Ознака: проблем

Движењето и паркирањето на туристичките автобуси во градов сеуште голем сообраќаен проблем

Post Views: 3 Паркирани туристички автобуси на булевар Туристичка , пред Охридска банка, кај зградата Печијаре, а не ретко се до гимназијата е слика која се повторува секое лето. Ваквата појава создава сообраќаеен метеж посебно кај кружниот ток кај Охридска Банка. Неодамна на иницијатива на СВР Охрид се одржа координативна средба со претставници на секторот за локален економски развој, општинските сообраќајни инспектори за патен сообраќај и на туристичките агенции од Охрид. Беа договорени интензивни мерки кои полициската станица за безбедност во сообраќајот ќе ги презема ова лето...

Continue reading

Несигурните работни места се сериозен проблем во нашата земја

Post Views: 0 Самовработувањето и несигуренoста на работните места како појава константно е во пораст. На оваа тема Унијата на Независни автономни синдикати на Македонија од 21 до 24 јуни во Струга одржува семинар. Потпретседателката на синдикатот Дивна Змејкоска вели дека ваквите семинари се одржуваат почесто а целта била јакнење на капацитетите на синдикатите и синдикалните лидери, на тема правата од работните односи. „Суштината на ова е што синдикатите прават и ќе прават во иднина за подобрување на работата на работниците и заштита на нивните права. Дискутираат и учесници се синдикаци...

Continue reading

Неодржуваните зелени површини, сериозен сообраќаен проблем

Post Views: 13 Години наназад за време на летниот период, несредените зелени површини во близина на неколку прометни градски сообраќајници, претставуваат сериозен сообраќаен проблем. Намалената прегледност поради зеленилото, на неколку крстосници, пресеци на улици или кривини, ја доведуваат во прашање безбедноста на сите учесници во сообраќајот, посебно во период во кои имаме значително зголемувања на бројот на возила во градов. Пресекот на улиците „АСНОМ“ и„Карпош Војвода, Самиот влез од Населбата „Гоце Делчев“, две локации на улицата „Даме Груев“ се само некои од улиците каде овој...

Continue reading

kamenolom

Ризични каменоломи

Post Views: 2 Здравјето пред профитот. 10 илјади жители на Лабуништа секојдневно голтаат прашина од каменоломите во атарот на ова струшко село. Мештаните стравуваат од последиците по нивното здравје. Велат дека надлежните се оглушиле на нивните барања, молби и апели за изнаоѓање решение за проблемот. „Во Лабуништа имаме страшен проблем со каменоломите. Прво овде никој не е дојден ниту од Министерството за животна средина да види како живее ова село 10 000 жители и имаме 3 каменоломи. Нека дојдат од министерството да видат како живееме ние во Лабуништа и да се преземат мерки. Ние ќе...

Continue reading

logo

Наставниците се жалат на проблеми со е-дневникот

Post Views: 1 Електронскиот дневник кочи и брише оценки, реагираат наставниците што мора да го користат овој софтвер за да ги информираат родителите за состојбата на оценките на нивните деца, пишува „инфо+“ порталот. Еден од проблемите со кои се соочуваат е и тоа некогаш системот да им ги избрише веќе внесените оценки, па да мора од почеток да ја работат работата. Наставници што сакаат да останат анонимни, велат дека впишуваат оценки и во слободно време, чекајќи системот да се активира. – Ги навиваме будилниците во три ноќе. Системот кочи, не работи, брише сè што си напишал...

Continue reading

Сообраќаен и комунален проблем во населбата „Гоце Делчев“

Post Views: 11 Жителите на населбата „Гоце Делчев“ реагираат на информативната табла на самиот влез во населбата. Неколку месеци веќе оваа информативна тавла е значително оштетена и секој момент може да заврши на коловозот. Проблемот е дотолку сериозен што возачите на моторните возила како и возилата на јавниот превоз и тешките товарни возила  на за да ја избегнат возат на другата лента од коловозот со што ја загрозуваат доплнително и својата и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Од населбата велат дека на неколку наврати ја информирале локалната за овој проблем, но...

