Ознака: проблемите

asp

Бакрачески во посета на компанијата АСП-ПАК

Post Views: 9 Градоначалникот Никола Бакрачески продолжува со своите посети на охридските стопански капацитети. Денес тој беше во АСП фабриката за производство на вреќи каде се запозна со производствениот процес како и со проблемите со кои тие секојдневно се соочуваат. Цел на Локалната Самоуправа е преку соработка, во рамки на своите ингеренции да им помогне на производствените капацитети во развојните стратегии, нагласи Бакрачески. Додаде дека еден од проблемите со кој се соочуваат компаниите е недостаток на квалификуван работен кадар и точно во тој дел ќе се одвива нивната соработка. „Ние...

Continue reading

writing

Што откриваат чкртаниците кои несвесно ги цртаме?

Post Views: 1 Дали и вие цртате разни нешта додека разговарате на телефон? Дејвид Спенсер, американски психолог, тврди дека врз основа на тие чкртаници може да откриеме многу нешта за својот карактер. 1. Спирали, непрекинати линииОвие лица често се вртат во круг. Никаде не брзаат и не сакаат брзи почетоци и завршетоци. За пријатели бираат паметни и по малку таинствени лица склони кон филозофирање. Ова се лица кои немаат јасна визија за иднината туку и се препуштаат на случајноста. 2. Цвеќе, сонцеПолни со оптимизам, на овие луѓе сите им завидуваат. Секогаш се добро расположени, па...

Continue reading

sednica

Информациите од Локалната Охрид, за некои лесно достапни, за некои потешко

Post Views: 10   Граѓаните на Охрид на разни начини преку медиумите, избраниците во градскиот совет  дирекно во локалната администрација бараат одговори на прашања поврзани со проблемите кои секојдневно ги тиштат.  Комуналните проблеми, шалтерскот работење во институциите, вработувањето како и проблемите од сферата на урбанизмот сеуште најактуелни кај граѓаните на Охрид.  Во секое време сме достапни и нашите простории се отворени за нашите граѓани вели Илија Арнаудовски координаторот на советниците од ВМРО – ДПМНЕ. „Досега нема, ретко да се случи наидеме на некоја препрека секаогаш...

Continue reading

turisti

Полека се става крај на проблемите кои ги имаа туристичките водичи во градов

Post Views: 6 Полека ама сигурно се става крај на проблемите кои ги имаа туристичките водичи во градов. Климент Наумов од охридското здружение на туристички водичи „Кеј“ вели дека нивната најголема главоболка а тоа е нелојалната конкуренција се намалува. Согласно Законот за туристичка дејност, туристички водич не може да биде странски државјанин. Тоа може да биде единствено локален водич- лице кое го положило стручниот испит, регистрирано да ја извршува дејноста, државјанин на РМ и со завршено минимум средно образование. –Оваа година сето тоа е ставено на едно повисоко ниво....

Continue reading

Trpejca

Бакрачески во посета на Трпејца

Post Views: 0 Дислокација на една од трафостаниците, слаб притисок на водата, немање паркинг простор, изградба на пречистителна станица се само дел од проблемите кои ги засегаат трпејчани. Денес, тие имаа можност лично на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески да му укажат на овие потреби. Градоначалникот ги сослуша и вети во догледно време дека лично тој и службите на Локалната Самоуправа ќе се заложат да се подобри живеењето на месното население во Трпејца, со цел и тие да ги подобрат услугите кои им ги даваат на гостите. Бакрачески нагласи дека изградба на пречистителна станица...

Continue reading

deformiteti

Кои се најчестите проблеми во мускулно-скелетниот систем кај охриѓани?

Post Views: 6 Согласно возраста, карактеристични проблеми во мускулно-скелетниот систем кај охриѓани. Современиот начин на живот си носи специфични проблеми. За помладите охриѓани најсериозни последици предизвикуваат бројните обврски и долгите часови поминати во своите училишта и пред компјутер, додека пак кај постарите охриѓани главен фактор за појава на проблемите во мускулно-скелетниот систем покрај работењето во седечка положба е и слабата физичка активност која ја намалува способноста на мускулите да го држат телото во текот на денот. „Тие се соочуваат со проблеми и деформитети...

