Претставници од КФВ банка, се интересираат за квалитетот на водата

Претставници од германската КФВ банка во посета на локалната. Гостите од Германија остварија средба со  со градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, претставниците на јавните претпријатија, МЈП Проаква, Хидробиолошкиот завод, Заводот за јавно здравје, и Одделението за заштита на животната средина при Локалната самоуправа.

 |  Татјана Маленкова  | 
cekor po cekor
чекор по чекор

Претставници од германската КФВ банка во посета на локалната. Гостите од Германија остварија средба со  со градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, претставниците на јавните претпријатија, МЈП Проаква, Хидробиолошкиот завод, Заводот за јавно здравје, и Одделението за заштита на животната средина при Локалната самоуправа. Целта на посетата на претставниците на КФВ банката која го кредитираше проектот за изградба на Колекторскиот систем за одведување и прочистување на отпадните води во охридско и струшко, беше да се информираат како истиот функционира.

Гостите истакнаа дека во Охрид доаѓаат со цел да се информираат за работењето на колекторскиот систем. Тие додаваат дека сакаат да дознаат повеќе за идните планови кои ќе се превземат поврзани со овој проект, со кои на системот би се приклучиле и оние малку  места кои не се дел од него.

AjroДиректорот на Р.Е Колектор – Струга, Ваит Ајро ги информирање присутните дека колекторкиот систем функционира беспрекорно. „Ова го говорам од аспект на функционирањето на пумпните станици, кои во текот на минатата и оваа година  беа обновени  со нови мотори, проект кој се реализира  со помош на швајцарската влада. Останува уште станиците да се доопремат, односно да се постави ЏФМ систем за управување, кое би се вршело автоматски, со минимална употреба на човечки кадри“, истакна, Ајро. Директорот потенцираше дека проблемите со излевање на вода од шахтите се случува не поради неисправноста на колеторкиот систем, туку поради мешањето на дождовната со фекалната вода.

„Иако е проектирано за 180 до 250 милилитри во секунда за дел од Охрид кога ќе врне особено 30 минути до час непрекинато влегува енормна количина на дождовна вода. Тоа не е вода која треба да влегува во тој систем. Проблемот е во службите на локлната самоуправа“, вели директор на Р.Е Колектор, Ваит Ајро.

soatanokПретставниците од Хидробиолошкиот институт пред  претставниците од КФВ банката ја соопштија  моменталната состојба на водата во Охридското езеро, но и состојбата со т. н реки – загадувачи.

„ Реките се најголеми загадувачи. Има иницијатива да се пренесочи реката од овој дел каде сега се влива од страна на Градска плажа, но тоа не е коректно.  Никаде во светот реките не ги пренасочуваат. Со тоа загадувањето само би се префрлило на друга локација. Најпросто е да се стопира загадувањето, затоа што сите реки во делот на изворите се чисти. После населбите доаѓа до најризичните загадувања, поради испуштање на отпадни води“, вели претставникот од хидробилошкиот институт, Ленче Локоска.

Локоска ги поздрави акциите на локалната самоуправа со кои водите се чистеа од цврст отпад, но како што кажа „џабе се чисти, ако не се стопира загадувањето“.

Инаку извештајот кој претставниците од КФВ банката ќе го подготват по завршувањето на престојт во Охрид ќе биде испратен до менаџерскиот тим на банката и до надлежното министерство во Германија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top