Просторот пред хотел Славија е узурпиран, констатирале инспекторите

 Просторот пред  хотел Славија е узурпиран, констатирале инспекторите.

 |  Валентина Неловска  | 
Slavija
SLavija

Заградениот простор пред хотел Славија е узурпиран, констатирале инспекторите од главниот општински инспекторијат. Во изминативе два дена инспекторите излегле на терен не само на посоченото место туку
направиле увид на состојбата со целото источно крајбрежје на Охридското езеро, информира општинскиот портпарол Томе Џамтоски.
Slavija
„ Во однос на хотелот Славија е утврдена узурпација на површина од околу 1000 м квадратни од одредена  компанија. Во моментов инспектроите треба да утврдат кој ја направил узурпацијата. Според градежниот материјал користен таму и проценката на инспекторите не може да се утврди дали тоа е актуелниот  или поранешниот сопственик на хотелот Славија“, укажува Џамтоски.

Инспекторите при увидот на источното крајбрежје на езерото констатирале и други неправилности, но од многу помал обем.
 

Slavija

 

„Не станува збор за узурпација можеби повеќе станува збор за одстапување од катастарските до градежните парцели во однос на процесот за легализација на одредени објекти кои во понатамошна  постапка лесно ќе се решат.“ 

Постапката пак со узурпацијата на просторот пред хотел Славија ќе продолжи. По откривање на компанијата која го узурпирала државното земјиште против неа ќе се  преземат соодветни пријави, вели портпаролот на општина Охрид Томе Џамтоски.

 

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top