универзално значење.Дело кое било и вечно ќе е инспирација з амногу генерации охриѓани и македонци, постети Бакрачекси на гоелмината на Прличев.

Градоначалникот им врачи пофалници на Искра Андрееска  и  Дарјан  Ангелоски,  ученици од училиштето кое го носи името на големиот охридски и македонски поет Григор Прличев.
 
 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top