Ознака: претпријатија

sdsm

ВМРО ДПМНЕ врши политички реваншизам, обвинуваат од ОО НА СДСМ

Post Views: 3   Чист политички реваншизам се спроведува врз вработените од страна на општинската власт во единицата за Локална самоуправа и по јавните претпријатија, велат од Општинската организација на СДСМ. Од таму тврдат дека со измените на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места во општината и по јавните претпријатија, извршени од страна на управувачката и раководната структура на ДПМНЕ, општинската власт си зела за право да спроведува чистка од политички причини. На вработените секојдневно им се делат нови решенија, со кои се врши нивно несоодветно...

Continue reading

Општина Охрид

Локална: плоштадот кај старата библиотека е исполнување на ветеното од Градоначалникот

Post Views: 14   „Наместо политичка партија, која ќе има јасно дефинирана агенда и изграден став по одредени прашања, СДСМ од Охрид се претвора во класична малограѓанска групација со чаршиски пристап за одредени состојби.“- се вели во реакцијата од Локалната самоуправа на прес конференцијата на ОО на СДСМ Охрид. Тоа што Градоначалникот Бакрачески и општина Охрид го прават во изминатите 7 месеци е подобрување на јавната инфраструктура и осовременување на јавниот простор, преку вклучување на општинските јавни претпријатија во нивната реализацијата. Нешто што беше апсолутно незамисливо...

Continue reading

gimnazija

Градоначалникот назначи нов в.д директор на охридската гимназија

Post Views: 19 Градоначалникот Бакрачески стави крај на шпекулациите околу директорската функција во гимназијата „Свети Климент Охридски“. На местото од досегашниот вршител на должноста, Никола Тренески, од денес назначен нов в.д директор. Секретарот на општината, Димитар Спасески рече дека во иднина ќе следи донесување на решение за објавување на нов оглас за директор кога ќе се смират страстите во охридската гимназија. „Денес е именуван нов в.д директор, тоа е професорката Вера Јовческа, професор по математика. Со тоа практично завршуваат сите комбинаторики кои во јавноста излегоа...

Continue reading

maucker

На Мауцкер се подготвува терен за индустриска зона

Post Views: 39 Се подготвува терен за изградба на новата индустриска зона кај Мауцкер. Како што открива градоначалникот Никола Бакрачески во завршна фаза е планската документација за оваа развојна зона, и смета дека до крајот на оваа календарска година истата треба целокупно да се  заврши. „До крајот на годинава и така се зададени рокови до Секторот за урбанизам и Секторот за комунален развј и сообраќај, имаат обврска до крајот на годината да ја завршат целокупната планска документација и веднаш после тоа да се спроведе постапка за поделба на таа индустриска зона на парцели и да се...

Continue reading

ssm

Во синдикатот побројни вработените од јавните претпријатија

Post Views: 0 Претседателот на Сојузот  на синдикати на Македонија, Живко Митрески  во посета на охридскиот регионален синдикат. Првите синдикалци остварија средби  со синдикалните организации во неколку приватни и јавни претпријатија во градот. Со посетата ќе се анализараат   спроведувањето на Законот за минимална плата, степенот на синдикална организираност, а ќе се  утврдуваат и потребите за формирање на локален економски социјален совет, информира  Митрески. Законот за минимална плата почна да ги дава ефектите  и да се почитува освен во мал број приватни претпријатија, посочува...

Continue reading

седница

Усвоени извештаите за работа на охридските јавни претпријатија за периодот април – јуни

Post Views: 6 На  обемниот Дневен ред советниците ги разледуваа и усвои  точките кои се однесуваа на Годишните програми за работа  на основните и  средните училишта за периодот  2013 /2014 година. Исто така, беа усвоени и Програмите за изведување на училишните екскурзии. Поголема дискусија советниците поведоа околку точките за Извешатите од работењето на 8-те јавни претпријатија за пеиродот од 1 април до 30 јуни.Советниците дадоа зелено светло за извештаите, но при тоа го кажаа своите видувања и предлози за финасиското работење и работата воопшто на некои претпријатија.  Советникот...

