Лиценците за воспитувачки во градинките ќе се добиваат бесплатно

Ова го потврди министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој воедно најави дека самото полагање ќе биде регионално, а не како што првично беше замислено, испитите да се полагаат во Скопје.

 |  Мишел Наумоски  | 
gradinka
градинка

Негувателките, воспитувачките и сиот персонал во градинките нема да плаќаат за добивање на лиценца за вршење на својата дејност. Најпрво беше најавено дека издавањето на лиценците ќе чини 450 денари, односно 6000 денари за обуката која директорите на градинките треба да ја посетуваат, но сега министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов уверува дека вработените во градинките не треба воопшто да се грижат ниту за трошоците, ниту пак за тежината на испитите кои треба да се полагаат. За целите на овој процес, Спасов вели дека била формирана и Комисија за лиценцирање која изготвила и сеопфатна програма за полагање.

JOUDG Jasna Risteska„Од таа програма на Комисијата дополнително за испитите за негователки и воспитувачки ќе произлезат поедноставни прашања, со пократка литература, со брошура која ќе им помогне да го совладаат полесно материјалот и воопшто да не се грижат дали ќе го завршат процесот на лиценцирање. Од една страна ќе биде бесплатен самиот процес, а додека од друга страна ќе биде и подостапен, бидејќи јас од Комисијата за лиценцирање барав и да се врши регионално полагање на испитите за лиценцирање на сите вработени во градинките. Така и во Охрид ќе се реализира полагање со цел сите вработени да се здобијат со лиценци во градинките, се со цел вработените во градинките да имаат што е можно помалку трошоци, односно да не треба да даваат средства, да патуваат до Скопје за да го полагаат стручниот испит.“-вели министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Смирувачки тонови упати и вршителот на должност директор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Розе Костеска.

vospituvacki„Јас мислам дека не би требало да има простор за паника бидејќи станува збор за луѓе кои работат веќе со деца, ја познаваат воспитно-образовната работа, ја познаваат теоријата, бидејќи завршиле соодветно образование, мислам дека нема потреба да се грижат и да се плашат од прашањата.“-рече вршителот на должност директор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Розе Костеска.

Процесот на лиценцирање ќе се одвива во текот на оваа и наредната година. Целата постапка, за сите вработени во градинките би требало да заврши до крајот на Јули 2014 година. Што се однесува до прашањата, тие ќе бидат дополнително објавувани после објавата на секој оглас за полагање на испит.

Инаку, процесот на лиценцирање треба да го поминат 56 стручни работници, 42 стручни соработници, 846 воспитувачи и 1187 негователи во установи за згрижување, воспитание и образование на деца од предучилишна возраст и 56 директори на установи, како и други лица кои се заинтересирани да се стекнат со лиценца за работа. Оние кои нема да го положат својот испит, не ќе можат да ја извршуваат својата дејност.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top