Дали ќе се зголеми старосната граница за добивање на пензија?

Ова прашање се повеќе ги мачи идните пензионери. Владата најавува дека ова нема да се случи, нo и дека износот на пензиите ќе биде зголемен во наредните години. Наспроти нив, експертите сметаат дека старосната граница мора да се зголеми за да се избегне колапс на пензискиот систем.

 |  Мишел Наумоски  | 
old
old

oldДали се одбројани деновите на македонскиот пензиски систем? Се погласни се обвинувањата за недостиг на средства за исплата на пензиите, а Владата и натаму ветува зголемување на нивниот износ и тоа ниту повеќе, ниту помалку туку за цели 22,5 % во наредните години. Колку се реални овие проекции е навистина тешко да се процени. Наспроти владините ветувања, експертите предвидуваат црни сценарија доколку се продолжи со зголемување на износот на пензиите. Тие велат дека постои веројатност да се примени непопуларната мерка на зголемување на старосната граница за добивање на пензија, нешто што во моментов се случува во повеќе земји, меѓу кои Романија, Германија, Грција, Словенија. Еве што мислат Охриѓани за можното зголемување на старосната граница од 64 на 67 за мажи и од 62 на 65 години за жени.

„Старосната граница треба да се намалува, а не да се зголемува, вакви мерки преземаат само млади, неискусни, зелени политичари кои не ја познаваат реалната состојба.“

„Колку што знам неколку земји веќе започнаа со примена на вакви мерки, ама тоа не треба да се направи и во Македонија, станува се потешко за младите да дојдат до пензија поради вакви предлози.“

Покрај мерката зголемување на старосната граница за добивање пензија, можни се и други сценарија. Меѓу другото се споменува и зголемување на стапката по која се плаќа пензискиот придонес. Но и покрај ваквите предупредувања од експертите, Владата не размислува ниту за едната, ниту за другата мерка. Минатата година анализите говореа за недостиг на дури 34% од сумата потребна за исплата на 280 илјади пензионери во земјава, а дефицитот се пополни од Буџетот на Република Македонија. Дали ќе успее пензискиот систем да се справи со проекциите на Владата и со натамошните преоптеретувања, или ќе се соочи со колапс, сега засега е само лична проценка, но едно е јасно, дека во било кое сценарио, пензионерите, сегашни или идни, нема да бидат задоволни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top