• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Усвоени извештаите за работа на охридските јавни претпријатија за периодот април – јуни

Усвоени извештаите за работа на охридските јавни претпријатија за периодот април – јуни

Усвоени извештаите за работа на охридските јавни претпријатија  за периодот април – јуни.

 |  Валентина Неловска  | 
седница
седница

На  обемниот Дневен ред советниците ги разледуваа и усвои  точките кои се однесуваа на Годишните програми за работа  на основните и  средните училишта за периодот  2013 /2014 година. Исто така, беа усвоени и Програмите за изведување на училишните екскурзии. Поголема дискусија советниците поведоа околку точките за Извешатите од работењето на 8-те јавни претпријатија за пеиродот од 1 април до 30 јуни.
Советниците дадоа зелено светло за извештаите, но при тоа го кажаа своите видувања и предлози за финасиското работење и работата воопшто на некои претпријатија.  Советникот од редовитена СДСМ Томислав Тунтев кажа дека нивната коалиција ќе ги изгласа извештаите без предрасуди кој ја води компанијата туку како ќе ја води во иднина.
советници
Советникот од Социјалистичката партија Љубомир Чаулев нагласи за приоритетната потреба Охридски комуналец да набави специјални возила за чистење на тесните улички во стар град. Ова лето претпијатието користело позајмени возила од скопска општина па предложи ако комуналец не е во можност самостојно да  набави  вакви возила тогаш Локалната самоуправа да го стори тоа на најсоодветен начин.

Дејан Блажески од Либерално демократската партија се задржа на извешатите за работа на  ЈП „Билјанини Извори“ и  „Нискоградба“. Блажески воочи  на ставки кои укажуваат на лошо финасиско работење во двете претпријатија. Укажа на фактот дека вработените во „Билјанини Извори“ и понатака не зеле  плата  скоро 6 месеци. Вработените пак, во „Нискоградба“ не ја обавувале својата основна дејност за која се формирани туку одржувале зелени површини и изведувале бекатон поплочувања. Нискоградба годинава изградила само 700 м водоводна мрежа додека лани во истиот период биле изградени скро двојно повеќе метри  водовод , кажа Блажески. Секретарот Димитар Спасески ги негираше ваквите тврдења и рече дека претпријатијата работеле по планирани проекти и согласно законските прописи па оставрувале и подобри резултати од порано.
Томислав Тунтев предложи конечно да се обезбеди лиценца за работа на ЈП Погребални услуги или во споротивно советот  да донесе одлука за згаснување на ова претпоријатие и да се запре агонијата на тамошните вработени.

Советниците донесоа едногласни одлуки и за предлог иницијативата за изменување и дополнување на Статутот на општина Охрид, Предлог Одлука за измена и дополнување Одлуката за организирање на режимот на сообраќај на дел на територија на Охрид, а донесоа одлука и за леглизација на параклисот Св. Јован Крстител во Трпејаца. Одлучуваа за донесување и на повеќе урабнистички плански  документација за Охрид и околните села.  

{loadposition content9} 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top