Ознака: село

Наскоро ќе засвети новиот крст кај село Требеништа

Post Views: 3 Деновиве монтерската екипа ангажирана од општина Дебрца работеше на поставувањето на електричниот кабел за обезбедување на електрична енергија до местноста „Св.Варвара”,село Требеништа, каде е поставено православното обележје-крст. Општина Дебрца ги помогна активностите на Црковниот одбор од село Требеништа за изградба на крстот и обезбеди донација од седум бандери, околу 650 метри електричен кабел и вандерми.

Continue reading

strnishte

Пожар во близина на охридското село Лактиње

Post Views: 0 Избувна пожар во близина на охридското село Лактиње, во Општина Дебрца. Од Противпожарната територијална единица од Охрид не информираа дека станува збор активен пожар, најверојатно предизвикан од палење на стрништа во овој реон. Од противпожарната единица додаваат дека две возила веќе се упатени кон локацијата, а се преземаат сите мерки за негово локализирање. Палењето стрништата се казнува со шест до осум илјади евра за правни и 1,5 до три илјади за физички лица, информираат  од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. {loadposition content9}

Continue reading

пат

За десетина дена жителите на селата Сирула и Вапила ќе се поврзат со асфалтен пат

Post Views: 6 Селата Сирула и Вапила ќе се поврзат со асфалтен пат. Тој речиси целосно е тампониран, а се очекува асфалтирањето да започне идната недела.Проектот опфаќа реконструкција во должина од 1 700 метри и изработка на нов пат во должина од 2 700 метри.Рокот на изведба на работите ќе биде два месеци. Овој проект и проектот за асфалтирање на улиците во село Косел се дел од програмата на Локалната самоуправа за развој на руралните средини. Вкупната вредност на двата проекти изнесува 23 милиони и 500 илјади денари.Надвор од овој проект ќе биде интервенирано и на санирање на ударните...

Continue reading

svr-ohrid

Тешка кражба во црква во охридско

Post Views: 2 Црквата „Св.Климент Охридски“ во охридското село Климештани  мета на засега непознат сторител, кој според кажување на член на црковниот одбор извршил тешка кражба и однел односно против-правно присвоил седум икони, еден сребрен крст и 600 денари. Тешката кражба во црквата е извршена во периодот од 17 часот на ден 28-ми  февруари до втори март оваа година. Во црквата „Св.Климент Охридски“ во селото Климештани влезено е откако претходно насилно и со подесен алат скршени се двата цилиндри од бравите на влезната врата и помошната просторија. Сторителот, потоа се упатил...

Continue reading

Започна санацијата на дел од старата училишна зграда во село Слатино

Post Views: 4 Активностите се однесуваат на санација на кровната конструкција, три простории во објектот, надворешната врата и прозорци и предната надворешна фасада. Една од внатрешните простории и во иднина ќе се користи за потребите на примарната здравствена заштита, а во другата просторија ќе биде отворена спомен соба во чест на нашиот сограѓанин, Игор Костески, македонски бранител, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ при АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Оваа година, на 28 април се навршуваат 20 години од страшната погибија, кога кај...

Continue reading

logo

Решен проблемот во подрачното училиште во село Рача

Post Views: 8 Проблемот со недостиг на одделенски наставник во подрачното училиште “Григор Прличев“ во село Рача е надминат и решен согласно сите законски прописи и норми. Од 1-ви февруари годинава по претходно добиена согласност од Министерството за образование, со работа почна одделенски  наставник за учениците од прво одделение. Со тоа се надмина потребата од комбинирана паралелка во ова подрачно училиште. Проблемот  беше создаден во учебната 2012/2013 година, кога е формирана една паралелка повеќе, без притоа да се запазат законските норми и принципите за функционирање на образовниот...

