Ознака: претпријатија

Komunalec

Пораст на сметките за ѓубретарина

Post Views: 1 Давачката за ѓубретарина може да се зголеми, најавува Комуналец по најновата одлука за зголемување на цената на струјата. Растот на цената на  нафтата  исто така се рефлектира  и ја отежнува работата на ЈП „Охридски Комуналец“, истакнува првиот човек Сашо Алчев. Дадов иницијатива до еснафското здружение АТКОМ и Сојузот на стопанските комори да побараат од Владата да се откаже од акцизата и давачките кои јавните комунални претпријатија ги имаат во делот на бензинот и дизел горивото ама и по три месеци  одговор сеуште нема, кажува Алчев. Првиот човек на Комуналец вели...

Continue reading

седница

Советниците работно до крај-утре нова седница

Post Views: 0 Утре ќе се одржи 42 седница на Советот на општина Охрид. Дневниот ред составен од 44 точки ветува сериозна дискусија. Најзвучна и веројатно најважна точка на дневниот ред е предлог буџетот на општината за 2012 година. Оваа точка е редовно извор на несогласувања помеѓу советниците, па останува да видиме за што е планирано да се трошат општинските пари. Сепак, буџетот не е единствената интересна точка на дневниот ред. Тука се и неколкуте точки за програмите за работа на јавните претпријатија од градов. Иако изгледаат неатрактивно, сепак работењето на охридските јавни претпријатија...

Continue reading

jp gradski grobishta

ЈП „Градски гробишта“ бара долгорочен кредит

Post Views: 4 Едно од најинтересните прашања на денешната 39 седница на Советот на општина Охрид беше секако предлог одлуката за кредитно задолжување на јавното претпријатие „Градски гробишта“. Кредитот во висина од 60.000 евра наменет за тековни инвестиции не наиде на одобрување кај советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.  Како и кај сите досегашни предлози за задолжувања на јавните претпријатија, советниците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека тие се непотребни и неоправдани и дека се резултат на избрзани одлуки на локалната самоуправа. „Мислам дека како претпријатија што имаат монополска позиција...

Continue reading

opshtina

Финансиски рапорт на јавните претпријатија

Post Views: 11 На утрешната 31- седница на советот на Општината, охридските советници ќе расправаат околу финансиското работење на јавните претпријатија  и општинските училишта. Исто така, на дневен ред ќе се најде и Предлог одлуката за усвојување на дополнувањето на Годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид. Финансиското работење на охридските јавни претпријатија, тема на утрешната седница на советот на општината. Покрај јавните претпријатија, извештај за своето работење пред советниците, ќе поднесе и Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат. И усвојувањето...

Continue reading

Lokalna

Од жешко, пожешко

Post Views: 10 Секретарот Димитрија Вревезоски  во одбрана на Локалната, одговори и на вчерашните обвинувања на Михаилов, упатени на адреса на Општината и работењето на новоформираните јавни претпријатија. Секретарот на општината Димитрија Вревезоски, со надополнување на неодамнешната прес конференцијата, на која говореа раководителите на сите сектори во општината и директорот на Ј.П. Комуналец. Вревезоски истакна дека чувствува потреба да дообјасни некои работи кои навлегуваат во законската регулатива, за кои вчера обвинуваше Михаилов. Формирањето на новите ЈП-ја, ЛС не го правела...

Continue reading

Adkom

Годишно собрание на АДКОМ

Post Views: 0 Поднесен извештајот за работата на АДКОМ. И годинава традиционално, ден пред Водици, Здружението на даватели на комунални услуги на Р. Македонија го одржа годишното собрание. На  состанокот беше презентирана предлог програмата за работа на АДКОМ за 2011 год. Оформување на база за подобро делување на комуналните претпријатија во земјава е главна цел за која лобирање пред Централната власт истакна потпретседателот на АДКОМ, Музафер Мурати. Мурати признава дека постојат низа проблеми од комуналната сфера, пред кои мора цврсто да се застане за да се надминат. Тој остави...

