Охриѓани се жалат на квалитетот на обележаната хоризонтална патна сигнализација

Процесот на обележување на истата, започна пред само 10тина дена, а дел од пешачките премини и другата сигнализација се извалкани до тој степен што одвај се забележуваат. Од Фондот за комунален развој и сообраќај велат дека вината не лежи ниту во нив, ниту во фирмата изведувач, туку во несовесните возачи.

 |  Мишел Наумоски  | 
pesacki
пешачки

Охриѓани се жалат на квалитетот на обележаната хоризонтална патна сигнализација. Иако процесот на бележење на истата сеуште не е завршен, после само 10тина дена откако се започна со бележење, дел од пешачките премини и другата хоризонтална сигнализација на најфреквентната охридска улица, булеварот „Туристичка“ одвај да се препознаваат. Граѓаните со свој став.

pesacki "Abas Emin"„Не е добро тоа. Јас не живеам тука. Ама не е добро, ова треба да се поправи.“

„Не изгледаат дека се нови обележани, многу чисти.“

„Не се обележани, но сепак спрема други места добри се.“

„Добро се обележани, ама да не е во гужва, да побрзаа малку порано да ги обележат. Сега во најголемата гужва правиме сопки овде-онде.“

„Мислам дека се добро ама може и подобро.“-рекоа дел од граѓаните.

horizontalna signalizacijaОд Фондот за комунален развој и сообраќај признаваат дека состојбата со дел од пешачките премини само недела дена по бележењето е лоша, но вината ја префрлаат на друго место.

„Неколку дена, недела дена по обележувањето изгледаат како да се обележани одамна. Бидејќи станува збор за високофреквентни места, непочитувањето на определени возачи корисници на тој простор и тоа се всушност траги од автомобилски гуми, меѓутоа сакам да кажам дека секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид сеуште е во процес на бележење и таквите проблеми кои не се ни по наша вина, ни по вина на фирмата изведувач, ќе бидат санирани до завршување на процесот.“-вели Љупчо Танески од Фондот за комунален развој и сообраќај при локалната самоуправа.

pesacki "Turicsticka"Во однос на поплаките дека хоризонталната сигнализација се бележела во несоодветен временски период, Танески со став.

„Моите информации зборуваат дека се бележани доцна навечер, всушност тие работеа двосменски тогаш некаде бележењето започнуваше после 11 часот. Можеби, можеби во определени делови од неделата да се довршуваше работата во попладневните часови и можеби, но тоа сепак треба да го кажат стручни лица од дејноста сообраќај, тоа да е причината што на некои потези оваа висококвалитетна боја е извалкана од гумите на автомобилите.“-рече тој.

Инаку обележувањето на хоризонталната сигнализација Танески информира дека го извршувала струшката фирма „Ала компани“ која имала најповолна понуда на јавниот повик од локалната самоуправа. Дополнува дека бележењето било извршено со висококвалитетна рефлектирачка боја која според Танески би требало да биде видлива и да го задржи првобитниот изглед најмалку 180 дена односно 6 месеци од нанесувањето.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top