Финансиски рапорт на јавните претпријатија

На утрешната 31- седница на советот на Општината, охридските советници ќе расправаат околу финансиското работење на јавните претпријатија  и општинските училишта.

 |  Крсте Голабовски  | 
opshtina
Општина

sednicaНа утрешната 31- седница на советот на Општината, охридските советници ќе расправаат околу финансиското работење на јавните претпријатија  и општинските училишта.

Исто така, на дневен ред ќе се најде и Предлог одлуката за усвојување на дополнувањето на Годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид.

Финансиското работење на охридските јавни претпријатија, тема на утрешната седница на советот на општината. Покрај јавните претпријатија, извештај за своето работење пред советниците, ќе поднесе и Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат. И усвојувањето на Извештајот за остварените приходи и извршените трошоци на буџетот како и завршната сметка на буџетот на  Општина Охрид за 2010 година, се точки кои се наоѓаат на дневниот ред на утрешната седница.Исто така на седницата на советот ќе бидат разгледани извештаите за финансиското работење на 14-те општински училишта.

Предлог одлуката за усвојување на дополнувањето на Годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид, проблематика за која на минатата седница на големо се дискутираше, повторно на дневниот ред на седницата на советот.

Ниту ова издание на седница на Советот, нема да помине без точки од сферата на урбанизмот, па така утре на дневниот ред ќе се најде и Предлог Одлуката  за усвојување  на дополнувањето на  Програмата  за изработка на  урбанистички планови за 2011 година. Останува да видиме, дали советниците ќе успеат да посветат доволно внимание на проблематиките за кои треба да расправаат, со оглед на тоа дека почетокот на ова издание на седницата е закажан за 14 часот.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top