Ознака: проблем

Пријави проблем, одговори го прашалникот, вклучи се!

Post Views: 0 Граѓанинот е двигател во едно демократско општество, а медиумите коректор на власта. Доколку сте засегнати од некаков проблем во општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца споделете со нас. Пополнете го прашалникот и пријавете лоши практики и однесување, непочитување на законите, криминал, корупција, недоследности, предизвици, секојдневни проблеми од општественото и социјалното живеење. Прашалникот можете да го пополнете ТУКА. Од Вас очекуваме предлози и сугестии за теми кои сакате да ги обработуваме. Ви стоиме на располагање да ни испраќате проблеми и недоследности од...

Continue reading

bebe

Плодна година

Post Views: 2 Одделението за гинекологија и акушерство од Струга, функционира како регионално. Посебно тоа е изразено од крај на месец август годинава, кога обемот на работа на ова одделение е зголемен дури за 100%. Началникот на ова одделение Др. Мухамед Асани, вели дека во сите сегменти од работењето во гинекологијата, бележат зголемени бројки, како на раѓања, контроли, прегледи така и на сите останати услуги кои што се во тој домен. Асани додава, дека позитивниот исход во справувањето со ваквиот тек на работа, е единствениот мотив да продолжат безрезервно да си ја извршуваат својата...

Continue reading

grobista italija

Градоначалникот им забранил да умираат

Post Views: 2 Во италијанското село Фалкано дел Масико, 50 километри од Неапол, од почетокот на овој месец умирањето е прогласено за нелегално. Градоначалникот на селото од околу 3.700 луѓе издаде декрет со кое се забранува умирање во ова место, затоа што селото нема гробишта, а  во конфликт е со соседниот град кој има гробишта. Судирот направи логистички проблем околу тоа што да се прави со починатите. Градоначалникот Џулио Чезаре Фава изјави дека селаните се задоволни со неговиот декрет. Со исклучок на  двајца мештани кои планираат да не го почитуваат декретот и да си умрат на раат....

Continue reading

smet

Голем еколошки проблем

Post Views: 0 Потегот на улицата Крум Точков, во пределот помеѓу  Калето и реката Грашница е оставен и претворен во целосна депонија каде се остава отпад од секаков вид  од страна на несовесните грагани, реагираат граѓани. Во допсито кој пристигна до ТВМ револтираните граѓани реагираат дела на овој потег  освен мештаните  секојдневно минуваат и туристи кои се сместени во хотелот Мизо, а дека оваа глетка и смрдеа претставува вистинска срамота за нашиот град. Револтирано велат дека не се  должни да газат низ фекалии и отпад за да стигнат до крајбрезјето кое е само на 50м одалечено...

Continue reading

konferencija

Сликата во затворите во Македонија е многу лоша

Post Views: 8 Државава се соочува со сериозни проблеми во затворските установи. Најголемиот проблем лежи во  затворот Идризово каде постојат минимум човечки услови за третман на затворениците. И корупцијата во затворите е голем проблем, велат добрите познавачи на приликите во овие поправно казнени установи. Во Охрид се одржува конференција на тема „Мониторинг во затворените институции во Македонија“ која ја организира хелсиншкиот комитет заедно со бугарскиот хелсиншки комитет. Претставникот на Хелсиншкиот комитет Христо Ивановски рече дека денес е добра прилика невладиниот сектор...

Continue reading

Пријави интерес за младинска независност

Post Views: 2 „Уште кога бевме мали, мама и тато велеа, учи за да бидеш човек. Јас ги послушав, учев, ама каков човек сум јас без работа“. Ова е девизата која ги повлече младите од Струга да отворат Младински Образовен Форум. Утре, во 18 часот, во општинската сала, тие ќе дискутираат за модерниот проблем на денешницата, а тоа е, како и каде да се детектираат причините за одлив на младите мозоци од Струга. Бранкица Затаракоска  координаторот на Младинскиот Образовен Форум вели, дојде време да се чуе гласот на младите околу проблемот со нивното вработување, каде е застојот на ова поле...

