Локалната изнајде нов начин за работа на Јавните претпријатија во градов

Локалната со нови методи на работа им дава финансиска инјекција на јавните претпријатија во градов. Како резултат на тоа во изминатите три години платите редовно се исплатуваат. Поради домаќинското работење и намалените трошоци за репрезентација, наградени се и директорите.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Локалната изнајде нов начин за работа на Јавните претпријатија во градов како истите би можеле да се одржат во добра финансиска кондиција. Во еден париод може да се видат вработени од ЈП „Гробишта“ како ставаат бекатон плочки по градов, после некое време тоа го прават вработените во ЈП „Нискоградба“, а на истата таа задача можат да се затекнат и работници од ЈП „Пазар“. Малку збунувачки како претпријатија чија основна дејност е сосема различна се занимаваат со иста работа. Но, градоначалникот Никола Бакрачески објасни дека овој нов принцип е воведен со цел обезбедување приходи во ЈП како пак би се обезбедиле плати за истите.

ЈП во последните три години одкога јас сум градоначалник не се случило да не добијат еднаш месечно плата. Тоа не беше случал порано кога плати не добиваа со месеци или пак добиваа по 20, 30 или 70%, објаснува градоначалникот.

Градоначалникот уверува дека без разлика кое ЈП ги изведува работите на терен бидејќи биле ангажирани стручни лица кои си ја знаеле работата таа е направена како што треба. Јавните претпријатија во градов со домаќинско работење во изминативе три години успеале дури и да вратат дел од долгот што го имале. Бакрачески тврди дека директорите на претпријатијата покажале позитивни резултати во работењето и како резултат на тоа следувало и покачувањето на нивните плати.

Голем дел од претпријатијата ги намалија трошоците за повеќе од половина. Посебно тоа е евидентно кај трошоците за репрезентација. Од 2010 до 2013та ЈП  во градов за репрезентација потрошиле 15 милиони денари, а за изминатите три години само 1милион и 400 000 ден., вели Бакрачески.

Примерот на работа на охридските јавни претпријатија го примениле и голем дел од останатите општини во државава, кажува градоначалникот. Тој додава дека најмногу од услугите и проектите на Локалната и понатаму ќе ги извршуваат ЈП, а со тоа финансиите од општината наместо да одат во приватни џебови ќе одат во овие претпријатија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top