Ознака: село

debrca

Отчет за првите 100 дена на градоначалникот Трајкоски

Post Views: 2 Отчет за првите 100 дена на Игор Трајкоски, градоначалникот на Дебрца. Изминатиов период направивме драстични измени во работењето на општина Дебрца, изјави Трајкоски. Додаде дека одговорно се посветиле на мештаните на Дебрца, ги сослушале нивните забелешки, сугестии и проблеми и успеале за прв пат да воведат веб страна на општина Дебрца со цел воспоставување на подобра комуникација и побрз пристап до информации. „Голем императив претставува и средба со најмалите од ОУ на Дебрца за кои прв пат беше отворена канцеларијата на градоначалникот. Знаејќи ги нивните потреби...

Continue reading

мрша

Жители од селото Орман бараат решавање на комуналните проблеми

Post Views: 23 Жителите од селото Орман го запознаа секретарот на општината  Димитар Спасески со два посериозни еколошки проблеми. Орманци  во моментов се соочуваат со фрлање на пцовисан добиток во атарот на нивното село. На тој начин несовесни сточари ја загадуваат околината, а во опасност ги доведуваат земјоделските посеви со градинарски култури, стоката и водата за пиење, реагираат жителите на Орман. Неодамна, спас од еколошкото загрозување побарале од надлежните институции, но мршата само била поместена 100-тина метри понатаму од првичната локација. Орманци бараат Локалната самоуправа...

Continue reading

Запленета марихуана кај село Радожда, струшко

Post Views: 0 Како резултат на преземени мерки и активности од страна на Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во соработка со Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Запад на 03.03.2021 околу 21.00 часот на влезот на село Радожда, струшко, на брегот на езерото било спречено криумчарење на марихуана. Пронајдената марихуана била пренесена од Република Албанија и била наменета за продажба во Република Северна Македонија. По расчистување и документирање на случајот, по насоки на Основнот јавно обвинителство Струга ќе биде поднесена...

Continue reading

Се уште постои ризик oд нови одрони од карпи во струшкото село Радожда

Post Views: 6 Жителите на струшко Радожда стравуваат од  карпите над нивните куќи. После големиот одрон од пред една недела нивните погледи се свртени кон пештерската црква Св Архангел Михаил. Сведочат дека над нивните глави сè уште се слуша крцкање на камењата, а се отвориле и процепи. „Не се случило ова, да се одвои дел од карпава. Затоа живееме тука, затоа сите беа безбедни. Сега понатаму треба да се види„ „ Од сите страни е испукано. Треба да дојдат геолози, затоа што не е безбедно за живеење овде. Можеби ќе се иселиме одовде. Пола село е под карпа. Постои опасност и таа да се...

Continue reading

orovnik vodovod

Трајно се решава проблемот со водоснабдувањето во с. Оровник

Post Views: 0 Градежни зафати во село Оровник, преку кои ќе се реши проблемот со водоснабдувањето посебно за жителите во горниот дел на селото. Жителите крајно задоволни што конечно ќе се реши нивниот проблем. Тие откриваат со кави проблеми се соочувале изминатиов период. „Кога го колев прасето вода немав да се измијам. На пазар еден понеделник отидов неизмиен. Големи  што се прави треба да имаме доволно вода, а како ќе биде ќе видиме“, вели Бранко Мојсоски, жител на с. Оровник. Проектот чини 180 000 денари, а средствата ги обезбеди локалната самоуправа заедно со комуналното претпријатие....

Continue reading

dalnovod

Сабота и недела реонот на Охрид без струја

Post Views: 5 Од МЕПСО ја известуваат јавноста дека заради изведување работи за модернизација на преносната мрежа, со надградба на заштитно громобранско јаже со интегрирани оптички влакна, ќе изврши исклучување на далноводите преку кои се снабдува со електрична енергија реонот на Охрид. Надградбата на преносната мрежа ќе се реализира во деновите на викендот: сабота, 13-ти април во интервалите од 08:00 часот до 16:00 часот и недела, 14-ти април во интервалите од 08:00 часот до 18:00 часот.– МЕПСО и ЕВН Македонија ќе бидат во постојана координација, стои во заедничкото соопштение. Додека...

