Се санира зградата на подрачното училиште во село Требеништа

Во завршна фаза се работите за адаптација и санација на зградата на Подрачното училиште во село Требеништа, соопшти градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.

 |   | 

Во завршна фаза се работите за адаптација и санација на зградата на Подрачното училиште во село Требеништа, соопшти градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.

„Се адаптира просторијата за котлара за централно греење на училиштето и се решава проблемот со континуираната влага во училиштето, проблем кој поранешните локални власти на неколку пати го решаваа, но поради пропусти при изведбата не го решија. За таа цел, од источната страна на училиштето повторно се поставува дренажа, со поставување перфорирана цевка, гранулиран дробен камен и бетонирање под цевката“ кажа Ногачески.

„Вкупната вредност на работите изнесува 479.700 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2019 година.“– информира градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

За време на училишниот распуст, претстојново лето, во училиштето ќе биде поставено централно греење.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top