• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Локална: плоштадот кај старата библиотека е исполнување на ветеното од Градоначалникот

Локална: плоштадот кај старата библиотека е исполнување на ветеното од Градоначалникот

„Наместо политичка партија, која ќе има јасно дефинирана агенда и изграден став по одредени прашања, СДСМ од Охрид се претвора во класична малограѓанска групација со чаршиски пристап за одредени состојби.“- се вели во реакцијата од Локалната самоуправа на прес конференцијата на ОО на СДСМ Охрид.

 |   | 
Општина Охрид
Opstina Ohrid

 

„Наместо политичка партија, која ќе има јасно дефинирана агенда и изграден став по одредени прашања, СДСМ од Охрид се претвора во класична малограѓанска групација со чаршиски пристап за одредени состојби.“- се вели во реакцијата од Локалната самоуправа на прес конференцијата на ОО на СДСМ Охрид.

Општина ОхридТоа што Градоначалникот Бакрачески и општина Охрид го прават во изминатите 7 месеци е подобрување на јавната инфраструктура и осовременување на јавниот простор, преку вклучување на општинските јавни претпријатија во нивната реализацијата. Нешто што беше апсолутно незамисливо во 8 годишниот мандат на СДСМ во Охрид. Јавниот интерес и општинските јавни претпријатија никогаш не котирале на листата за поддршка на СДСМ во Охрид. Токму затоа и покрај тоа што во нивниот мандат не е реализиран ниту еден единствен капитален објект во општината, само две охридски приватни градежни фирми блиски до СДСМ и поранешниот градоначалник, наплатиле точно 310 милиони 650 илјади денари пари од општинскиот буџет и дополнително ја задолжиле општината за  уште 40 милиони денари. На овој начин, наместо за уредување на јавни површини кои ќе бидат во функција на граѓаните, како што е изградбата на малиот современ градски плоштад, со години парите од граѓаните се одлевале за некои други интереси.
Градоначалникот Бакрачески и Владата на Р.Македонија ги реализираат своите ветувања, онака како што ветија пред граѓаните на Охрид. И преку изградба на малиот градски плоштад и преку профункционирањето на спортската сала ” Тодор Александров” во Велгошти, преку отворањето на детски градинки, асфалтирање на улици во градот и приградските населби и преку проектот за автопатско поврзување Охрид и Кичево и уште многу други започнати проекти.
За жал, охриѓани неможат да се сетат на ниту еден проект кој СДСМ го реализира во Охрид, освен оној за катаклизмично финансиско уништување на локалната самоуправа, проект кој многу успешно го спороведоа во општината и јавните општински претпријатија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top