Ознака: село

Ќе се реконструира задружниот дом во село Требеништа

Post Views: 15 На седницата одржана на ден 14.12.2021 година Владата ја донесе одлуката за доделување на средства за финансирање на проекти на планските региони. Со одлуката во рамките на проектот: “ Подобрена енергетска ефикасност во јавните објекти во Југозападниот плански регион” одобрени се 3.500.000 денари за подпроектот: “Реконструкција на Задружниот дом во село Требеништа / втора фаза”. Со одобрените средства целосно ќе биде завршена реконструкцијата на објектот  ( приземје и кат и внатрешен и надворешен дел ), без големата сала.По реконструкцијата приземјето ќе се користи...

Continue reading

Возило се запалило во движење во струшкото село Селци

Post Views: 0 На 12.01.2022 во ОВР Струга е пријавено дека во атарот на струшкото село Селци настанал пожар во патничко возило во движење „Лада”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ч.(44) од селото Нерези. Пожарот, во кој нема повредени лица, е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Струга. Увид извршија полициски екипи – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Ќе се реконструира патот до село Подгорци

Post Views: 0 Потпишан е договор помеѓу Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој и Општина Струга, како носител на проектот. Станува збор за проектот – реконструкција на патот до село Подгорци. –За овој проект се издвоени средства во износ од 6.000.000,00 денари од Бирото за регионален развој како и средства од Буџетот на Општина Струга во износ од 3.000.000,00 денари.-информираат од Општина Струга. Огласот за тендер е во тек.

Continue reading

Утврден редоследот на единствената листа на кандидати за Градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар

Post Views: 9 Денес во седиштето на Државната изборна комисија се одржа јавна седница на која со ждрепка се утврди редоследот на единствената листа на кандидати за Градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар. Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од редовите на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, г-н Михаил Трендафилов-Нанче, на претстојните локални избори ќе влезе во трката за довербата на охриѓани со бројот 4. Покрај Трендафилов во трката за градоначалник на Охрид уште се и Митре Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ за кој граѓаните ќе може да гласаат заокружувајќи го бројот 5 како...

Continue reading

Нов планинарски дом во село Брежани, Општина Дебрца

Post Views: 4 Реконструкцијата на старата училишна зграда во с. Брежани, Општина Дебрца се ближи кон својот крај. Општина Дебрца ќе добие современ планинарски дом, со капацитет од 20 легла. Оваа активност се реализира во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од Европската Унија и Министерството за локална самоуправа, преку програмата за прекугранична соработка со Албанија. Реализатори на проектот се Црвен крст Охрид, Алпинистички клуб ПАТАГОНИЈА Охрид, Општина Дебрца и Општина Грамш од Албанија. Градежните активности се одвиваа во...

Continue reading

Исчистени дивите депонии во село Белчишта

Post Views: 5 Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, информира дека се исчистени дивите депонии во месноста “Селиште”, кај црквите “Св.Василиј”, “Св.Јован” и “Св.Атанасије”, село Белчишта. На просторот дополнително ќе бидат поставени информативни табли .Од локалната со апел до граѓаните да се воздржат од депонирање на отпад.Против сите прекршители ќе бидат преземени со закон предвидени мерки и санкции.

Continue reading

kal

Селото Подмолје поделено на два дела

Post Views: 3 Едниот со асфалтирани улици и тротоари, а останатиот каллив и без канализација. Жителите велат- градоначалниците не посетуваат само пред избори. 60 домаќинства од селото Подмолје живеат во населба која не била опфатена со минатогодишното комунално  уредување. За разлика од останатиот во овој дел од селото,  улиците се неасфалтирани и калливии. Иако поставен, се уште не функционира ниту канализациониот систем. Според жителите, причина е што надлежните веќе неколку години не ги довршиле преостанатите 200 метри од системот. „Направено е пола асфалт, канализација направија,...

Continue reading

Снежни лудории во охридското село Куратица

Post Views: 5 Снегот донесе радост во охридско Куратица.  Утре и задутре после долги години повторно ќе се организираат снежните зимски лудории. На наврнатите педесет сантиметри снег во атарот на селото ќе има деноноќно санкање, скијање, возење со моторни санки. Патиштата до селото се проодни ,покрај жителите на Куратица и околните села се оечкуваат и гости од Охрид. „Снегот ни донесе позитивни реакции, така да после осум години еве  органзиираме една снежна авантура на една полјана ќе  има лизгање, скијање со сите реквизити, санки, вреќиња со слама, гуми скии тоа е една забава која...

Continue reading

Санација на внатрешниот дел од старата училишна зграда во село Песочани

Post Views: 5 Во село Песочани во завршна фаза е санацијата на внатрешниот дел од старата училишна зграда. Се изврши замена на старите прозори и врати со ПВЦ столарија, малтерисување на оштетените делови од внатрешните ѕидови, молерисување, поставување на ламинат, електрична инсталација, санација на влезна скала. Од локалната самоуправа информираат дека вкупната вредност на работите изнесува 303.897,00 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2021 година. Санираниот објект наскоро ќе може да се користи за потребите на локалната заедница.

Continue reading

ПОПЛОЧЕНА ПЕШАЧКА ПАТЕКА ВО СЕЛО ЗАВОЈ

Post Views: 15 Како дел од програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на Општина Охрид, деновиве беа реализирани активности за уредување на пешачка патека во селото Завој, во непосредна близина на црквата. Пешачката патека е поплочена со 450 м2 бехатон плочки и поставени се соодветни рабници. По налог на локалната самоуправа, работните активности ги изведуваа екипите на ЈП „Градски гробишта“. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид беа издвоени 600.000 денари.

Continue reading

Завршена првата фаза од реконструкцијата на задружниот дом во село Требеништа, Општина Дебрца

Post Views: 4 Завршена првата фаза од реконструкцијата на Задружниот дом во село Требеништа и негова преадаптација во деловно- откупен и археолошко -изложбен центар. Во оваа фаза се изврши реконструкција на кровната конструкција, зајакнување на меѓукатната конструкција, поставување на нова дограма, изменување на распоредот во внатрешноста, таванската конструкција во приземјето, поставување на електричната инсталација и поврзувањето на водоводната мрежа и одведувањето на отпадните води, информира на својот фејсбук профил градоначалникот Зоран Ногачески. Вкупната вредност на работите...

Continue reading

ПАРТЕРНО СЕ УРЕДУВА ПРОСТОРОТ ОКОЛУ ИЗВОРИТЕ “ДОЛНИ ИСТОК” ВО СЕЛО ВЕЛМЕЈ

Post Views: 10 Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски беше во работна посета во село Велмеј каде што започнаа активностите за реализација на проектот за партерно уредување со поставување на урбана опрема на јавниот простор пред изворите “Долни Исток” во село Велмеј. Со проектот предвидено е изградба на паркинг простор, поплочување на пешачки патеки, уредување на просторот пред старата воденица, озеленување на просторот, поставување на клупи и канти за отпадоци и осветлување на просторот. – Со проектот за партерно уредување се задоволуваат потребите од озеленување на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top