Ознака: процесот

pesacki

Охриѓани се жалат на квалитетот на обележаната хоризонтална патна сигнализација

Post Views: 8 Охриѓани се жалат на квалитетот на обележаната хоризонтална патна сигнализација. Иако процесот на бележење на истата сеуште не е завршен, после само 10тина дена откако се започна со бележење, дел од пешачките премини и другата хоризонтална сигнализација на најфреквентната охридска улица, булеварот „Туристичка“ одвај да се препознаваат. Граѓаните со свој став. „Не е добро тоа. Јас не живеам тука. Ама не е добро, ова треба да се поправи.“ „Не изгледаат дека се нови обележани, многу чисти.“ „Не се обележани, но сепак спрема други места добри се.“ „Добро се обележани, ама...

Continue reading

плажи

Две плажи на охридскиот брег ќе останат без концесионер

Post Views: 0 Две плажи на охридското  крајбрежје ќе ги загубат концесиите.   Во вчерашната контрола 2-ца  инспектори направиле увид на 10 плажи. Концеионер на една од плажите немал уплатено закуп за 2014 година, додека другите две не ги испочитувале законските обдредби, информира Николче Милески од Општинскиот инспекторат.„ Кај 3 од 10 плажи беа утврдени неправилности.Една од плажите веднаш по сугестиите на инспекторите ги одстрани неправилностите . Другата плажа не го почитуваше договорот со обезбедување на слободен простор од 40 посто за капачите и имаше поставено урбана опрема...

Continue reading

Бактеријата E.coli како извор на енергија

Post Views: 3 Научниците тврдат дека развиле метода за производство на гасот пропан со користење на шеќер и бактеријата E.coli. Истакнуваат дека  оваа метода и систем може да се примени во комерцијална употреба, со што би се решило прашањето со обновливи извори на енергија. Иако процесот е сеуште далеку од комерцијална употреба, неговите изумители се надеваат дека еден ден ова би можело да претставува неограничен извор на чисто гориво, кое без потешкотии би можело да се воведе и да се користи во постоечките технологии. Пропанот е составен дел на течниот нафтен гас кој се користи во...

Continue reading

robbie williams

Има либидо како 100 годишник

Post Views: 11 Роби се распрашувал за хормонот за раст што го користат средовечни мажи за да го забават процесот на стареење, но докторите му кажале дека не му е потребно такво нешто. Но тестот од крвта покажал дека пејачот има ниско ниво на тестостерон, па Вилијамс решил да вбризгува хормони за да го зголеми сексуалниот нагон. „ Бев на лекар за да ми препишат соодветна терапија. Тоа го користат многу момци во Лос Анџелес за да изгледаат како да имаат 40 години, а не 60. Тоа ќе го подобри моето здравје, паметење, изгледот на кожата и косата“, вели Роби. Пејачот, кој минатата година...

Continue reading

Slavija

Просторот пред хотел Славија е узурпиран, констатирале инспекторите

Post Views: 11 Заградениот простор пред хотел Славија е узурпиран, констатирале инспекторите од главниот општински инспекторијат. Во изминативе два дена инспекторите излегле на терен не само на посоченото место туку направиле увид на состојбата со целото источно крајбрежје на Охридското езеро, информира општинскиот портпарол Томе Џамтоски.„ Во однос на хотелот Славија е утврдена узурпација на површина од околу 1000 м квадратни од одредена  компанија. Во моментов инспектроите треба да утврдат кој ја направил узурпацијата. Според градежниот материјал користен таму и проценката на инспекторите...

Continue reading

mso

МСО со работилница за позитивните вредности кај учениците

Post Views: 2 Младински Совет Охрид, продолжувајки со реализација на програмата за промоција на позитивни вредности, реализираше работилница на тема,„Креирање на позитивни вредности“. Во оваа фаза реализирана е работилница за хетерогена група од 35 ученици, на возраст од 14 години, од сите основни училишта во Охрид, Лескоец, Велгошти и Пештани. Целта на оваа креативна работилница беше да се излистаат позитивните вредности кои на учениците би им дале насока за правилно функционирање и развој на нивната личност. Преку активности за истакнување на она што им е најзначајно во животот...

