Се именуваа нови в.д. директори на јавните претпријатија

Со одлука на градоначалникот на Општина  Охрид,  Јован Стојаноски, од денес  четири  јавни претпријатија во градов,  две основни училишта и детската градинка  „Јасна Ристеска“ добија нови  Вршители на Должност.

 |   | 

Со одлука на градоначалникот на Општина Охрид, Јован Стојаноски, од денес четири јавни претпријатија во градов, две основни училишта и детската градинка „Јасна Ристеска“ добија нови Вршители на Должност.

За ВД директор во ЈП „Билјанини извори“ е назначена Гордана Јованоска, а на оваа позиција во „Ниско Градба“ е поставен Гоце Ѓоршески. ВД директор на ЈП „Охридски Комуналец“ е Лупчо Грданоски, а во ЈП „Градски Пазар“, Кристина Крлеска- Деспотоска.

За ВД директор во ОУ „Св. Климент Охридски“ е поставена Наташа Танеска која доаѓа на местото на Јордан Пуроски, а Елена Ел- Нади е новиот ВД директор на ОУ„Ванчо Николески“ и доаѓа на местото на Жаклина Трипунова.

Од денес нов ВД директор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ е Мери Рилкова и доаѓа на местото од Роза Костеска.

Наредниве денови ќе бидат објавени имињата на новите вршители на должност на МЈП „Проаква“ и на ЈП „Градски гробишта“ како и на останатите воспитно- образовни установи во градов

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top