Continue reading

Фекалната канализација проблем во центарот на Охрид

Post Views: 8 Фекалната канализација повторно создава проблеми во градот. Денес, кај некогашниот ресторан Ориент, во близина на чинарот, се ширеше неподнослива реа од шахта која се прелеваше. Не е ништо ново, од канализационите шахти, посебно во градската чаршија, да се шири непријатна миризба, негодуваа минувачите кои ја заобиколуваа шахтата бидејќи околу неа имаше прелеано поголема количина фекална вода. Директорот на ЈП Нискоградба, Сашо Донев, информира дека уште утрово граѓани го пријавиле дефектот, но нивната екипа не можела да интервенира навреме бидејќи во непосредна близина...

Continue reading

Radozda

Министерот Јакупи ќе се заложи за Радожда

Post Views: 0 Радождани по се изгледа ќе бидат приклучени на долго очекуваниот колекторски систем. Барем таков беше впечатокот од денешните изјави на првиот човек на општина Струга, Рамиз Мерко, и Министерот на ЖСПП Неџати Јакупи. Деновиве, како што е веќе познато, жителите на ова место го подигнаа својот глас кон надлежните. Тие јавно побараа нивниот децениски проблем да се реши и конечно да ги почуствуваат благодетите од приклучувањето кон колекторскиот систем, наместо да стравуваат од инфекции и зарази кои можат да ги добијат од загадената вода со фекалии. Јакупи рече дека проблемот...

Continue reading

ruiniran objekt

Училиште на опасен терен

Post Views: 5 Подрачното училиште на Св. Климент Охридски во населба „Даљан“, во моментов се наоѓа меѓу објекти опасни по живот. Рушевини, паднати ѕидини, надвиснати кровни конструкции со искршени талпи, е сурово секојдневие на децата кои изведуваат настава во ова училиште. Да не зборуваме за околината околу овие објекти во која има секаков вид на комунален отпад од градежен шут па се до игли шприцеви остатоци од храна и друго. Оваа слика посебно го погодила Петар Панов некогашен жител на оваа населба, кој моментално живее и работи во странство. Тој вели дека дел од неговото детство...

Continue reading

kanalizacija

Комунален проблем стар десет години

Post Views: 2 Неодамна до нашата редакција пристигна допис од граѓани кои живеат на оваа улица, во кој тие реагираат во врска со отворена јама, од која истекува атмосферска и канализациона вода, која се собира во каналот пред нивните дворови. Тие се жалат дека во летниот период смрдеата која доаѓа од водата е неподнослива, додека за време на зимата се соочуваат со поплави. Поради лошото искуство со поплавите, некои од жителите се дури приморани да ги заштитат своите ќуќи со изградба на дополнителни потпорни ѕидови, кои сепак претставуваат привремена заштита од надојдените води во...

Continue reading

sepca

Македонија на чело на SEPCA

Post Views: 0 SEPCA е асоцијација на полициските служби од регионот каде што се вклучени директорите на полициите и нивните кабинети, со цел заедничко делување во регионот за сузбивање на организираниот криминал. Главни проблеми со кои се соочуваат земјите од регионот се: трговијата со дрога и луѓе, финансискиот криминал, корупцијата во администрацијата на институциите и тероризмот. Ваквиот став го делат директорите на полициските служби на Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Тие денеска се состанаа во Охрид, во чест на превземањето на претседателството на SEPCA...

Continue reading

Tito i Kenedi

Како Тито му го продаде на Кенеди „патот до Месечината“?

Post Views: 4 Со наслов „Хјустон, имаме проблем“ најавена е документарка за најголемата светска тајна на сите времиња. Вселенската програма на Југославија!Југословенската вселенска програма била водена од Херман Поточник – Нурдунг, Австро-Унгарски инжинер на ракети и поинер во космонаутиката (астронаутиката). Бил роден во Пула, Хрватска. Во 1948 година, по расправата на Тито со Сталин, програмата била „започната“ Кон крајот на 1960 година ЦИА открила дека Југославија поседува оперативна вселенска технологија. Во март 1961 година Југославија тајно ја продава комлетната програма на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top