Continue reading

sednica

Турбулентна седница на Советот на општината

Post Views: 10 Урбанизмот, работата на јавните претпријатија и формирање на нови како и потребата од кредитното задолжување на општината, беа точките околу кои на големо дискутираа советниците на ова 27-мо издание на седницата на советот. Ги усвоија предлог одлуките за основање на три нови јавни претпријатиа,  следбеници на ЈП „Охридски Комуналец“. Станува збор за основање на ЈП за управување со градски гробишта, ЈП, за управување на пазари на гоелмо и мало и ЈП за вршење на погребни услуги.Охридските советници најмногу се исторошија околу извештаите за работењето на јавните претпријатија...

Continue reading

regionalna konferencija

Како до вистински бизнис избор

Post Views: 5 Можат ли македонските мали и средни компании да ги пронајдат вистинските бизнис партнери во Европа и регионот? Иако постојат толку многу можности за партнерства, информации за фондови, иницијативи и проекти, сепак се потребни големи предзнаења и вложување на многу напор. Enterprise Europe network или мрежата на бизнис можности, преку Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, им овозможува на малите и средни претпријатија бесплатно да започнат соработка со друга компанија од регионот како и од Европа, вели Бернард  Делакур, од Европската агенција за...

Continue reading

Opshtina

Конечно изгласани управните одбори и планските документации

Post Views: 2 Заврши 21-та седница на Совет. Може да се каже дека истата помина во знакот на бело и црно, или позиција и опозиција. Советниците започнаа вербални препукувања, најпрво по однос на точките кои се однесуваа на предлог одлуките за именување на членови во упрвани и надзорни одбори на новите Јавни претпријатија. „Слушајќи ги имињата и презимињата на предложените не можам да не забележам дека предложените се партиски војници и блиски на раководните структури во Јавните претпријатија. Ова само по себе кажува дека одборите ќе работат по налог на директорите на ЈП, а тоа не...

Continue reading

jp Komunalec

„Охридски Комуналец“ се подели на три нови јавни претпријатиа

Post Views: 0 Едното ќе раководи со градските гробишта, другото ќе врши погребални услуги, додека третото ќе управува со пазарите. Финансиското работење сите три јавни претпријатија, останува да биде раководено од страна на „Комуналец“.Охрид доби уште три нови јавни претпријатија. На дваесеттата седница на советот, беа усвоени одлуките за формирање на трите нови претрпијатија, од постоечекото ЈКП, „Охридски комуналец“. Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, се сомневаат во успешноста на спроведувањето на поделбата како и во нивното ефективно понатамошно функционирање, како посебни...

Continue reading

pres javni p-ja

Локалната со сопствени сили и ресурси се справува со проблемите

Post Views: 1 Покачувањето на нивото на Охридското Езеро, ја раздрма локалната самоуправа. Од таму велат дека се преземени низа активности за заштита на населението во градските и приградските средини. Тим од локалната, покрај тоа што во координација со Дирекцијата за заштита и спасување е постојано на терен, работи и самостојно, вели Емин Селман, раководител на секторот за комунални дејности. „Прво го заштитивме цевоводот од пумпната станица од Пештани до Елешец. Следна наша активност која ја спроведуваме секојдневно е чистење на речното корито во Даљан, на Коселска Река и Грашница“-...

Continue reading

Дали Охрид и Струга ќе имаат засебни претпријатија на Проаква?

Post Views: 3 Согласност за раздружување на меѓуопштинското ЈП Проаква, од владата на Република Македонија, односно од Министерот за финансии Зоран Ставрев,  денеска побараа од партијата ВМРО Народна. Двете организации кои би настанале со поделбата, без никакви технички проблеми би продолжиле со својата работа. „Од истото ниту би трпеле граѓаните, ниту пак вработените, а со тоа единствено ќе им се олесни работата на работните групи кои делуваат на овој терен. Ефектот од ова раздвојување би бил многу поголем како техничко технолошки, така и персонално, односно административно. Имено...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top