Continue reading

Започна изведба на индивидуални приклучоци на канализационата мрежа во село Волино

Post Views: 1 Се изведуваат приклучоци за секое домаќинство, од приклучната шахта до излез од трупот на улиците во селото. Работите ќе се одвиваат во наредните два месеци. Во наредната фаза секое домаќинство ќе може да се приклучи на канализационата мрежа. Од Општина Дебрца со апелдо граѓаните да соработуваат со економскиот оператор “Маркоски К73” Дооел Струга, кој ги врши градежните активности, а во поглед на точките на поврзување на нивните објекти и максимално да се придржуваат кон нововоспоставената сообраќајна сигнализација за одвивање на сообраќајот по улиците по кои се изведуваат...

Continue reading

karneval

Василичарите од Вевчани продефилираа низ сред село носејќи интересни маски

Post Views: 3 Почна традиционалниот Вевчански карневал. Повеќе од 1000  василичари продефилираа низ сред село носејќи интересни маски.  И овој пат карневалските маски беа инспирани од личности и настани кои ја одбележаа 2013 година. На карневалот беше присутен и Субрата Рој со својата тајфа, но секако само како маска. Имаше и други бројни интересни маски. Манифестацијата започна пред два дена, а кулминацијата на прославувањето се очекува вечерва.  Вевчани кое живее за оваа традиција која има долги корени привлече бројни домашни и странски туристи кои беа пријатно изнендаени од карневалската...

Continue reading

crkva Recica

Село Речица-вистински рај за туристи ама без никаква инфраструктура

Post Views: 3 Денес е голема слава во охридското планинско село Речица. Се слават светите Врачи Кузман и Дамјан. По малото, тесно патче кое води до селото, денес поминуваат многу автомобили, автомобили со кои назад, во родното место, па макар и на еден ден се враќаат сите речани кои некогаш го напуштиле селото во потрага по некој подобар живот. Црквата свети Врачи Кузман и Дамјан, денес ги прима сите верници.  Малечка, но бескрајно живописна, а денес особено полна со живост. Овој празник, оваа селска слава е единствениот ден во годината кога Речица барем за момент добива дел од поранешниот...

Continue reading

plastenik

Гордана Ристоска од Орман успешен пример на рурална жена

Post Views: 14 Гордана Ристоска, машински инжинер, сопруга и мајка на два сина, секојдневно работи во сопствената леарница и алатница за производство на пластични делови. Ристовска, исто така со голема посветеност произведува и здрава еколошка храна во селото Орман.  Успешно ги усогласува двете дејности и во приватниот бизнис и во градинарското производство. Има пластеници во кои одгледува разновидни градинарски култури, а се грижи и за мини живинарска фарма. Ристоска прави паралела која е предноста од животот  на село.„ Кој има земја добро е да произведува прво за себе, затоа што...

Continue reading

gradinka

Свечено отварање на градинка во Лескоец

Post Views: 4 Во село Лескоец Охрид денес беа пуштени во употреба новите простории за згрижување на деца од предучилишна возраст. Лентата ја пресекоа Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и директорката на градинката Розе Костеска. Ресорниот министер Спасов истакна дека со отварањето на новите простории во Лескоец се зголемува капацитетот за сместување на плус 40 деца од предучилишна возраст во општина Охрид, што според него навистина е за пофалба. „Градоначалникот на општина Охрид и сите вработени во општината, како и советниците...

Continue reading

Kuratica

Курајчани конечно ќе бидат снабдени со доволни количини вода

Post Views: 8 Се реконструира и рехабилитира постојниот каптажен систем во село Куратица. Проектот е на Секторот за туризам и локален економски развој, а средствата се обезбедени со грант од германската амбасада во Република Македонија. Жителите на ова охридско село последниве години, се насочени кон развој на руралниот туризам. Снабденоста со вода, кој е еден од основните услови за развој, досега беше голем проблем за курајчани. „Тоа беа каптажни системи на водоводот кои што првично беа изградени пред 30-35 години, и истите не беа во функција повеќе во смисла на задржување на целокупното...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top