Continue reading

vmro np

ВМРО НП: Се вршат притисоци врз доверителите за да се откажат од побарувањата кон општината

Post Views: 9 ВМРО Народна партија даде своја оценка на досегашното работење на новата локална самоуправа. Тие сметаат дека во изминатите 100 дена се правеле само куртоазни средби со одредени групи на граѓани, се асфалтирале некои помали улици, и одржувале манифестации кои години наназад биле одржувани. Од ВМРО Народна прашаа што е различно во поставувањето на урбаната опрема, освен новата давачка за угостителите за закуп на просторот. Од Народна сметаат дека најавуваните изградби на нова автобуска, затворен пазар и катна гаража веќе требало да се започнати, бидејќи за сите нив има...

Continue reading

alternativen turizam

Дебрца, Вевчани, Охрид, Струга, Корча и Поградец тргнуваат кон алтернативен туризам

Post Views: 15 Неколку рурални и неколку урбани општини од Македонија и Албанија буквално тргнуваат кон алтернативниот туризам. Водилка ќе им биде проектот кој го носи токму тој наслов, „Кон алтернативен туризам“, а го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија и невладината Партнерс Албанија. Денес ја имаа почетната работилница на која учество зедоа туристички работници и претставници од општините Дебрца, Вевчани, Охрид, Струга, Корча и Поградец. На работилницата ќе се идентификуваат неколку туристички потенцијали во регионот поврзани со алтернативниот туризам,...

Continue reading

cistenje grobista

Дали ќе згасне Погребално

Post Views: 2   Финалните анализи ќе покажат дали ЈП „Погребални услуги“, ќе продолжи со работа или ќе згасне, изјави градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, на денешната средба со менаџерскиот тим, на ЈП Градски Гробишта и претставниците на охридското муфтивство. Како што е познато ЈП Погребални услуги повеќе од година дена ја изгуби лиценцата за работа, има 2 вработени и 8 члена на Управен одбор. „После преземање на мандатот, веднаш дадов налог на службите да извршат анализа на работењето на Јавните претпријатија, вклучувајќи го и ЈП Погребални услуги, јас се сложувам со вашата...

Continue reading

pecurki

В шума по печурки само со дозвола

Post Views: 0 Собирањето на печурки, лековити растенија, смреки и останатите шумски плодови повеќе не е бесплатно. Луѓето кои собираат шумски плодови и на тој начин заработуваа, сега  ќе мора дел од заработката  да и плаќаат и на државата.  Од неодамна државата започна со  наплата на природното шумско богатство според Законот за шуми.  Собирачите на шумски плодови мора да обезбедат дозволи  кои се издаваат во ЈП „ Галичица“  поддружница на „Македонски шуми“.  Покрај собирачите на шумски плодови со вадњето дозволи под контрола ќе се стават и откупните претпријатија.  Според тарифникот...

Continue reading

akcija

Започна средување на зеленилото на повеќе локации

Post Views: 8 Работниците на Комуналец и другите јавни претпријатија денес сечеа гранки на дрвја и грмушки покрај патиштата. Денешната  акција за чистење на зеленилото  започна на неколку локации во градот и приградски населби, а ќе се одвива и на крајбрежјето. Итна е потребата од кастрење на гранките и разеленетите плотови на патот кој ги поврзува населбите  Видобишта и Велгошти, информира секретарот на Локалната самоуправа, Димитар Спасески. Појаснува дека освен на оваа локација се  работи и во стариот дел на градот на потегот од црквата Каменско до Горна Порта. Во план е расчистување...

Continue reading

Aleksandar Nikolovski

Николовски: Општината и дел од ЈП должат околу 33 милиони евра

Post Views: 1 Денес ќе го одржиме пресот со најмногу информации во оваа изборна кампања но за жал и  најтажниот прес за вистината со која се соочува општината Охрид“, рече Александар Николоски охридскиот пратеник од владеачката ВМРО ДПМНЕ. Тој потенцираше дека Бранко Црвенковски и Александар Петрески по сценариото од 1997 година наречено ТАТ Битола создале нов ТАТ во Охрид. Општина Охрид функционира како финансиска пирамида, рече Николовски. Тој на пресс конференцијата презентираше податоци за како што кажа точната задолженост на Општина Охрид и јавните претпријатија Проаква, Комуналец...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top