Ознака: претпријатија

jugozapaden region

Во Југозападниот регион најбројни се микро претпријатијата

Post Views: 8 99% микро претпријатија во кои се вработени не повеќе од 10 вработени се најбројни во Југозападниот плански регион, изјави раководителот на Центарот за развој на ЈПР Мирјана Лозаноска.  Таа нагласи дека се организираат работилници со цел преку проектните активности да се дадат насоки на приватниот сектор за зголемување на економската ефикасност, а со самото тоа да се привлечат нови домашни и странски инвестиции, да се креираат и нови работни места како и да се подобри животниот стандард на луѓето. „Тоа ќе го направиме преку неколку клучни активности, денес ќе започнеме...

Continue reading

LOGO

Струга доби бизнис центар за поддршка на малите и средни претпријатија

Post Views: 1 Започнува со работа Бизнис центарот во Струга, кој ќе функционира во рамки на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Формирањето на Бизнис центарот за поддршка на малите и средни претпријатија е технички и финансиски помогнато од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации- УНДП. На свеченото отворање на центарот се очекува да присуствуваат министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани, претставникот на канцеларијата на УНДП во Скопје, Алесандро Фракасети и претседателот на Советот за развој на Југозападниот...

Continue reading

smetki

Компаниите, сметките за вода ќе ги добиваат исклучиво по електорнски пат

Post Views: 3 Од 1 април, идната година, јавните претпријатија да ги доставуваат сметките за вода за компаниите исклучиво по електронски пат, предвидуваат измените на Законот за снабдување со вода за пиење. Како што инфорира на отворената владина седница министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, на тој начин компаниите ќе си заштедат време и пари. Граѓаните, пак, сами ќе избираат дали ќе сакаат сметките да ги добиваат по електронски пат, со што  ќе се осигураат дека истите ќе ги добиваат навремено и ќе се намали праксата да им се губат сметките и да не можат да ги најдат, кажа...

Continue reading

Советниците денес ги усвоија извештаите за 2018 од работењето на општината и јавните претпријатија

Post Views: 2 На Дневен ред на општинскиот Совет денеска беа реализираните развојни програми на општината, финансиските завршни сметки на претријатијата и општински училишта за 2018. Советниците ги усвоија извештаите за реализацијата на развојните програми на Локалната самоуправа како и годишниот извештај за завршната сметка на буџетот. Според опозицијата во советот, потфрлување кај реализираните програми планирани со буџетот за 2018 има во делот на комуналните услуги, градежното земјиште, секторот за комунални дејности, улици и патишта. „Години наназад програмите се желба ,а не реални...

Continue reading

logo

Субвенции за претпријатија во сопственост и управувани од жени

Post Views: 7 Согласно Програмата за конкурентност иновации и претприемништво за 2016 година, Министерството за економија објави Јавен повик за Субвенционирање на претпријатија во сопственост и управувани од жени преку кофинансирање до 70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 120.000 денари. За трошоци во оваа програма се сметаат трошоците за Набавка на опрема и алат; Уредување и подобрување на деловниот простор; Грижа за чување на деца од предшколска возраст за жени кои отпочнуваат соствен бизнис, но не повеќе од 30.000 денари. Право на учество на Јавниот повик имаат претпријатија...

Continue reading

Црвениот Крст од Охрид и екипите на јавните претпријатија ги вршат последните подготвки за Водици

Post Views: 0 Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната и социјално-хуманитарната дејност. На 18.01.2019 г. (петок) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат...

Continue reading

Нови седумдесет вработувања во јавните претпријатија во градов

Post Views: 4 Новите седумдесет вработувања во јавните претпријатија во градов беа каменот на сопнување на денешната седница на совет. Советниците од ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека нема никаква оправданост за ваквиот чекор на Локалната земајќи го во предвид фактот дека јавните претпријатија работат на работ на рентабилноста. Според Кирил Пецаков, координаторот на опозиционата советничка група ова е чисто политички потег и тоа сега непосредно пред локалните избори кои треба да се одржат во април. Тоа е еден вид на заложништво и уценување на сите оние кои ќе имаат желба да конкурираат на...

Continue reading

Советниците ги усвоија шестмесечните извештаи од работата на охридските јавни претпријатија

Post Views: 11 На дневен ред на градскиот Совет денеска беа разгледувани и усвојувани финансиските извештаи од сработеното на јавните претпријатија за изминатите 6 месеци. Советниците од опозицијата упатија низа критики на адреса на раководствата на претпријатијата за сработеното и гласаа против извештаите. Од говорницата се слушнаа критики и аргументи за и против забелешките. Меѓу критиките упатени за работата на градските јавни претпријатија се слушнаа и забелешки во работата на ЈП Проаква. „ Генерално немам забелешка на работата на менаџерскиот тим. Но, имам забелешка на работниот...

Continue reading

Осмата седница на градскиот совет во знакот на јавните претпријатија во градов

Post Views: 3 Предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски пазар“, создаде дилема кај советниците од ВМРО ДПМНЕ. Тие во име на пазарџиите прашуваа дали и колку ќе се покачат цените кои ги плаќаат закупците на тезги. Константин Ѓеоргиевски, координаторот на советничката група на СДСМ објасни дека во целокупниот ценовник на Градски пазар има само законско регулирање на одредени услуги кои ги давал градски пазар, а досега не биле регулирани со закон. Станува збор само за воведување ред во издавањето на...

Continue reading

Именувани новите членови на надзорни и управни одбори во охридските претпријатија

Post Views: 8 На денешната четврта седница на Советот на општина Охрид беа разрешени старите, а именувани беа нови членови на управните и надзорни одбори на јавните претпријатија во Охрид. Мандаот на новите членови е шест месеци, а има редукција, наместо како што беше досегашната практика составот на управните и надзорните одбори да го сочинуваат 7 членови овој пат се избраа по 5. Координаторот на советничката група на СДСМ Константин Георгиевски појаснува дека причина за тоа е економскиот аспект, односно дека со тоа сакаат да ги намалат трошоците на Јавните претпријатија по основ...

Continue reading

Се именуваа нови в.д. директори на јавните претпријатија

Post Views: 8 Со одлука на градоначалникот на Општина Охрид, Јован Стојаноски, од денес четири јавни претпријатија во градов, две основни училишта и детската градинка „Јасна Ристеска“ добија нови Вршители на Должност. За ВД директор во ЈП „Билјанини извори“ е назначена Гордана Јованоска, а на оваа позиција во „Ниско Градба“ е поставен Гоце Ѓоршески. ВД директор на ЈП „Охридски Комуналец“ е Лупчо Грданоски, а во ЈП „Градски Пазар“, Кристина Крлеска- Деспотоска. За ВД директор во ОУ „Св. Климент Охридски“ е поставена Наташа Танеска која доаѓа на местото на Јордан Пуроски, а Елена Ел-...

Continue reading

лопата

Од денес нема сечење ленти, фрлање камен темелници и други јавни настапи

Post Views: 1 Според новиот Изборен законик и закажаните термини за претседателските избори од денеска па се до 27 април Владата на Република Македонија не смее да исплаќа субвенции, освен се разбира редовните месечни исплати, не смее да одржува јавни настапи при започнување на изградба или пуштање во употреба на објекти финансирани од буџетот, од јавни фондови или од пари на јавни претпријатија. Според Билјана Бошковска, заменик министерката за правда изборните правила не им забрануваат на функционерите да се појавуваат во медиумите. „Под забрана за одржување на јавни настани не...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top