Претставен проектот преку кој ќе се реши проблемот со фекалната канализација во Велешта

Подготвен проектот кој треба да и стави крај на еколошката катастрофа во Велешта. За овој проблем кој се провлекува веќе десет години и резултира со излевање на канализација, проблем со отворени шахти кои се небезбедни и незаштитени, излезот го пронајде фирмата „Хидро Градежен инжињеринг“ од Скопје. 

 |  Татјана Маленкова  | 
ljube gjorsoski
Љубе Ѓоршоски

Подготвен проектот кој треба да и стави крај на еколошката катастрофа во Велешта. За овој проблем кој се провлекува веќе десет години и резултира со излевање на канализација, проблем со отворени шахти кои се небезбедни и незаштитени, излезот го пронајде фирмата „Хидро Градежен инжињеринг“ од Скопје.  Директорот Љубе Ѓоршоски вели дека според нивното решение ќе се искористи секундарниот колектор од Велешта до прочистителната станица кој е веќе изведен, а ќе понуди решавање на проблемот за сите населби во овој дел на Југозапдниот плански регион. „Единствено неможе да се реши проблемот за Лабуништа, додека маките кои ги трпат жителите на Вевчени, Подгорци и дел од Велешта, Октиси и Долна Белица, ќе станат минто. Со нашето решение сите отпадни канализациони води ги собираме со три собирни колектори, кои ќе ги донесеме до секундарниот колектор кој е веќе изведен“, вели Ѓоршоски.

„ Голем дел од колекторот на почетокот на Велешта, прифатната шахта ќе ги прифати сите отпадни води од вевчани од Подгорци, дел од велешта и од Октиси. Тоа техничко решение предвидува 120 литри вода во секунда тој колектор и сите води може да се внесат во колекторот кој кој почнува од велешта, во изведениот колектор. Од другата страна се зафаќаат отпадните води од Долна  белица и дел од велешта кој гравитира према патот (20 до 30 %) и сите се внесуваат во една собирна шахта и од тука се носат до пумпната станица, које е веќе изведена“, вели Ѓоршоски.
Тој додава дека решението кое го нудат не само што е многу лесно изводливо и ефтино, туку и може да се реализира без да се нарушат имотно правните односи.

kanalizacija Veleshta„ Со решавањето на овој проблем 90 % го решаваме и проблемот со феклната вода комплетно за велешта и колекторите за Вевчани за Подгорци, Долна белица и дел од Велешта од другата страна. Очекуваме дека проекотот е реален и возможен за реализација со многу малку средства спрема она што се очекуваше. Пронајдовме економско евтино решение во кое ќе го реше комплетно еколошкиот пролблем кој е посебно изразен поготово во летните месеци кога имаме големи концентрации на фекалии посебно од Вевчени кои се испуштаа во реката“, додава директорот  на „Хидро Градежен инжињеринг“.

Според изготвувачот на проектот милион евра со вклучен ДДВ се сосема доволно за комплетно да се реши целиот проблем. Ѓоршоски вели дека  проектанската цена е таа но додава дека и таа може да биде намалена за  20 тина  %.
Нарачател на проектот е Центарот за развој на Југозападниот плански регион, кој со овој зафатат сака да стави крај на еколошкиот проблем со кој се соочуваат жителите провлекува веќе десетина години во овој дел на Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top