Continue reading

kosel

Спасески се сретна со коселчани

Post Views: 1 Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, во посета на Косел. И покрај тоа што досега во  Косел се вложени многу средства за асфалтирање на патишта, сепак мештаните имаат забелешки, вели Спасески. Според него главно тие се однесуваат точно на делот на кој Локалната самоуправа, Охрид во моментов изведува работи во оваа општина. „Граѓаните генерално имаат барања во однос на подобрување на условите за живот, она што е и наш приоритет како Локална Самоуправа, значи согласно програмата за работа и наша интенција е да создадеме подобри услови за живот на сите граѓани...

Continue reading

teatar

Дали ќе го видиме Охридскиот театар со претстава?

Post Views: 2 Дали се веќе минато проблемите поради кои Охридскиот народен театар не одиграл ниту една претстава цели шест месеци? Телевизија ТВМ во неколку наврати бараше информации околу тоа кои се овие проблеми, дали се тие надминати и кога ќе започне новата театарска сезона во Охрид, меѓутоа секогаш ни беше одговарано дека не е погоден моментот да се коментира ова прашање. За таа цел, на 12 Февруари се обративме и до Министерството за култура. Ги запрашавме дали се запознати со случувањата во охридскиот театар и кои се причините поради кои неколку пати се одложи почетокот на театарската...

Continue reading

pat erazmo

Бакрачески: Она што е договорено ќе биде реализирано

Post Views: 0 Како што ТВМ неодамна информираше, пристапот до  реномираната Специјалната болница за ортопедија и трауматологија  „Св Еразмо“, Охрид, е комплициран за пациентите кои доаѓаат од другите градови, бидејќи нема ниту една сообраќајна ознака која ќе ве одведе таму. Исто така пристапниот пат до таму е изрешетан со ударни дупки, а во ноќните часови лесно може овој комплекс да го одминете затоа што не е осветлен. градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески со оптимистички најави во врска со ова. „Ние сме во постојана комуникација со Агенцијата за патишта и постојано ги известуваме...

Continue reading

redici

Охридските потрошувачи најмногу се жалат на мобилните оператори

Post Views: 0 Од што најмногу не се заодоволни охридските потрошувачи? Работата на мобилните оператори, но и продажбата на техничка роба им задаа најмногу главоболки на охриѓани. Ова се само првичните информации кои доаѓаат од Ѓорѓи Бошалески раководителот на пазарната инспекција. Оттаму продолжуваат со редовните контроли, а според зборовите на Бошалески, охридските потрошувачи до нив најмногу се пожалиле токму во врска проблемите со мобилните оператори и продавниците на техничка роба. Повеќе за овој проблем информирајте се во првото издание на ТВМ „Телевизија“. {loadposition con...

Continue reading

средба

Осломеј можна локација за изградба на регионална депонија

Post Views: 2 Неофицијално, но многу веројатно во Осломеј ќе биде  изградена  регионална депонија. Во  Југоисточниот плански регион, кој опфаќа 9 општини, формирани се стручни служби и избран е претседател на регионалниот одбор за управуавње со отпад. Сите предуслови за користење на средствата од 3-тата компонента на ИПА се исполнети за да се отпочне  реализацијата на овој проект, информира Мирјана Лозаноска, директор на Центарот за развој на југозападниот плански регион. „ Следен чекор е изградба на регионален план за управуавње со отпад и сите натамошни процеси. Во југозападниот...

Continue reading

centar za kultura

Нови вработувања во Центарот за култура „Григор Прличев“

Post Views: 7 Во Центарот за култура Григор Прличев ќе има десет нови вработувања. Тие ќе се реализираат преку владиниот проект за вработување на социјално загрозени лица или лица од ранливите групи. Овие вработувања добро ќе ни дојдат затоа што веќе подолго време кубуриме со технички персонал бидејќи дел од врботените си заминаа во пензија, вели директорката на центарот, Драгана Боцевска. Таа додава дека со новите вработување би требало да се надмине и проблемот во театарот. Како што веќе е познато во два наврати беше откажан почетокот на театарската сезона. Директорката кажува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top