МСО со работилница за позитивните вредности кај учениците

Младински Совет Охрид, продолжувајки со реализација на програмата за промоција на позитивни вредности, реализираше работилница на тема,„Креирање на позитивни вредности“.

 |  Голабовски Крсте  | 
mso
мсо

msoМладински Совет Охрид, продолжувајки со реализација на програмата за промоција на позитивни вредности, реализираше работилница на тема,„Креирање на позитивни вредности“.

Во оваа фаза реализирана е работилница за хетерогена група од 35 ученици, на возраст од 14 години, од сите основни училишта во Охрид, Лескоец, Велгошти и Пештани.

Целта на оваа креативна работилница беше да се излистаат позитивните вредности кои на учениците би им дале насока за правилно функционирање и развој на нивната личност.

Преку активности за истакнување на она што им е најзначајно во животот како здравје, среќа, љубов, до лицата кои им се најзначајни во процесот на развивање како родители, брат, сестра, баба/дедо, учесниците учеа за ИДЕНТИТЕТОТ како чувство за сопственото ЈАС и промените кои се случуваат, свесноста за нивните потреби и чувства, доживувања и односите со другите луѓе, како и сопствените отпори, очекувања и вредности.

Преку осознавање за поимот идентитет и негово прифаќање, беше разговарано за начинот на кој во текот на животот низ процесот на социјализација, се усвојуваат многу вредности.
    
Учесниците истакнаа дека вредностите кои ги бараме кај другите во најголем дел и ги поседуваме во нас, меѓутоа е значајно кога ги негуваме позитивните карактеристики бидејќи тие им овозможуваат правилно развивање. Исто така учесниците станаа и свесни дека вредностите кои ги излиставме се вредности кои тие најмногу ги почитуваат и кога ги поседуваат, тогаш добиваат пријатели, а ги губат кога пројавуваат спротивни вредности на овие. Тогаш кога се трудат да ги стекнат позитивните карактеристики со желба да ги развиваат во голема мера и да ги негуваат, без да бидат притиснати од семејството и средината и општеството, осознаваат дека таквите вредности имаат огромно значење во нивниот живот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top