Во Струга се замати водата за пиење

Причината за тоа е сушата, се правдаат од Локалната. Од таму тврдат дека водата која се употребува, е бактериолошки исправна.

 |  Билјана Николоска  | 
voda
voda

Ramiz MerkoМатна вода. Деновиве водата за пиење во Струга се замати. Стружани загрижени поради таквата состојба. Тие не сакаа да коментираат пред нашата камера, но велат дека досега никој не излегол да соопшти на што се должи таквата состојба. Првиот човек на општина Струга, Рамиз Мерко вели дека е запознаен со проблемот поради кој се замати питката вода и ја појасни причината за тоа.
„Поради сушата во Беличките извори деновиве нагло дојде вода и ја поремети состојбата на водата, а имало и тектонски поместувања на тоа место. Но водата иако е матна не е штетна нема опасни примеси, што го покажаа анализите“, тврди Мерко
StrugaГраѓаните на општина Струга посочија уште еден проблем во врска со водата, а тоа е слабиот притисок кој е посебно изразен во вечерните часови и за време на викендите. Градоначалникот за овој проблем беше затекнат и вели дека досега нема таква информација и дека за тоа разбрал од нас.
Скоро секој ден во општина Струга се јавуваат проблеми од комуналната сфера. Дали се тоа во врска со водата или со одржувањето на јавната чистота, факт е дека граѓаните реагираат. Дали тоа е одраз на моменталната состојба на Меѓуопштинското јавно претпријатие кое е во незавидна состојба или сосема нешто друго, со точност неможе да се каже но сепак надлежните треба да имаат посериозен пристап и да не дозволат грѓаните да останат ненавремено информирани.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top