Дали ќе го видиме Охридскиот театар со претстава?

Раководните лица во Центарот за култура и Охридскиот народен театар велат дека во моментот се преговара со режисерите чиишто претстави ќе се играат во идниот период.

 |  Мишел Наумоски  | 
teatar
театар

Дали се веќе минато проблемите поради кои Охридскиот народен театар не одиграл ниту една претстава цели шест месеци? Телевизија ТВМ во неколку наврати бараше информации околу тоа кои се овие проблеми, дали се тие надминати и кога ќе започне новата театарска сезона во Охрид, меѓутоа секогаш ни беше одговарано дека не е погоден моментот да се коментира ова прашање. За таа цел, на 12 Февруари се обративме и до Министерството за култура.

Son na letnata nokjГи запрашавме дали се запознати со случувањата во охридскиот театар и кои се причините поради кои неколку пати се одложи почетокот на театарската сезона. Меѓутоа од таму ни одговорија дури после дваесет дена преупатувајќи не до директорката на Центарот за култура и уметничкиот директор на Охридскиот театар. Денес, по нешто повеќе од месец дена добивме информација токму од уметничкиот директор на театарот, Горан Стојаноски дека во моментот Центарот за култура е во фаза на преговарање со режисери чии што претстави ќе се играат во наредниот период. Стојаноски не информираше дека најверојатно веќе од понеделник ќе бидат обелоденети повеќе детали околу тоа кога Охридскиот народен театар ќе започне со поставување на претстави во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Noki vo bel saten„Од Директорката на Центарот, Драгана Боцеска Добивме информација дека денес актерите на Охридскиот театар имале средба со режисерот Кире Петрески, со чија претстава „На дното“ најверојатно ќе започне овогодинешната театарска сезона. Боцеска вели дека доколку се оди како што треба, претставата би била поставена на репертоарот некаде на крајот на месец Април.“

Само за потсетување, последната претстава со која настапи Охридскиот народен театар беше „Сон на летната ноќ“ на хрватскиот режисер Иван Лео Лемо, претстава која премиерно беше изведена на 7ми Август 2013та година во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Ова воедно беше и претставата која беше најавено дека ќе го означи и почетокот на новата театарска сезона. Сепак тоа не се случи.

Centar za kulturaНајпрво беше откажано одигрувањето на оваа претстава, за потоа да се најави дека најверојатно сезоната ќе биде отворена со друга. Причините кои тогаш беа наведени за одложувањето на претставата „Сон на летната ноќ“ беа проблеми со техничкиот персонал кој игра во претставата. Откако стана јасно дека оваа претстава нема да се одигра, еден месец подоцна, на 11ти Декември, охридската театарска сезона ја отвори велешкиот театар со претставата „Ноќи во бел сатен“. Театарот понуди прекрасен хумор и ги насмеа охриѓани, меѓутоа остана фактот дека цели шест месеци по одигрувањето на последната претстава „Сон на летната ноќ“, нашиот театар сеуште не поставил претстава на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“. Дали проблемите со техничкиот персонал навистина беа причината која ја одложи театарската сезона цели шест месеци, најверојатно ќе откриеме во понеделник.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top