Ознака: претпријатија

Dime Spasov

Од денес стапува на сила Законот за стечајци

Post Views: 3 Од денеска стапува на сила Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата во период од 2000-тата до 2004-тата година, кој што беше донесен по скратена постапка во Собранието. Со истиот се опфатени лицата кои останале без работа како резултат на приватизација на компанијата која била во државна или доминантна државна сопственост до 31 декември 2013 година. Според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, со ова законско решение се очекува да се реши горлив проблем на околу...

Continue reading

Donacija

Обид за намалување на загубите на вода од водоводната мрежа

Post Views: 5 „Не знам, колку рационално се користи водата, од Проаква знаат подобро, ние имаме доволни количини на вода, и извори за користење, сеуште не се капирани сите извори кои се доволни за напојување на вода за 200.000 жители“ вели Мерко. Дека ситуацијата со загубата на вода е сериозна, говорат и информациите дека количеството на водите од Беличките извори е намалено за три пати. Со туристичка сезона која е пред нас и најавената година на интензивни суши, останува да видиме, колку општините од ЈПР успешно ќе се справат со проблемот кој е пред нив. {loadposition content9}

Continue reading

Локалната изнајде нов начин за работа на Јавните претпријатија во градов

Post Views: 1 Локалната изнајде нов начин за работа на Јавните претпријатија во градов како истите би можеле да се одржат во добра финансиска кондиција. Во еден париод може да се видат вработени од ЈП „Гробишта“ како ставаат бекатон плочки по градов, после некое време тоа го прават вработените во ЈП „Нискоградба“, а на истата таа задача можат да се затекнат и работници од ЈП „Пазар“. Малку збунувачки како претпријатија чија основна дејност е сосема различна се занимаваат со иста работа. Но, градоначалникот Никола Бакрачески објасни дека овој нов принцип е воведен со цел обезбедување...

Continue reading

Каква е состојбата со Јавните претпријатија од градов

Post Views: 1 Се чекаат завршните сметки за да се види каква е состојбата со Јавните претпријатија од градов. Граѓаните прашуваат во каква кондиција се наоѓаат, дали работат рентабилно, дали имаат загуба во работењето, но од Локалната самоуправа сеуште немаат комплетни податоци за тоа. Велат дека  се обработуваат бројките со кои јавните претпријатија ќе излезат пред граѓаните и ќе дадат отчет. Ние знаеме дека најтешка е ситуацијата во МЈП “Проаква“, па потоа во ЈП „Комуналец“, а најповолна е во ЈП “Нискоградба“, „Градски гробишта“ и „Градски пазар“, но  конкретни податоци сеуште немаме....

Continue reading

Вртоглави износи за струја во општина Охрид и јавните претпријатија

Post Views: 4 Енергетската криза тропа на вратата од општина Охрид и јавните претпријатија. Сметките за струја достигнуваат вртоглави износи кои не можат да се подмират од сопствени извори. Во моментов, општината и двете ЈП „Водовод“ и „Билјанини извори“ немаат потпишан договор со добавувач на електрична енергија. Градоначалникот Пецаков очекува помош од државата за да се реши проблемот со кој се соочуваат сите општини во државата. Ние сме на работ на егзистенција како ЈП и сме во дилема, како некогаш да има рестрикции на вода или да нема вода, вработените да не можат да земат плата....

Continue reading

emo protest

Засега ништо од ветувањата за конечно разрешување на ситуацијата со вработените во ЕМО

Post Views: 0 Засега ништо од ветувањата за конечно разрешување на ситуацијата со вработените во некогашниот охридски гигант ЕМО. Денес тие по четврти пат, со транспаренти во рацете одржаа мирен протест низ неколку охридски улици во обид уште еднаш да го свртат вниманието кон проблемот со 40 неисплатени плати и придонеси. Тие велат дека информациите дека 80 проценти од фабриката работи, се неточни, а наместо тоа, во АД ЕМО 6 месеци нема струја, греење, ниту пак обезбедена работа. „На 5ти март бевме повикани во Владата на Република Македонија. Не прими премиерот Никола Груевски. Најверојатно...

