Бакрачески во посета на Трпејца

Никола Бакрачески, градоначалникот на Охрид, во посета на Трпејца. Таму оствари средба со мештаните, ги слушна нивните проблеми и рече дека ќе се заложи за нивно надминување. Дислокација на една од трафостаниците, слаб притисок на водата, немање паркинг простор, изградба на пречистителна станица се само дел од проблемите кои ги тиштат мештаните на оваа преубава туристичка населба.

 |  Николоска Биљана  | 
Trpejca
трпејца

TrpejcaДислокација на една од трафостаниците, слаб притисок на водата, немање паркинг простор, изградба на пречистителна станица се само дел од проблемите кои ги засегаат трпејчани. Денес, тие имаа можност лично на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески да му укажат на овие потреби. Градоначалникот ги сослуша и вети во догледно време дека лично тој и службите на Локалната Самоуправа ќе се заложат да се подобри живеењето на месното население во Трпејца, со цел и тие да ги подобрат услугите кои им ги даваат на гостите. Бакрачески нагласи дека изградба на пречистителна станица е од фундаментално значење за оваа туристичка населба.

„Ние уште од минатата година поведовме иницијатива за дефинитивно решение на проблемот со фекалната канализација во Трпејца и изградба на пречистителна станица. Преку Југозападниот плански регион успеавме да обезбедиме средства со кои што се изработи физибилити студија за изградба на пречистителна станица и во тек се финалните подготовки на проектната документација за изградба на фекалната канализација“.

TrpejcaПроблемите во Трпејца не се нешто ново, тие се одамна и до ден денес не се решени вели Пере Ангелоски од МЗ Трпејца.

„Седнавме поразговаравме со градоначалникот го запознавме со сите проблеми, градоначалникот ни даде некои објаснувања, дека на дел од проблемите работат на нивно решавање, а дел од тие проблеми вети дека за кратко време ќе бидат сите решени“.

За изградба на системот за прочистување на отпадните води во тек биле неколку опции информираше градоначалникот. Тој не ја исклучува можноста средствата да ги оддели Локалната самоуправа на Охрид, исто така како опција според него би можело да се предвидат финансиските средства да бидат обезбедени од донација од Кинеската Влада, за што било разговарано уште во минатата година, но и од Центарот за развој и меѓународна соработка со Р. Словенија кои би дале 40 % од средствата грант а 60% како кредит со една година грејс период.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top