• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Советниците ги усвоија шестмесечните извештаи од работата на охридските јавни претпријатија

Советниците ги усвоија шестмесечните извештаи од работата на охридските јавни претпријатија

 Советниците ги усвоија шестмесечните  извештаи од работата на  охридските јавни претпријатија. Најава има дека наскоро завршува  делбениот биланс на колекторот од МЈП  Проаква. Советниците од опозиција гласаа против извештаите за остварените резултати  од работењето кој ги поднесоа ракводителите на  шесте  претпријатија. 

 |  Валентина Неловска  | 

На дневен ред на градскиот Совет денеска беа разгледувани и усвојувани финансиските извештаи од сработеното на јавните претпријатија за изминатите 6 месеци. Советниците од опозицијата упатија низа критики на адреса на раководствата на претпријатијата за сработеното и гласаа против извештаите. Од говорницата се слушнаа критики и аргументи за и против забелешките. Меѓу критиките упатени за работата на градските јавни претпријатија се слушнаа и забелешки во работата на ЈП Проаква.

„ Генерално немам забелешка на работата на менаџерскиот тим. Но, имам забелешка на работниот ангажман на 17 вработени во услови кога има намален ангажман во изведување на хидроградежните работи“, упати забелешка за финансискиот извештај на ЈП „Проаква“, Гордана Коњаноска, советник од Вмро Дпмне.

Владимир Алексијоски, директор на ЈП Проаква со контра аргументи за оправданоста од нови вработувања и проблемот со ангажирање на стручен кадар на пазарот на труд.

„ Како советничка група ако имате хидроинжинери, градежни инжинери и архитекти слободно уште утре ќе ги примам на работа. Иницијатива е на Локалната да распише стипендија за овој вид на инжинерски кадар. Овие 17 се сите работници кои за жал се замена на досега ангажираните вработени. Заради старосната група на терен некои од нив заминаа во пензија , други се со здавствени проблеми и бевме принудени да ги примиме сите 17 и ве уверувам не се партиски вработени“, истакна директорот на Проаква.

Константин Георгиески, советник од редовите на СДСМ најави дека на следната седница на дневен ред ќе се најде за усвојување делбениот биланс на колекторот од МЈП Проаква. Георгиески ги повика колегите од редовите на Вмро Дпмен да дадат зелено светло за денешниот финансиски извештај на Проаква.

„Ве замолувам со оглед дека делбениот биланс со Министерството за финансии од преговорите на Влада се завршени на следната седница ќе го имаме и ќе треба да го гласаме. За вашите заложби да не се декларативни да го поддржиме извештајот и да демонстрираме единство за сериозно решавање на проблемот со колекторот и да пристапиме кон завршување на одвојување на колекторот од МЈП Проаква“, побара советникот Георгиески од колегите советници од опозицијата.

И покрај повикот на советникот Георгиески за единство по прашањето како што е долгогодишниот проблем со одржување и функционирање на колекторскиот систем, советниците од опозицијата не го поддржаа шестмесечниот Извештај на ЈП „ Проаква“.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top