Continue reading

Struga incidenti

СВР работи на расчистување на синоќешните инциденти во Струга

Post Views: 1 Група од повеќе жители на Струшкото село Враништа синоќа околу 23.30 минути го блокираше регионалниот пат Струга – Дебар. Инцидентот предизвика  попречување на нормалниот проток на сообраќајот на овој патен правец.  На 50 тина метри од овој инцидент друга група на граѓани жители на Велешта, но и Октиси и Лабуништа извршиле собирање со цел да го изразат револтот од претходното блокирање  на регионалниот пат. „Со навремена и брза интервенција на полициските службеници спречен е конфликт кој можел да прерасне и во поголем инцидент. На ова бликирање му претходело нарушување...

Continue reading

Igor Trajkoski

Трајкоски го обвини Којчиноски за несовесно работење

Post Views: 4 „Долгогодишнaта голгота спроведувана од страна на СДСМ и Брaнко Црвенковски и неговиот близок соработник Којчиноски е при крај“, истакна кандидатот за градоначалник на општина Дебарца Игор Трајкоски. Тој потенцираше дека за 16 години поминати во општина Дебарца сведоци сме на несовесно работење од страна на градоначалникот Којчиноски, поради што денеска оваа општина е една од најслабо развиените во Р Македонија. „Со ваков пристап СДСМ упорно продолжува понатаму давајќи му ја добербата на кандидатот за градоначалник на човек кој не направил ништо во изминативе две децении....

Continue reading

d-r Vlado Kocovski

Kандидатот за градоначалник на Струга Кочовски, денеска во посета на Подгорци

Post Views: 7 д-р Владо Кочовски кандидат за градоначалник на Струга, од коалицијата „„Заедно за Струга“, денеска во посета на  Подгорци.  „Овде со години ништо не е вложено“, истакна Кочовски пред насобраните граѓани кои излегоја да слушнат што новата локална власт планира да инвестира во ова село. „ Во мојата програма влезено е и селото Подгорци во која стои дека за нардниве четири години доколку го добијам мандатот на нашите граѓани ние ќе направиме изградба и санација на патот Подгорци – Лабуништа и Подгорци – Вевчани, изградба на спортска сала промена на маркицата и давање дозвола...

Continue reading

velgosti ulici

Кандидатите за советници од ВМРО ДПМНЕ ги открија поблемите на велгоштани

Post Views: 1 Кандидатите за советници од ВМРО ДПМНЕ од Велгошти проговорија за проблемите со кои се соочуваат жителите на ова село. Кандидатите за советници од Велгошти, од коалицијата „За подобра Македонија“, на пресс конференција открија дел од проблемите на жителите од ова село. Тие тврдат дека неасфалтираните улици во моментов се нивна најголема мака.   „Патот, неасфалтирани, ископани улици. Овде луѓето секојденвно поминуваат, буквално автомобилите ги испокршија. Децата играат во кал. За овој проблем неколку пати се обративме кон сегашната локална самоуправа  за раешавање на...

Continue reading

brezani

Брежанци немаат линиски превоз

Post Views: 24 Брежани има добра земја, здрава вода и убава природа, но нема линиски превоз до ова село. Сместено е во крајниот југоисточен дел на Дебрца, оддалечено од Охрид 32 км. До Брежани се стигнува од  Ботун, па патот врви низ селата Белчишта, Лешани и Велмеј. Брежанецот Цветко Суколоски се обрати до нашиот медиум и упати апел до надлежните, барем еднаш неделно да им организираат превоз до селото. Вели дека патот до сред село е асфалтиран а комбе оди само до Велмеј, кое е на 6 километри од Брежани. Тој додава дека во селото останале 20 тина мештани кои обработуваат земја и...

Continue reading

ceshma Dolno Lakocerej

Неплатен долг кон ЕВН ги остави без вода жителите на Долно Лакочереј

Post Views: 27 Долно Лакочереј, повторно мака-мачи со немањето вода. Овој пат, причината малку поинаква. Пумпите кои ја дистрибуираат водата до домаќинствата од ова охридско село, нешто повеќе од 4 дена, не функционираат. Проблемот се состои во тоа што  Месната заедница не го подмирила долгот кон ЕВН, па ЕВН-Македонија, ја исклучиле струјата во водоснабдителниот објект, поради што пумпите останале надвор од функција. Единствен извор на оваа драгоцена течност им е селската чешма која се наоѓа во близина на црквата. Стапивме во контакт и со претставници од месната заедница на Долно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top