Ознака: процесот

sovet

Советниците прашуваа, градоначалникот одговараше

Post Views: 1 Осмата седница на советот на општина Охрид со единствена точка, советнички прашања. Се прашуваше за се од тоа до каде се зафатите на Плаошник и што таму се прави, па се до тоа какви капитални инвестиции планира да реализира локалната. Токму прашањето за тоа што се прави во рамките на Плаошник повторно го актуелизираше советникот од СДСМ, Томислав Тунтев, кој изрази сомнеж дека дел од зафатите таму се незаконски. „До мене не стигнала никаква забелешка од страна на граѓаните околу локалитетот Плаошник, ниту наоѓам што е она на што треба да реагираме, која е вашата забелешка,...

Continue reading

samit

Кандидати од овој регион поблиску до ЕУ само со засилена соработка

Post Views: 3 Министерите за надворешни работи од земјите на Југоисточна Европа денес во Охрид одржаа формален состанок во рамките на Процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа. Пораката што беше испратена од денешниот состанок е засилена соработка меѓу земјите кандидати и потенцијални кандидати од овој регион. Министерот Никола Попоски кажа дека на состанокот било разговарано за можностите за зајакнување на соработката и за поефикасно искористување на средствата кои се нудат од страна на ЕУ за меѓусебно поврзување. Во овој контекст би констатирал дека Македонија имаше...

Continue reading

Божиновски: Дали власта на СДСМ се подготвува за партизација на процесот на попишување

Post Views: 0 Без ни малку срам СДСМ објавува конкурс за попишувачи на својата официјална партиска Фејсбук страница, кажа на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.Конкурсот за реонски попишувачи и инструктори кој беше објавен во текот на вчерашниот ден, па повлечен од партиските послушници,  е класичен доказ дека се работи за политичка операција, а не статистички попис, кажа Божиновски. „ СДСМ Охрид и пратеничке Жаклина Лазаревска, повикувате ли партиски војници на конкурс да спроведуваат државен попис? Или партиско членство ќе ажурирате...

Continue reading

smart tabli

Интерактивни табли и во Охрид

Post Views: 11 Смарт табли во ОУ Братство Единство и Христо Узунов. Ова се двете Охридски училишта кои се пријавија на конкурсот објавен од министерството за образование и наука, и при тоа ги исполнија условите за да добијат една од 60 те табли кои ги обезбедија министрството и македонски телекомуникации.  Од првиот момент од како таблите се инсталирале, истите се ставени во употреба и достапни за сите професори и  ученици. Професорката по информатика Марија Пупинова Гогова признава дека имало одредени критериуми според кои се распределувале таблите, како што е колку обуки биле посетувани ...

Continue reading

опстина

Нема децентрализација, а со тоа нема ниту демократија

Post Views: 1 Процесот на децентарализација тапка во место, тврди градоначалникот Александар Петрески. Без локален развој нема подобар животен стандарад, додава тој. Децентрализацијата беше најважниот процес кој требаше да се случи во државава, но за жал тој се реализира само на хартија, категоричен е Петрески. Градоначалникот потенцира дека доказ за се поголемата централизација е и тоа што земјиштето кое општината само пред неколку месеци го доби на управување им е одземено пред неколку недели. Зa неговата судбина повторно ќе решава државата. „Тоа ме потсетува на национализацијата...

Continue reading

Nikoloski

Собранието ги изгласа измените на законот за експропријација поднесени од Николоски и Затуроска

Post Views: 2    На денешната седница (18.10.2012) на Собранието на Република Македонија беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за експропријација поднесени од пратениците Александар Николоски и Лилјана Затуроска. Овие измени се суштински значајни за подобрување на процесот на експропријација што ќе овозможи реализација на голем број проекти. Имено, со предлогот на пратениците Николоски и Затуроска, предвидено е објектите од прва категорија предвидени со соодветните детални урбанистички планови, како што се хидроцентрали, термоцентрали, патишта, водоводи, канализациони...

Continue reading

Opshtina

Локалната самоуправа и советот, за едни мајка, за други маќеа

Post Views: 0 Вака е насловено писмото кое до нашата редакција го испратија група граѓани кои се незадоволни од односот на Градоначалникот Александар Петрески и Советот на Општина Охрид за процесот на донесување на деталните урбанистички планови за опфатите Табана и Ривиера. Во писмото стои: „Дозволете преку Вашиот ценет медиум јавно да го изразиме нашиот револт од односот на Локалната самоуправа и Советот на Општина Охрид кон процесот на донесувањето на деталните урбанистички планови. Сметаме дека таквиот однос може да се опише со онаа народната- “за едни мајка за други маќеа”,...

Continue reading

Svetiklimentovo ucilishte

Започна дотерувањето на некогашното Светиклиментово училиште

Post Views: 8 Некогашната зграда на Свети Климентовото  училиште започна да се дотерува. По враќањето на објектот како црквен имот со процесот на денационализација сега забрзано  се реновира неговата надворешност и внатрешност.    Од Дебарско- кичевската епархија кратко информираат дека во објектот ќе биде сместена нивната  администрација. Реновирањето на зградата се прави според проект одобрен од Завод и  Музеј. Работите треба да завршат до крајот на годината.  Зградата во текот на минатото  имала  неколку  намени почнувајќи од основно училиште, Музеј на Словенската  писменост, простор...

Continue reading

minister i petreski

Неизвесна е втората фаза на децентрализација за Охрид

Post Views: 5 Децентрализацијата е столб за напредок на државата. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески и Министерот за Локална самоуправа Невзат Бејта, денес остварија работна средба. Тие дебатираа за процесот на децентрализација воопшто, со посебен акцент на општина Охрид. Петрески рече дека целосно го запознал министерот со состојбите околу обидот на општина Охрид да влезе во втора фаза на децентрализација. Потенцира дека со ресорниот министер споделуваат исто мислење оти децентрализацијата е најважниот процес што треба да се случи во Македонија, како еден од главните услови...

Continue reading

До каде е основањето УЗ?

Post Views: 2 Заменувањето на некогашните месни заедници со сегашните урбани заедници и натаму во застој. До овој момент се оформени само 4 урбани заедници, а процесот заглави во место уште во месец Декември минатата година. Кога ќе продолжи процесот на основање на урбаните заедници останува неизвесно. Оние урбани заедници кои ја имаа среќата да бидат формирани, сега веќе активно работат и нормално функционираат. Формирањето на урбаните заедници сеуште тапка во место. Откако започна процесот на замена на некогашните месни заедници со новите месни заедници изминаа повеќе од 7 месеци,...

Continue reading

zgradi

Охрид исполнува услови да се справи со државното земјиште

Post Views: 2 Општина Охрид ги исполнува условите за процесот на отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште. Владата на Р. Македонија го има разгледано нацрт Законот и веќе е стигнат до Парламент. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески како член на Управниот одбор на ЗЕЛС заедно со останатите градоначалници од земјава имаат околу 20 забелешки. Петрески верува дека Владата ќе ги прифати забелешките, како заеднички став на сите градоначалници. Тој изјави оти добар дел од општините ги исполнуваат условите за отуѓување на земјиштето, а посебно ја посочи општина Охрид која...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top