Ознака: село

Реконструирана е централната зграда на ОУ Ванчо Николески во село Лескоец

Post Views: 9 Основците од Ванчо Николески од село Лескоец добија подобри училишни услови. Со рекострукцијата на централната зграда се интервенираше во градежни зафати за санација на работните простории и училишните тоалети, информира Елена Ел Нади, директор  на ОУ Ванчо Николески. „Најгорлив проблем беа санитарните јазли и се насочивме кон решавање на тој проблем. Целосно реконструирани беа канализационата мрежа, поставување на нови плочки и санитарни елементи. Се обработија и ѕидовите во училниците, се гипсираа таваните, се освежи и ламперијата, а и холот доби ново осветлување....

Continue reading

Крцоски : Дебрца ќе биде пријатно место за живеење и нема да има миграција село-град

Post Views: 2 Дебрца е дом на нашите деца и на нашите предци. Факт е дека се соочуваме со одлив на жители кои мигрираат од село кон град поради што потребни се мудри и стратешки одлуки со кои на граѓаните ќе им ги понудиме истите удобства што би ги имале во градот надополнети со природните убавини кои ги нуди Дебрца, вели Игор Крцоски, кандидат за градоначалник на Дебрца од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Во соработка со месните одбори, ги собравме на едно место сите проблеми и можни решенија и врз основа на нив изградивме приоритетна листа на проекти при што акцент...

Continue reading

Пријавено исчезнато девојче од струшко Корошишта

Post Views: 4 Во Полициската станица во Струга од страна на 38- годишно лице од струшкото село Корошишта, викендов било пријавено дека на 17- ти април, во 6.30 часот, од непознати причини од дома се оддалечила неговата малолетна ќерка. Од министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. {loadposition content9}

Continue reading

Кривични пријави за двајца „октишани“ што краделе дрва

Post Views: 2 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.Ц.(57) од струшкото село Октиси. Во пријавата, во врска со казненото дело „помагање“опфатено е и лицето С.С. (21) од истото село. Во вечерните часови на деветти овој месец во селото Октиси, двајцата пријавени се затекнати со мини трактор при нелегален транспорт на 1,89 м3 огревно дабово дрво. Првопријавениот Е.Ц. неовластено извршил сеча  на 1,89 м3 дрва од шумски терен во подрачјето на селото Октиси а потоа ги одзел и транпортирал до...

Continue reading

logo

Нема алкохол за австралиските олимпијци

Post Views: 2 Олимпискиот комитет на Австралија (АОК) денеска донесе одлука да им забрани на спортистите кои ќе ја претставуваат оваа земја на ЗОИ во Сочи, консумирање алкохол за време на нивниот престој во Олимпиското село. Во соопштението од АОК се наведува дека олимпијците ќе можат да се напијат само по една до две чашки надвор од Олипиското село и при тоа ќе мора да внимаваат на нивното одговорно однесување. – Со оваа одлука сакаме Австралија да се претстави достоинствено на Игрите во Сочи, изјави Јан Честерман кој ќе ја предводи австралиската делегација на Олимпијадата...

Continue reading

arhitekti struga

Млади архитекти од цела Европа ќе работат на нов изглед на градскиот плоштад во Струга

Post Views: 1 Нов архитектонски изглед на градот на мостовите, соседна Струга. Петнаесетина млади студенти по архитектура, архитекти и дизајнери во наредните дваесет дена ќе работат на осмислување на нови урбани решенија за градскиот плоштад и воопшто централното градско подрачје во Струга. Според студентот од Техничкиот универзитет во Виена, Гоце Чавкоски, една од главните цели на проектот „Градот кој никогаш не спие“ е да се дојде до архитектонско решение со кое сите граѓани ќе се задоволни и во чие создавање сите граѓани ќе учествуваат. „Треба да придонесеме и да дадеме еден поинаков...

