Тешка сообраќајна несреќа кај струшкото село Велешта

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што синоќа во 22 часот и 50 минути се случи на регионалниот пат Струга-Дебар кај селото Велешта.

 |  Голабовски Крсте  | 
soobrakajka
сообраќајка

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што синоќа во 22 часот и 50 минути се случи на регионалниот пат Струга-Дебар кај селото Велешта.

полициска станицаВетон Ш. (19) од струшкото село Горно Татеши на лице место им под- легнал на повредите додека со телесни повреди се здобил сопатникот Б.А.(18) од истото село.

Сообраќајната незгода се случила во момент кога сега починатиот управувајќи патничко моторно возило марка „Опел вектра“, поради неприлагодена брзина изгубил контрола и излетал најнапред на левата страна на коловозот, а откако го вратил возилото на коловоз повторно излетал на десната страна удирајќи во бетонски електричен столб.

На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Струга како и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Струга.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top