Ознака: систем

водомер

Студот кој го зафати Охрид предизвика дефекти во водоводниот систем

Post Views: 3 Студениот бран кој ја зафати Македонија, предизвика проблеми во одржување на водоводниот систем. Од ЈП Нискоградба велат дека најмногу проблеми имало во водоводниот систем во зградите бидејќи истите не биле соодветно изолирани. За да не дојде до дефекти и пукање на водоводни цевки, посебно во зградите кои не се постојано населени, ЈП Ниско Градба изврши исклучување на водоснабдување во истите.  „Го затвараме шиберот на улица, а потоа екипите од Р.Е „Проаква“ интеренираат во промена на водомери или пак го санираат дефектот во самата зграда“, вели директорот на ЈП Ниско...

Continue reading

Sv Naum

Дали конечно се најде решение за отпадните води на потегот Градиште-Св.Наум?

Post Views: 7 Отпадните води на потегот Градиште-Свети Наум ќе се пречистуваат во две пречистителни станици. Според физибилити студијата која ја изработија Хидро Енерго Инженеринг и Поинт про од Скопје, беа предложени 6 можни решенија од кои три се базираа на досегашниот систем на собирање и пречистување на водата. Поради специфичноста на подрачјето изработувачите на студијата гарантираат задолжително терцијарно прочистување на отпадните води. Според нив, водата која ќе биде испуштана во езерото по терцијарното пречистување, ќе биде со исклучително висок квалитет.„Заедно со Проаква...

Continue reading

turisticka

Булеварот „Јане Сандански“ затворен за сообраќај

Post Views: 1 Дел од Булеварот „Јане Сандански“ денес затворен за сообраќај. Хусеин Ќато, раководителот на секторот за изградба, одржување и реконструкција на канализациони системи во Јавното Претпријатие „Нискоградба“ од Охрид, во телефонски разговор не информира дека причина за затворање на дел од оваа сообраќајница е еден малку поголем хидро-технички зафат. Имено, станува збор за приклучување на новоизградениот станбен комплекс лоциран во близина на булеварот, на градскиот канализационен систем, како и санирање на постоечкиот проблем со атмосферските води на овој потег, објаснува...

Continue reading

old

Дали ќе се зголеми старосната граница за добивање на пензија?

Post Views: 6 Дали се одбројани деновите на македонскиот пензиски систем? Се погласни се обвинувањата за недостиг на средства за исплата на пензиите, а Владата и натаму ветува зголемување на нивниот износ и тоа ниту повеќе, ниту помалку туку за цели 22,5 % во наредните години. Колку се реални овие проекции е навистина тешко да се процени. Наспроти владините ветувања, експертите предвидуваат црни сценарија доколку се продолжи со зголемување на износот на пензиите. Тие велат дека постои веројатност да се примени непопуларната мерка на зголемување на старосната граница за добивање на...

Continue reading

dete

Дискриминацијата во македонските училишта сеуште проблем според ЕУ

Post Views: 13 Дали македонското образование е блиску или далеку од стандардите на Европската унија? Ова е прашање на кое барем индиректно треба да даде одговор Регионалната конференција за инклузивност во образованието. Заклучокот на конференцијата е дека сите земји имаат проблеми во својот образовен систем, но целта е сите земји да се стремат кон константно подобрување. Инклузивноста во образованието е еден од најсериозните проблеми со кои се соочува Република Македонија, но и земјите од Западен Балкан и Турција. Македонија е земја со статус за добивање датум за преговори за влез...

Continue reading

pravnici

Се менува улогата на судиите

Post Views: 2 Со новиот Закон за кривична постапка, судиите ќе станат неутрални арбитри на фактите, доказите и околностите на еден судски предмет. Од друга страна пак, ќе се зголемува надлежноста на Обвинителството и обвинителите. Со измените на Законот за кривична постапка, кои за повеќе од една година треба да стапат на сила, нивната улога значајно ќе се измени. Новиот правен систем ќе го презентира судијата, како неутрален во судницата, па така, повеќе нема да изгледа дека судијата е дел од тимот на обвинителството, велат експертите по право. Со овие промени на системот, судијата...

