• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Во регионов отпадот е главниот проблем за охриѓани, граѓанските организации и институциите

Во регионов отпадот е главниот проблем за охриѓани, граѓанските организации и институциите

 Во регионов отпадот  е главниот проблем за  охриѓани, граѓанските  организации и институциите.

 |  Валентина Неловска  | 

Охриѓани, граѓанските организации и институции како главен проблем за регионот го посочуваат проблемот со отпадот. Покрај овој проблем тие исто така укажале од неопходноста да се почитуваат барањата на Унеско во однос на градењето во Охрид, како и од штетноста на масовниот туризам за регионот. Здружението за заштита на животната средина Еден спроведе консултативните средби со овие три групи со цел да изградат Стратегија за развој на регионот, а сите овие чинители да учествуваат при донесувањето на одлуките, напоменува Драгана Велковска од Здружението Еден.

„Главен проблем беше посочен отпадот и несоодветното негово одстранување од локациите, можноста од загадувањето на животната средина, водата и воздухот. Потсетија на планираниот развој на регионот особено во градењето и инфраструктурата,  сметаат дека не е соодветен начинот и тоа да запре. Мора да се насочат надлежните во регионот кон интегративниот пристап и да ги спороведат барањата од Унеско“, наведува Велковска.

Од Здружението за заштита на животната средина Еден ја нагласуват потребата од соработка меѓу граѓаните, граѓанскиот сектор и институциите. Но ,при одржувањето на трите консултативни средби изненадени се од слабиот интерес на граѓаните. Велковска ја изнесува и нивната претпоставка зошто граѓаните се пасивни.

„Како генерален заклучок беше дека граѓаните не сметаат дека имаат моќ да ги сменат работите и залуден е нивниот придонес кон процесот на носење одлуки , дека тоа се прави формално и суштински не се слушаат нивните желби и потреби. Сметаат дека многу треба да се работи на тоа, на едукација како голема потреба во регионот“, кажува Велковска.

Наскоро Здружението Еден ќе ги презентира резултатите од анкетите и правните регулативи со НП Галичица. Во тек е и социоекономската анализа на регионот и Влијанието врз биодиверзитетот на проектите кои се предлагаат, напоменува Велковска.

Консулативните средби кои ги реализира Здружението за заштита на животната средина Еден се финансиски поддржани од ИПА 2 механизмот за граѓанските организации во Македонија и Глобалниот гринд гранд фонд .

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top