Кои се најчестите проблеми во мускулно-скелетниот систем кај охриѓани?

Современиот начин на живот и брзото темпо на живеење причина број еден за се позачестените проблеми во мускулно-скелетниот систем кај граѓаните. Терапевтите препорачуваат превентивно делување.

 |  Мишел Наумоски  | 
deformiteti
деформитети

Согласно возраста, карактеристични проблеми во мускулно-скелетниот систем кај охриѓани. Современиот начин на живот си носи специфични проблеми. За помладите охриѓани најсериозни последици предизвикуваат бројните обврски и долгите часови поминати во своите училишта и пред компјутер, додека пак кај постарите охриѓани главен фактор за појава на проблемите во мускулно-скелетниот систем покрај работењето во седечка положба е и слабата физичка активност која ја намалува способноста на мускулите да го држат телото во текот на денот.

pilates„Тие се соочуваат со проблеми и деформитети на рбетниот столб. Веќе се среќаваме со доста деца кои имаат прекумерна тежина, нема актовности, а се трупаат калории. Тие деца со тек на време секако дека ќе им се појават и посериозни проблеми. Ако се вратиме на онаа возрасна граница, еве ние или оние повозрасните се почесто се среќаваме со луѓе кои имаат проблем во пределот на рбетот и на долниот и на горниот дел. Сето тоа се проблеми кои што можат да доведат до уште поголеми проблеми ако навреме не се преземат некои мерки. Тоа се проблеми со спондилозата, вратната спондилоза, проблеми со лумбо-ишијалгијата, проблем со дискус хернијата.“-вели кинезитерапевтот, Јован Каланоски.

fizicka aktivnostКаланоски вели дека проблемите во мускулно-скелетниот систем се доста сериозни, но смета дека со малку повеќе  одвоено време лесно можат да бидат отстранети.

„Рехабилитацијата најчесто ја гледаме, и превентивата во таа физичка активност. Секако дека има мал дел кој делува и психата кај луѓето. Често се среќаваме со клиенти кои заради премногу напнатост, заради преголема психичка оптовареност имаат проблеми во пределот на вратот и главата. Таа психичка стенгатост доведува до намалена циркулација, до еден спазам на мускулатурата кој ја блокира циркулацијата. Често се среќаваме со главоболки. Значи физичка актовност и психичка релаксација си помагаат во овој дел, така да треба да внимаваме и на едниот и на другиот фактор.“-рече тој.

Доколку сепак дојде до појава на било каков проблем во мускулно-скелетниот систем, Каланоски вели дека со примена на соодветни вежби, медицински масажи и истегнувања на телото, овие проблеми може да се корегираат, па дури и во целост да се решат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top