Continue reading

vevcani

Зимско село и ски центар на Јабланица во Вевчани

Post Views: 1 Зимско село и ски центар на планината Јабланица ќе никне во месноста викана „Јанков Камен“ во Вевчани.  Градоначалникот Цветомир Угриноски годинава очекува Владата на Р Македонија да даде зелено светло за изработка на мастер план за ски центарот кој го изработува француска фирма. Како што нагласи Угриноски, физибилити студијата покажала одлична подлога изградба на преку 30 скијачки патеки на само 3,5 километри од селото каде ќе можат да скијат околу 4 500 луѓе. „Поволно е што таму има езеро и многу извори така да и кога нема снег во мај и октомври може да се прави вештачки...

Continue reading

spasena zena strusko

Премрзната жена извлечена од плевна во струшкото село Заграчани

Post Views: 8 Студот почна да го зема данокот. Во Заграчани струшко, во една плевна денес била пронајдена премрзната жена. Таа три дена останала без струја, огрев и храна. До неа случајно дошол медицинскиот тим на струшката брза помош. Директорот Марко Стрезоски вели дека веднаш интервенирале, на жената и дале храна и облека и ја префрлиле во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, Охрид. Дежурниот доктор Огнен Шешоски рече дека пациентката треба да биде под постојан медицински надзор бидејќи подолго време била во хипотермија. „Пациентката ја примивме во стабилна...

Continue reading

zaveani

Спaсени трите лица кои беа завеани во Ржаново

Post Views: 13 Спасени три лица завеани во струшкот село Ржаново. 15 годишниот Цветан, татко му Горан и  неговиот стрико Тоде Кузманоски во претпладневните часови беа извлечени од завеаното село со интервенција  на хеликоптерската служба на МВР.  Кузманоски од неделата беа во селото и не можеле  да се пробијат до Струга од високите снежни наноси, а операцијата за извлекувањето била успешна.   „Струја нема 3-4 дена , телефоните ни се испразнија, не можевме да контактираме. Метро и нешто има снег, движењето е ограничено само околу куќа , тоа што беше за јадење се изеде“, изјави Горан...

Continue reading

Претсрелка во струшко Велешта

Post Views: 3 Едно лице е повредено од огнено оружје ноќеска во струшкото село Велешта. А.С. (36) е тешко повреден откако кон него, засега непознато лице пукало со огнено оружје. Настанот се случил неколку минути по полнок пред домот на сега повредениот кога тој излегол од своето патничко моторно возило марка Мерцедес. Во моментот, од патничко моторно возило марка „Ровер“ паркирано во близина на неговата куќа, излегле две лица од кои, едно од нив испукало повеќе куршуми кон А.С. по што веднаш избегале. А.С. итно е пренесен во општата болница во Струга каде се констатирани повеќе...

Continue reading

Igor Trajkoski

Наскоро повеќенаменско спортско игралиште во село Оровник

Post Views: 1 Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски беше во посета на село Оровник каде се изведуваат градежни работи за изградба на повеќенаменско спортско игралиште во дворот на основното училиште во селото. Изведувач на работите е АД ,,Илинден,, Струга. Исто така се планира и  изградба на асвалтен полигон заграден со метална конструкција и мрежа. Во тек е првата фаза од изградбата асвалтирање на полигонот. {loadposition content9}

Continue reading

Живописното планиско село Горно Коњско е без водовод

Post Views: 12 Селото Горно Коњско има 30 постојани жители кои со вода за пиење се снабдуваат од бунари кои ги има скоро секое домаќинство. Со климатските промени во месеците јули, август и октомври кога има сушен период бунарите многу често остануваат без вода. Жителите се бават со земјоделство и сточарство, а во последните години се развива и етно туризмот. Селцето е на само десетина километри од Охрид, а на 4 км од хотел Метропол на западната страна од планината Галичица. Ова живописно планинско селце на 1050 метри надморска висина плени со прекрасната околина и видикот кон Охридското...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top