Continue reading

maksud

Максуд Али обвинува незаконски спроведен процесот за полагање на стручниот испит

Post Views: 2 Максуд Али, кандидат за државен службеник обвинува  дека процесот за полагање на државни служеници во охридската  Локална самоуправа протекол со низа незаконитости  и притисоци. За прашањата во стручниот испит вели дека се спротивни на законските и подзаконските акти.  Али додава дека со долгогодишно  работно искуство сега  му се ускратува правото да биде државен службеник. „ На овие години некој да ме оцени дека не сум компететен не е вистина. Јас како Максуд Али работев во Стопанска банка, бев заменик министер за финасии  и имав приватна фирма сега некој да ме етикетира...

Continue reading

Еве во што е откриена хемикалијата која предизвикува настанок на тумор

Post Views: 4 Во многу намирници кои секојдневно ги конзумираме е пронајдена хемикалија која го зголемува ризикот од заболување од рак. Станува збор за хемикалијата кја се вика акриламид, а пронајдена е во кафето, чипсот, пржени компири, крекери, па дури и во некои видови на детска храна. Овој опасен спој се создава со термичкото загревање при пржење на наведените намирници. На неа најмногу се изложени децата поради ниската телесна тежина. Опасноста од акриламид сега го потврдила и агенцијата на Европската унија EFSA (Europian Food Safety Authority) која веќе предлага нови закони...

Continue reading

kasarna

Охридската касарна е претворена во дувло на лисици

Post Views: 22 Напуштената охридската касарна е претворена во дувло на лисици. 230.000 квадрати површина се запуштени и  обраснати со треви, грмушки и  шума. Жители од Радојца Новичиќ  стравуваат за безбедноста и тврдат лисиците ноќе и во раните утрински часови им доаѓаат во дворовите.  Блаже Настоски раскажува „често пати имам приметено дека  излегуваат лисици од касарната и преминуваат на бетон. Не случајно чувам дома кучиња, ноќе има јаки лаежи. Имаме приметено дека доаѓаат по храна во кантите за ѓубре. При одење на работа пред мене  ми помина лисица и ја бркав со возилото по...

Continue reading

gradinka

Лиценците за воспитувачки во градинките ќе се добиваат бесплатно

Post Views: 0 Негувателките, воспитувачките и сиот персонал во градинките нема да плаќаат за добивање на лиценца за вршење на својата дејност. Најпрво беше најавено дека издавањето на лиценците ќе чини 450 денари, односно 6000 денари за обуката која директорите на градинките треба да ја посетуваат, но сега министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов уверува дека вработените во градинките не треба воопшто да се грижат ниту за трошоците, ниту пак за тежината на испитите кои треба да се полагаат. За целите на овој процес, Спасов вели дека била формирана и Комисија за лиценцирање...

Continue reading

legalizacija

Солидна динамика во процесот на легализација

Post Views: 3 Процесот на легализација во Охрид се интензивира. Последниве 4 месеци Локалната самоуправа бележи нагорна линија по однос на прегледани, обработени како и комплетно решени предмети. Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески појаснува дека наследиле лоша состојба во однос на процесот на легализација. Според него, овој процес се одвивал бавно и неорганизирано. Тоа го поткрепи со фактот дека за две години во рамките на општина Охрид,  до 01 април годинава, биле издадени 600 дозволи за легализација, додека пак во последниве 4 месеци односно од 01. април до 1 ви септември, ...

Continue reading

Lokalen sovet na Mladi

Општина Охрид формираше „Локален совет на млади“

Post Views: 7 Денеска кога светот го одбележува “Денот на Младите“, во Охрид се формираше локалниот совет на млади при општина Охрид.  Преку ова тело градоначалникот конечно ќе ги слушне проблемите на младите, но и ќе има можност заедно да изнајдат начин за решение за истите. „На овој начин, активно ќе ги вклучиме младите во процесот на донесување на одлуки во локалната самоуправа и секако  во процесот со управување со локалната самоуправа“, истакна градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески. „Ова тело по теркот на советот на градски татковци ќе има консултативна и советодавна...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top