Ознака: село

Употребата на зборот „македонско“ не е забранета и ова не е причината за затворањето на комплексот „Македонско село“

Post Views: 2 Пишува: Ардит Рамадани Во еден предизборен процес кандидатите за разни државни позиции имаат тенденција да станат големи патриоти, до тој степен што почнуваат да судат и за „патриотизмот“ на противкандидатите само за да добијат политички поени на грб на популизмот кој го комбинираат со нездрав патриотизам. Па така, кандидатката за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во објава на „Фејсбук“ ја „обвинува“ претходната власт за затворањето на комплексот „Македонско село“, алудирајќи на Преспанскиот договор. Вакво нешто не стои во Преспанскиот договор, а ова не го тврди ни...

Continue reading

deponija

Се чисти депонијата во село Волино

Post Views: 13 По налог на Општина Дебарца, Јавното Комунално Претпријатие „Дебрца“ започна со акција за расчистување на дивите депонии во село Волино. Надлежните упатуваат апел до жителите од овој регион, да не фрлаат отпад на локацијата која е расчистена , посочувајќи дека во споротивно ќе бидат приморани да  преземат мерки за санкции на несовесните граѓани. {loadposition content9}

Continue reading

vevcani

Крвава ноќ во Вевчани

Post Views: 7 Крвава ноќ во Вевчани. Вевчанци се во шок и неверување по двојното убиство кое се случи синоќа во 21 часот и 30 мин. Крвавиот инцидент на летната бавча во кафеаната Пјаца каде што беше убиен сопственикот на угостителскиот објект Владо Попески на 43 годишна возраст и неговиот дваесет години помлад пријател Матеј Ѓурчески, вевчанци, со огорченост го коментираат. Тие и денеска сеуште не можат да си дојдат на себе после синоќешниот злостор.  „Цело село го потресе настанот, има двајца мртви и двајца ранети. Нашето село е мирно  и досега не се памети таков злочин.  Ова што...

Continue reading

Кривична пријава за албaнски државјанин кој крадел по цркви

Post Views: 3 ПС Струга поднесе кривична пријава против М.М.(24) од село Котодеш, Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“. Пријавениот, во периодот од први мај до осми јули 2014 година, извршил серија тешки кражби во црквите „Св.Петка“, „Св.Архангел Михаил“, и „Св.Недела“ во село Радожда, струшкото. Тој илегално ја преминувал македонско-албанската граница по што вршел обиколка низ населбата Радожда и во погоден момент  влегувал во црквите каде насилно и со физичка сила ги отворал влезните врати. влегувал внатре и одземал пари...

Continue reading

logo

„Фолк фест Спасовден“ по четврти пат

Post Views: 13 „Фолк фест Спасовден“ и оваа година ќе се одржи по 4 пат на 29 мај  на стадионот во село Лескоец. Оваа година концертот ќе биде поддржан од општина Охрид , а на ќе настапат 30 фолк изведувачи .Станува збор за  фестивал од ревијален карактер на кој се изведуваат и изворни народни песни акако и новокомпонирани со чист македонски мелос. Освен од Македонија и оваа година ќена фестивалот ќе настапат  изведувачи од Бугарија,Германија  Швајцарија и Србија .Од нашата земја ќе настапат Елена Велевска,Татијана Лазаревска,Сања Петковска,Тања Јовановска, Благојче Стојановски Туше,Ирена...

Continue reading

soobrakajka

Тешка сообраќајна несреќа кај струшкото село Велешта

Post Views: 1 Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што синоќа во 22 часот и 50 минути се случи на регионалниот пат Струга-Дебар кај селото Велешта. Ветон Ш. (19) од струшкото село Горно Татеши на лице место им под- легнал на повредите додека со телесни повреди се здобил сопатникот Б.А.(18) од истото село. Сообраќајната незгода се случила во момент кога сега починатиот управувајќи патничко моторно возило марка „Опел вектра“, поради неприлагодена брзина изгубил контрола и излетал најнапред на левата страна на коловозот, а откако го вратил возилото на коловоз...

