Готов системот на патеки

Пуштена во употреба патеката во должина од 350 км. Ове е уште еден целосно реализиран проект на НП „Галичица“ во соработка со канцаларијата за интернационални водачи во планина и велосипедскиот клуб „Екодром“ од Охрид.

 |  Билјана Николоска  | 
pushtanje vo upotreba
пуштање во употреба

НП „Галичица“, со нов туристички производ, систем на патеки. Денес тој и официјално беше пуштен во употреба, а е во должина од 350 км. Овој систем околу година дена се обележувал и градел, вели првиот човек на паркот Зоран Ангелоски. Тој додава дека процесот на изградба не бил воопшто лесен бидејќи дел од информативните табли, патоказите и маркерите се поставувале на непристапни терени. Очекувањата на Ангелоски се дека во иднина новиот туристички производ, за Охридско преспанскиот регион ќе има голем допринос за развој на туризмот, а истиот бил изграден поради неколку цели.

GalicicaЗа комплетна изработка на теренските активности задолжени биле членовите на единиците за спасување во планина. Генералниот секретар на македонската асоцијација на интернационални водачи во планина, Антонио Додоски, вели дека за изградба на системот на патеки, година дена претходно се правеле стручни анализи, додека се дефинирало каде ќе се постават истите. Тој додава дека овој систем не е конечен и дека постои простор за доусовршување.

velosipedistiВрдееше да се чека системот на патеки, бидејќи напорната работа вроди со резултат, вели Александар Јованоски претседателот на велосипедскиот клуб „Екодром“. Тој додава дека секој охриѓанец треба да се гордее со она што го направи НП „Галичица“, бидејќи со системот на патеки во поглед на развој на алтернативниот туризам овој парк е единствениот во земјава кој доби трасирани и обележани патеки.

Двајца од вработените во паркот, веќе се готови за пристап на терен бидејќи ја имаат потребната обука за туристички водич со лиценца добиена од факултетот за туризам.

Но, она што е најважно е дека системот на патеки е функционален, практичен, безбеден и достапен за сите категории на посетители.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top