Општина Дебрца работи на донесување на урбанистички планови за село

Општина Дебрца работи на донесување на урбанистички планови за село кои ќе донесат поинтензивен локален економски развој. Во заврша фаза се постапки  за донесување на урбанистички план за село Мешеишта за изградба на лесна незагадувачка индустрија. Од неодамна  во сопственост  ја имаат училишната зграда во Сливово  која имаат намера да ја пренаменат во економски цели. 

 |  Валентина Неловска  | 

Секторот за урбанизам при општина Дебрца работи на забрзување на постапките за изготвување на урбанистичка планска документација за населени места. Градоначалникот Зоран Ногачески вели, свесни се дека без урбанистички планови нема забрзан локален економски развој посакуван и од жителите , но и од политичарите кои тоа го ветуваа во предизборните програми. Кочница за просперитетот на општината се бавните постапки за урбанизација кој се заглавени во лавиринтите на министерството за транспорт и врски. Сега се бара забрзување на започнатите процеси од пред 3-4 години затоа што во интерес е привлекување на инвеститори кои ќе вложуваат во населените места, информира Зоран Ногачески градоначалник на општина Дебрца. Во најголем дел се урбанситички планови за село, а за неколку села има општи акти.

„ Ние имаме урбанистички план за село. Во завршна фаза се урбанистички планови за изградба на фотомозаици на 2 локации. Едната е во Белчишта , а другата во Средорече на површина од по 25 хекатри или на вкупно на 50 хектари. Завршен е урбанистички план за селото Мешеишта за две локации за изградба на лесна незагадувачка индустрија“, посочува Ногачески.

Најмногу има чекање за добивање на согласност. Сега има најави дека ќе се измени законската регулатива со што ќе се забрза постапката за убанистичките планови, напоемнува Ногачекси. Додава дека ќе работат на преземање активности за да се подобри квалитетот на живеење во сите населени места во Дебрца. Од неодамна во сопственост ја имаат училишната зграда во Сливово.

„ Со одлука на Владата на РМ старата училишна зграда во Сливовски анови е вратена во сопственост на општина Дебрца. Ние имаме иницијатива да се донесе урбанистички план со намена објектот да се искористи за здравствен туризам или за дом за стари лица. Во наредниот период ќе ја дефинираме нашата заложба тој историски објект да се употреби во економски или социјален развој на нашата општина“, напоменува Ногачески.

Градоначалникот Ногачески напоменува дека на дел од задружните домови е почната реконструкција. Имаат проекти за реконструкција на задружните домови во Требеништа, Арбиново, Врбјани, Лактиње. Претежно станува збор за преокти со кои се изведуваат градежни активности за реконструкции на кровните конструкции на објектите, а ќе бидат применети за потребите на жителите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top