Continue reading

logo

Тројно убиство во Злетово, сторителот во бегство

Post Views: 1 Тројно убиство изутринава се случи во најголемотo пробиштипско село Злетово. Убиени се двајца повозрасни мажи и една жена, пренесува „Утрински весник“. Откако го извршил страотниот злочин убиецот, за кој во селото кружат гласови дека бил платен војник, побегнал во непозната насока и по него трагаат силни полициски сили зашто се смета дека тој е наоружан. На лице место излегоа истражен судија и јавен обвинител. Од СВР Штип го потврдуваат убиството, но информираат дека се трага по убиецот. Од полицијата не сакаат да го откријат неговиот идентитет. Повеќе детали полицијата...

Continue reading

droga

Двајца стружани вмешани во меѓународен нарко канал

Post Views: 1 Вчера, (07.04.) Министерството за внатрешни работи реализираше уште еден случај на недозволена трговија со дрога при што е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога од Р.Албанија до Р.Македонија, а притоа запленети се 135,5 килограми марихуана и пет килограми хашиш и од слобода се лишени три лица, македонски државјани. Имено вчера во 03,15 часот по претходно поставена заседа од страна на полициски службеници во близина на ГК бр.54/2 во зелениот појас на граничната линија со Р.Грција, во близина на ГП Богородица лишени од слобода се лицата Ѓ.П. (47) и Г.Г. (49), двајцата...

Continue reading

Се санира зградата на подрачното училиште во село Требеништа

Post Views: 2 Во завршна фаза се работите за адаптација и санација на зградата на Подрачното училиште во село Требеништа, соопшти градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески. „Се адаптира просторијата за котлара за централно греење на училиштето и се решава проблемот со континуираната влага во училиштето, проблем кој поранешните локални власти на неколку пати го решаваа, но поради пропусти при изведбата не го решија. За таа цел, од источната страна на училиштето повторно се поставува дренажа, со поставување перфорирана цевка, гранулиран дробен камен и бетонирање под цевката“...

Continue reading

Забрана за користење на водата од водоснабдителниот систем во село Долно Лакочереј

Post Views: 8 Агенцијата за храна и ветеринарство на Р. Македонија, донесе решение со кои се забранува користење на водата од водоснабдителниот систем во село Долно Лакочереј, соопштија од Меѓуопштинското Јавно Претпријатие „Водовод – Проаква“. Од агенцијата велат дека забраната ќе трае се додека од страна на МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид, кое стопанисува со овој водовод од јануари 2019 година, не се пристапи кон обезбедување исправна вода за пиење за што јавноста ќе биде повторно информирана, велат од МЈП Проаква.

Continue reading

bebe

5000 денари за првото новороденче во Општина Дебрца годинава

Post Views: 2 Новороденчето е девојче Славица Мувческа од село Требеништа, која се роди на 01 февруари годинава. Согласно програмата, како општина Охрид, така и општина Дебарца доделува по 5000 денари финансиска помош за секое новороденче. Стојче и Маријана Мувчески се родителите на малечката Славица , кои добија парична помош од општината во вредност од 5000 денари. {loadposition content9}

Continue reading

Општина Дебрца работи на донесување на урбанистички планови за село

Post Views: 4 Секторот за урбанизам при општина Дебрца работи на забрзување на постапките за изготвување на урбанистичка планска документација за населени места. Градоначалникот Зоран Ногачески вели, свесни се дека без урбанистички планови нема забрзан локален економски развој посакуван и од жителите , но и од политичарите кои тоа го ветуваа во предизборните програми. Кочница за просперитетот на општината се бавните постапки за урбанизација кој се заглавени во лавиринтите на министерството за транспорт и врски. Сега се бара забрзување на започнатите процеси од пред 3-4 години затоа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top