Неизвесна е втората фаза на децентрализација за Охрид

Македонија губи. Со тоа што Охрид сеуште тапка во место за влез во втората фаза од процесот на децентрализација не смо што губи Локалната, губи и земјава. Прв пат во кабинетот на охридскиот градоначалник после шест години, на разговор доаѓа ресорниот министер за Локална самоуправа Невзат Бејта.

 |  Билјана Николоска  | 
minister i petreski
Министер за локална самоуправа и Петрески

minister i petreskiДецентрализацијата е столб за напредок на државата. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески и Министерот за Локална самоуправа Невзат Бејта, денес остварија работна средба. Тие дебатираа за процесот на децентрализација воопшто, со посебен акцент на општина Охрид. Петрески рече дека целосно го запознал министерот со состојбите околу обидот на општина Охрид да влезе во втора фаза на децентрализација. Потенцира дека со ресорниот министер споделуваат исто мислење оти децентрализацијата е најважниот процес што треба да се случи во Македонија, како еден од главните услови за влез на земјата во Евроинтеграциите. Петрески овој пат е убеден дека министреот за Локална самоуправа Невзат Бејта е вистинскиот човек кој ќе издејствува општина Охрид да ја добие заслужената фаза во процесот на децентрализација.
Министерот за Локална самоуправа Невзат Бејта, истакна дека стои на својот став, оти за сите градоначалници ќе биде ист и дека вратите на министреството за сите подеднакво се ширум отворени. Тој рече дека сосема поинаква е реалната слика за општините кога сам ќе ја согледаш, отколку да видиш како ја прикажуваат медиумите или да слушнеш од министрите. Тој кажа конкретно за што ќе се залага.
Бејта рече дека децентрализацијата се прави во интерес на граѓаните и дека тоа е дел од демократијата. Точно поради тоа одлучил изворно да ги сослуша проблемите во 6 те општини кои не се влезени во втора фаза на децентрализација од вкупно 85.  Министерот рече дека сега има комплетна слика за реалната состојба со општините и дека за тоа ќе ја информира и Владата. Според Бејта мора да се детектира дали причините се кај Локалната или централната власт и побрзо  да се реализира процесот на децентрализација. Градоначалникот Петрески овој пат длабоко верува дека министерот за Локална самоуправа ќе ги брани интересите на општините поради неговото екс градоначалничко искуство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top