Continue reading

Petreski i merko

Се закопаа секирите околу доизградбата на колекторот

Post Views: 1 Градоначалниците на Охрид и Струга го направија незамисливото. Се сретнаа со министри од владата и имаа конструктивен разговор. Но не само тоа. На овој состанок со министрите за финансии, Ставрески и за транспорт и врски, Јанакиески постигнаа согласност околу доизградбата на колекторот. Владата со идеја средствата добиени од кредитот на Светска банка за изградба на нови канализации и водоводи да се пренаменат за колекторот. Ваквата идеја наиде на одобрување кај Петрески и Мерко. Според градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, прашањето на колекторот е едно од...

Continue reading

cekor po cekor

Претставници од КФВ банка, се интересираат за квалитетот на водата

Post Views: 9 Претставници од германската КФВ банка во посета на локалната. Гостите од Германија остварија средба со  со градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, претставниците на јавните претпријатија, МЈП Проаква, Хидробиолошкиот завод, Заводот за јавно здравје, и Одделението за заштита на животната средина при Локалната самоуправа. Целта на посетата на претставниците на КФВ банката која го кредитираше проектот за изградба на Колекторскиот систем за одведување и прочистување на отпадните води во охридско и струшко, беше да се информираат како истиот функционира. Гостите...

Continue reading

sidney

Учете во Австралија

Post Views: 2 Австралија е земја на неограничени можности во образованието. Стототици  училишта и колеџи и повеќе од 40 универзитети во Австралија и Нов Зеланд, минативе седум години се достапни за идните средношколци и студенти од земјава, благодарение на агенцијата „Бриџ Блу“. Тие преку своето претставништво од Скопје, нудат професионален сервис и услуга за образование и живеење во Австралија. Што се однесува до далечината, таа сега воопшто не претставува проблем, вели Сашо Грозданоски вработен во агенцијата. „Далечината мислам дека беше проблем кога ние студиравме, во деведеститте...

Continue reading

kej

Проект за дозавршување на колекторскиот систем

Post Views: 1 Се изготвува проект за заокружување на колекторскиот ситем од македонска страна. Претставници од ЈП од општините Охрид, Струга и Дебарца дискутираа за работната документација со која би се дозавршил колекторскиот систем од Градиште до Св Наум. „ Следен чекор е добро да се издефинира тендерската докуменатација, а кога ќе се дефинира тоа треба да се направи набавка и избере економски оператор кој ќе ја изготви физибилити студијата за одведување на отпадни води од потегот Градиште до комплексот Св. Наум и со тоа се заокружува колекторскиот систем на тој дел од езерото...

Continue reading

е-dnevnik

Електронскиот дневник се коси со Законот за заштита на личните податоци

Post Views: 2 Ова е ставот на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Дирекцијата во неколку свои инспекциски надзори дошла до сознание дека Електронскиот дневник бара поголем обем на лични податоци од потребното. Целта на воведувањето на Е-дневникот беше постигнување на поголема комуникација помеѓу наставниците и родителите. Електронскиот дневник е една од најинтересните новини кои Министерството за образование ги воведе во нашиот образовен систем. Но уште од самиот почеток овој амбициозен проект се соочи со серија проблеми, пред се од техничка природа. Сепак најголемиот проблем...

Continue reading

pushtanje vo upotreba

Готов системот на патеки

Post Views: 1 НП „Галичица“, со нов туристички производ, систем на патеки. Денес тој и официјално беше пуштен во употреба, а е во должина од 350 км. Овој систем околу година дена се обележувал и градел, вели првиот човек на паркот Зоран Ангелоски. Тој додава дека процесот на изградба не бил воопшто лесен бидејќи дел од информативните табли, патоказите и маркерите се поставувале на непристапни терени. Очекувањата на Ангелоски се дека во иднина новиот туристички производ, за Охридско преспанскиот регион ќе има голем допринос за развој на туризмот, а истиот бил изграден поради неколку...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top