Continue reading

лого

Разрешена директорката на ЈП за комунална дејност од Дебрца

Post Views: 9 Со решение од страна на Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски разрешен е директорот на јавното претпријатие за комунална дејност во општина Дебрца, Јасмина Мицкоска. Поради неисполнувањето на очекуваните резултати во претпријатието изминатиов период и реакциите од жителите на општина Дебрца, Градоначалникот на општина Дебрца ја донесе оваа одлука. За ВД Директор назначен е Стојмир Велјаноски, вработен во јавното претпријатие, согласно законските одредби од законот за Јавни претпријатија. Во наредните денови од страна на Градоначалникот ќе биде распишан Оглас...

Continue reading

снег

Охрид блокиран со првиот снег

Post Views: 0 Блокирани патни правци кон Охрид, завеани автобуси и патнички возила, домаќинства без електрична струја, паднати дрва, бандери и кабли беше денешната зимска слика на Охрид по првиот снег. Околу 20 часа автобуси и патнички возила останаа завеани на Пресека, а 4 автобуси на Галеб останаа заглавени  на автобуската станица во Кичево. Раководителот  на АД Галеб, Димитар Василевски информира дека се водело грижа  патниците да не останат без грење, биле понудени со храна и пијалок, Колку што дозволувале можностите во тие услови се водело максимална грижа за патниците. Се правеле...

Continue reading

плоштад

Свечено отворен ново изградениот плоштад во населбата Рача

Post Views: 9 Денес жителите на населбата Рача добија убаво уреден плоштад. Со тоа нивната долгогодишна желба се исполни. Плоштадот зафаќа површина од 520 метри квадратни и се наоѓа на место кое порано ја нагрдувало населбата и преставувало вистинска депонија каде се одлагал градежен шут и друг вид на отпад. После неколку месечна работа за релативно брзо време успеавме да го уредиме ова место во едно убаво карче во кое граѓаните од оваа населба ќе имаат можност да се рекреираат и да се одмараат, а децата да се забавуваат, рече градоначалникот Никола Бакрачески. Тој додаде дека плоштадот...

Continue reading

parkce

Охрид ќе добие ново зелено катче и детски парк

Post Views: 5 Охрид ќе добие ново зелено катче и детски парк. Започна уредувањето на просторот во непосредна близина на основното музичко училиште. Ова е дел од програмата на Локалната чија цел е да ги оплемени деловите на градов кои досега биле грда слика на Охрид. Локалната самоуправа заедно со јавните претпријатија од сопствени средства  ќе изградат еден современ плоштад како оние што ги направивме во изминативе две години кај некогашната библиотека, кај Влашка маала, а во петок свечено ќе го пуштиме во употреба плоштадот што го направивме во Рача, рече градоначалникот на Охрид,...

Continue reading

znaminja

Извештаите од работењето на јавните претпријатија, повторно пред градските советници

Post Views: 2 На триесет и првото издание на седницата на Советот на Општина Охрид  седница на Советот на општина Охрид пред советниците ќе се најдат извештаите од работењето на јавните претпријатија „Охридски Комуналец“, Градски пазар, Водовод, „Грaдски гробишта“ , „Нискоградба Охрид“ и „Билјанини Извори“. Ќе се носи одлука за измени во развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот од 2014 до 2016, а ќе се носат и измени во програмите за ЛЕР, комунални услуги, јавна чистота, јавно осветлување, патишта и улици, паркови и зеленило, сообраќајна сигнализација, детска заштита,...

Continue reading

Ohrid

Извештаите за работа на ЈП и училиштата во градов, камен на сопнување

Post Views: 7 Извештаите за работењето и остварените резултати за првата половина од 2014 година на јавните претпријатија, за некои советници одраз на позитивен тренд во овие претпријатиа, а за некого сеуште показател на тешката состојба и проблемите со кои истите се соочуваат. Советникот од ЛДП, Дејан Блажески рече дека тие како опозиција не се задоволни бидејќи побарале да им се достави образецот за задолжувањата на јавните претпријатија како и информации околу направените трошоци во истите, но ништо не добиле од тоа. ЈП имаат сериозни проблеми и потребен е еден радикален рез и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top