Наставниците се жалат на проблеми со е-дневникот

Електронскиот дневник кочи и брише оценки, реагираат наставниците што мора да го користат овој софтвер за да ги информираат родителите за состојбата на оценките на нивните деца, пишува „инфо+“ порталот.

logo
Лого

Електронскиот дневник кочи и брише оценки, реагираат наставниците што мора да го користат овој софтвер за да ги информираат родителите за состојбата на оценките на нивните деца, пишува „инфо+“ порталот.

logoЕден од проблемите со кои се соочуваат е и тоа некогаш системот да им ги избрише веќе внесените оценки, па да мора од почеток да ја работат работата.

Наставници што сакаат да останат анонимни, велат дека впишуваат оценки и во слободно време, чекајќи системот да се активира.

– Ги навиваме будилниците во три ноќе. Системот кочи, не работи, брише сè што си напишал и мора пак да внесуваш – вели нашата соговорничка- наставник во основно училиште.

Портпаролот на Министерството за образование, Давор Политов, тврди дека платформата за е-дневникот е значително подобрена и функционира одлично, а од IT секторот во МОН, добил информација дека нема никаков застој, ниту поспоро функционирање на е-дневникот.

-Системот е централизиран, така што ако има проблем кај еден, ќе има проблем кај сите наставници. Ние имаме нова платформа која е усовршена и во моментов нема ниту една забелешка. Сигурно ако некој има проблем, ќе се јави во МОН. И сите наставници да се вклучат во исто време, системот нема да падне – ни изјави Политов.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top