Проект за дозавршување на колекторскиот систем

Се изготвува проект за заокружување на колекторскиот ситем од македонска страна. Претставници од ЈП од општините Охрид, Струга и Дебарца дискутираа за работната документација со која би се дозавршил колекторскиот систем од Градиште до Св Наум.

 |  Татјана Маленкова  | 
kej
kej

kolektorСе изготвува проект за заокружување на колекторскиот ситем од македонска страна. Претставници од ЈП од општините Охрид, Струга и Дебарца дискутираа за работната документација со која би се дозавршил колекторскиот систем од Градиште до Св Наум.

„ Следен чекор е добро да се издефинира тендерската докуменатација, а кога ќе се дефинира тоа треба да се направи набавка и избере економски оператор кој ќе ја изготви физибилити студијата за одведување на отпадни води од потегот Градиште до комплексот Св. Наум и со тоа се заокружува колекторскиот систем на тој дел од езерото и езерото бидејќи е под заштина на Унско има голем интерес оваа делница да биде завршена“, вели директор на центар за развој на југозападен плански регион, Мирјана Лозаноска.

LozanoskaЛозаноска додава дека треба да се побрза со завршните работи на докумнтацијата затоа што во моментов постојат реални шанси за пронаоѓање на средства за завршување на колекторскиот систем.

„ По мене доколку бидеме брзи и ефикасни во имплеметација на овој проект потребно е да постојат можности да се најдат средства и за реализација на тој потег бидејќи и во самиот просторен план на Р Македонија стојат тие работи така да има можности и да се исфинансира но треба до крај на годинава по можност да се заврши таа работа за да се аплицира и за средства за реализација, вели Лозаноска.

Директорката на центарот за развој на Југозападен плански регион додава дека со физибилити студијата се прават економски пресметки и во неа во принцип се нудат три варијанти преку кои се предвидува колку е цената за изведба, бидејќи се оди на трошок на граѓаните. Цената за завршување на колеторскиот ситем финално ќе се знае по комплетното завршување на  Физибилите студијата.

kolektorИнаку Примарниот колектор ги прифаќа отпадните води од секундарните канализациони системи од регионот и ги доведува до станицата за третман на отпадните води. Изградениот дел од примарниот колектор (источен, западен и магистрален) е со должина од околу 37 км.
Станицата за третман на отпадните води се наоѓа на околу 4 км од градот Струга (помеѓу селата Враништа и Ложани) и е изградена во периодот од 1985.-87 година, а со редовна функција започна во јуни 1988 година.

20 години од почетокот на изградбата на пречистителниот систем за третман на фекалните отпадни води околу Охридското езеро, во јули месец 2010 год. колектор доби и Пештани, кога со работа беа пуштени две пумпни станици кај Пештани и Елешец, со кои се опфати и овој крајбрежен дел со над две илјади домаќинства во колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро од загадување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top