Учете во Австралија

Агенцијата „Бриџ Блу“преку своето претставништво од Скопје, нуди професионален сервис и услуга за образование и живеење во Австралија.

 |  Крсте Голабовски  | 
sidney
сиднеј

obrazovanie vo AvstralijaАвстралија е земја на неограничени можности во образованието. Стототици  училишта и колеџи и повеќе од 40 универзитети во Австралија и Нов Зеланд, минативе седум години се достапни за идните средношколци и студенти од земјава, благодарение на агенцијата „Бриџ Блу“. Тие преку своето претставништво од Скопје, нудат професионален сервис и услуга за образование и живеење во Австралија. Што се однесува до далечината, таа сега воопшто не претставува проблем, вели Сашо Грозданоски вработен во агенцијата.

Далечината мислам дека беше проблем кога ние студиравме, во деведеститте години. Сега со средствата за комуникации светот станува мал. Мислам каде и да сме комуникацијата со роднините ја имаме. А зошто Австралија, па оваа земја има најприлагодлив едукативен систем, најлесно може да се интегрира во тоа општество“, додава Грозданоски.

sasho grozdanoskiГрозданоски потенцира дека Австралија е земја која нуди и работна виза за секој студент. Значи студентите таму ќе може и да работат за време на периодот на едукација. Исто така таа е една од ретките земји од англиско говорно подрачје каде е и најефтино да се студира. Само за пример школарините таму се многу пониски, отколку во земјите од соседството, како во една Грција на пример. Интересот кај младите македонци е доста голем. Стотици млади момчиња и девојки од земјава се само капка во океанот оод 360.000 студенти кои годишно ги започнуваат своите студии таму, додава Грозданоски.

Има интерес и полека полека Австралија станува дестинација за студии. Некаде околу 260 момци и девојки кои студираат во Австралија се интегрирани убаво во тој систем. Квалитетно образование и можам да кажам дека Австралија за интернационалните студенти е една од земјите во кои никој никогаш нема да се почувствува како странец“, потенцира Грозданоски.

Освен изучувањето и усовршувањето на Англискиот јазик, најголем е интересот за изучување на телекомуникациите, потоа наставата која ја нудат машинските и електрофакултетите, градежништвото и мал дел кои го изучуваат сметководството, но најинтересни се техничките науки.Од „Бриџ Блу“ агенцијата, соработуваат со повеќе од 260 австралиски институции, а исто така систираат во текот на целиот процес, од аплицирање во училиште,колеџ или универзитет пополнување на формулари, па се до добивање на виза.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top