Ознака: село

Жителите на Лакочереј најавуваат протести откако „Лев Тахор“ се сместија во нивното село

Post Views: 0 Членовите на еврејската религиозна група „Лев Тахор“, кои претходно престојуваа во Куманово и Скопје од вчера се во охридското село Лакочереј, тврдат мештаните. Според нив групата од 38 членови, повеќето од нив малолетни лица, е сместена во еден хотел. Вознемирени и уплашени за безбедноста жителите на селото излегоа на улица со барање да се исели групата поради тоа што се плашеле за нивната безбедност. Доколку не се случи тоа најавуваат протести. Цело село е вознемирено. За првпат во мојот живот јас го гледам селото толку вознемирено и уплашено. Бараме начин како групата...

Continue reading

oznaka

Сончоглед за туризам на село

Post Views: 1 Ознака „сончоглед“ ќе добијат сите регистрирани селски домаќинства од руралните средини кои нудат услуги на подготувување храна и услуги на сместување за туристите. Странските туристи нашата земја ја доживуваат како егзотична дестинација која нуди природни убавини, традиција и културно-историско наследство во комбинација со вкусна традиционална кујна и топлото гостопримство. Ова го препознаваат голем број туристички работници кои се повеќе нудат пакети со еко и планински туризам, вински, рурален туризам. Селските домаќинства во руралните средини од крајот на минатата...

Continue reading

Sv Atanasija Lukovo

Црквите лесен плен за крадците

Post Views: 0 Преку ноќ исчезнува македонското културно наследство. Синоќа во струшкото село Луково се случила тешка кражба. Украдена е 21 икона, од црквата „Св. Атанасија“. Станува збор за едни од најстарите и највредните икони на оваа црква. Славе Богданоски, долгогодишен служител во овој свет храм вели дека кражбите нагло почнале да се случуваат со отварањето на меѓуграничниот премин со Р. Албанија. Во корист на крадците било и неработењето на полициската станица во селото, па Богданоски порачува истата повторно да отпочне со работа како би се зголемила безбедноста во селото.Увид...

Continue reading

Започна првата организирана планинарска тура, од село Лактиње до славната Славеј Планина

Post Views: 17 Група вљубеници во природата и планината ја започнаа првата организирана планинарска тура, по новообележаната планинска патека од село Лактиње до славната Славеј Планина, во должина од околу 7 км. Учесниците се надеваат дека ова ќе биде почеток на уште една убава традиција, која ќе биде помогната и од општина Дебрца. Дебрца е природно предодредена за рекреативен планинарски туризам и нашата заложба е тоа максимално да го промовираме и искористиме.

Continue reading

Жители на село Велмеј нападнале полицаец

Post Views: 1 Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и „напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против С.П.(24) И.П.(22) и И.С.(22) сите од охридското село Велмеј. На 19-ти овој месец, тројцата пријавени извршиле физички напад врз полициски службеник од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Настанот се случил во 04 часот и 10 минути на булеварот „Туристичка“ во Охрид, каде сообраќајната полиција извршувала плански...

Continue reading

misleshevo

Ќе добие ли Мислешево нови патишта?

Post Views: 20 Конечно ќе се санира сообраќајната инфраструктура во село Мислешево. После повеќе од пет години чекање, жителите на ова село ќе добијат подобра патна инфраструктура. Првиот човек на Струга, градоначалникот Рамиз Мерко, уверува дека работите ќе започнат во наредните два месеци. Ќе завршат ли маките на жителите од Мислешево? Ке го почуствуваат ли тие конечно оваа есен мирисот на новиот асфалт? Жителите од ова село, години наназат се справуваат со бројни проблеми кои се однесуваат на сообраќајната инфраструктура. Улиците од ова село повеќе години се во катастрофална состојба,...

Continue reading

мечка

Мечка масакрирала стадо овци во село Рамне

Post Views: 4 Убиени се шеснаесет овци и едно куче, а се претпоставува дека истото животно уништило и неколку сандаци со пчели во месноста Видобишта. Пред десетина дена во селото Рамне, мечка нападнала стадо овци, при што се убиени 16 овци и едно куче. Љубе Недески, сопственикот на стадото вели дека за време на нападот мечката била многу разлутена и буквално носела се пред себе. Жителите велат дека станува збор за големо животно кое е забележано на неколку локации во селото и тоа преку ден, што значи дека таа не се плаши и доаѓа по храна. Претседателот на Месната заедница Ристе...

Continue reading

deca

Закочија работите околу отварањето на паралелката на градинката „Јасна Ристеска“ во село Пештани

Post Views: 1   Закочија работите околу отварањето на истурената паралелка на градинката „Јасна Ристеска“ во село Пештани која требаше да профункционира уште зимава. Парите кои беа добиени од УНИЦЕФ за оваа намена не се доволни, објаснува директорката на градинката, Роза Костеска. Објаснува дека поголемиот дел од нив биле инвестирани за отварање на паралелката во населбата Радојца Ниовичиќ. Но и Пештани ќе ја добие ветената паралелка, вели директорката. Преку ТЛЕР аплициравме до бугарскиот конзулат. Доставен е проектот и целокупната документација. Се надеваме дека набрзо ќе ни одговорат...

Continue reading

prestapnik

Фатен кичевчанецот кој оперирал во Слатино

Post Views: 2 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(52) од кичевското село Туин. Во пријавата опфатени се уште едно, засега непознато лице за чие пронаоѓање се преземаат дополнителни мерки и Д.А.(40) од селото Долно Страгомиште-кичевско, за сторено казнено дело „помагање“. Него одредена му е мерка притвор во траење до осум дена. На 21 овој месец околу 23 часот, тројцата пријавени, во казино во Кичево направиле договор да одат во охридското село Слатино и да извршат кражба. Притоа првопријавениот А.А....

Continue reading

svr

Фатен коселчанец кој лажно пријавил кражба

Post Views: 9 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „лажно пријавување кривично дело“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Т. (53) од охридското село Косел.   На шести овој месец, пријавениот во СВР Охрид пријавил кривично дело „тешка кражба“ извршена во неговиот дом во селото Косел кога, според неговото кажување биле одземени 10000 евра и постелнина. Според пријавителот, кражбата била извршена истиот ден околу 15 часот и 30 минути кога при доаѓање од работа забележал дека дворната врата и катинарот биле скршени а влезната врата од куќата била насилно...

Continue reading

moskopole

Туризам по мерка на гостите во Москополе

Post Views: 1 Али Маноку од албанското село Москополе, вели дека животото го научил на две лекции, да работиш повеќе или да го преспиеш животот. Тој во далечната 2004 година зедно со сопругата и неговиот син отпочнале бизнис.  Маноку вели, дека Москополе е единственото село во Албанија кое нуди различни можности на алтернативниот туризам, посебно поради големите културно историски вредности и големиот број на цркви. За менаџмент за успешен бизнис не треба школо, туку чуство кој бизнис може да биде профитабилен, додава тој. Па така денес Москополе или како што го нарекуваат Влашкиот...

Continue reading

zaum

Се гради и во Заум

Post Views: 2 Манастирскиот конак кај црквата Света Богородица Заумска во близина на охридското село Трпејца издигнат на ниво на карабина. До редакцијата на телевизија ТВМ пристигна фотографија на која се гледа како напредуваат градежните работи. Граѓаните бараат информации што точно и за какви потреби се гради на просторот веднаш до црквата  која претставува едно од најзначајните заштитени споменички добра во Македонија. Од Заводот за заштита на спомениците и музеј од Охрид велат дека идејниот проект за конакот кој се гради го изработиле на иницијатива на Дебарско-кичевската епархија....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top