Continue reading

Во регионов отпадот е главниот проблем за охриѓани, граѓанските организации и институциите

Post Views: 1 Охриѓани, граѓанските организации и институции како главен проблем за регионот го посочуваат проблемот со отпадот. Покрај овој проблем тие исто така укажале од неопходноста да се почитуваат барањата на Унеско во однос на градењето во Охрид, како и од штетноста на масовниот туризам за регионот. Здружението за заштита на животната средина Еден спроведе консултативните средби со овие три групи со цел да изградат Стратегија за развој на регионот, а сите овие чинители да учествуваат при донесувањето на одлуките, напоменува Драгана Велковска од Здружението Еден. „Главен проблем...

Continue reading

voda

Во Струга се замати водата за пиење

Post Views: 4 Матна вода. Деновиве водата за пиење во Струга се замати. Стружани загрижени поради таквата состојба. Тие не сакаа да коментираат пред нашата камера, но велат дека досега никој не излегол да соопшти на што се должи таквата состојба. Првиот човек на општина Струга, Рамиз Мерко вели дека е запознаен со проблемот поради кој се замати питката вода и ја појасни причината за тоа.„Поради сушата во Беличките извори деновиве нагло дојде вода и ја поремети состојбата на водата, а имало и тектонски поместувања на тоа место. Но водата иако е матна не е штетна нема опасни примеси,...

Continue reading

bugarski pasos

Проблем за новопечените бугарски државјани

Post Views: 13 Новопечените Бугари во Македонија можат да имаат проблем, бидејќи Министерството за правда на Бугарија почнало да ги истражува сомнителните случаи со вадење на бугарски документи. Со бугарскиот пасош можете веднаш да најдете работа во Европа, ви требаат само 250 евра, плаќањето е на рати, а документот ќе го имате во рака за две години. Но, новопечените Бугари во Македонија можат да имаат проблем, бидејќи Министерството за правда на Бугарија почнало да ги истражува сомнителните случаи со вадење на бугарски документи. Агенцијата каде што Македонците аплицираат за вадење...

Continue reading

ucilishte Struga

Струшките основни училишта останаа без нафта за греење

Post Views: 0 Нема пари за нафта. Поради тоа оваа грејна сезона Основните училишта во Струга, сеуште не се обезбедиле со овој дериват. Директорката на О.У. „Јосип Броз Тито“, Ана Столеска, рече дека се чекало да заврши тендерот кој го спроведува Локалната за избор на компанија од која треба да се набави нафтата. Таа очекува најдоцна до понеделник училиштето да се обезбеди со нафта, бидејќи денес ја направиле нарачката. Според извори блиски на ТВМ, за надминување на проблемот се заложил Ѓорги Арсов од државниот просветен инспекторат, кој вчера лично го посетил ова училиште со цел да...

Continue reading

Bejta i Merko

Министерот за локална самоуправа ќе ги решева проблемите на општините

Post Views: 15 Министерот за локална самоуправа Невзат Бејта во посета на општина Струга и центарот за развој на Југозападниот плански регион. „Од овие средби јас се информирам за секој проблем што го имаат градоначаниците“ истакна министрот Бејта. „ Како министер за локална самоуправа секој градоначалник што има проблем со централната власт може да ме информира за што јас сум спремен да дискутирам и да им помогнaм на општините. Со градоначалникот на општина Струга и претседател на Југозападниот регион разговаравме за многу проблеми како што е финасирањето на регионите и ветив дека...

Continue reading

ljube gjorsoski

Претставен проектот преку кој ќе се реши проблемот со фекалната канализација во Велешта

Post Views: 2 Подготвен проектот кој треба да и стави крај на еколошката катастрофа во Велешта. За овој проблем кој се провлекува веќе десет години и резултира со излевање на канализација, проблем со отворени шахти кои се небезбедни и незаштитени, излезот го пронајде фирмата „Хидро Градежен инжињеринг“ од Скопје.  Директорот Љубе Ѓоршоски вели дека според нивното решение ќе се искористи секундарниот колектор од Велешта до прочистителната станица кој е веќе изведен, а ќе понуди решавање на проблемот за сите населби во овој дел на Југозапдниот плански регион. „Единствено неможе да се...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top