Ознака: првиот

На Факултетот за туризам и угостителство во Охрид пријавени 142 кандидати во првиот уписен рок

Post Views: 0 На охридскиот Факултет за туризам и угостителство во првиот уписен рок се пријавиле вкупно 142 кандидати. За оваа академска година според конкуросот има место за 300 нови бруцоши. По 50 места има на насоките туризам и царина и шпедиција, 45 за менаџмент во услужен сектор, а по 40 на осигурување, гастрономија и хотелско – ресторански менаџмент. Активни се и студиските програми на англиски јазик, на насоката туризам 10, а на царина и шпедиција 25 студенти. Според објавената прелиминарна ранг листа најмногу интерес идните академски граѓани покажале за насоката царина и...

Continue reading

Објавен е првиот извештај за падот на FlyDubai кај Ростов

Post Views: 5 Рускиот комитет за цивилно воздухоплоство го објави денес својот прв извештај за минатомесечниот пад на авионот на FlyDubai на југозападот на Русија, во кој загинаа сите 62 патници и членови на екипажот. Во извештајот на Комитетот се наведува дека до понирањето на авионот со носот надолу дошло додека пилотот при силен ветар се обидувал да ја зголеми висината по вториот обид за слетување, од кој морал да се откаже, пренесува агенцијата AP. Меѓутоа, пилотот и копилотот, успеале само да го подигнат авионот, па така Боингот 737-800 удрил на земја под агол од 50 степени и...

Continue reading

франција

Французите за прв пат ја носат европската кошаркарска круна

Post Views: 5 Кошаркарската репрезентација на Франција ја растури Литванија во финалето на 38-то издание на Европското првенство и за прв пат во историјата ја освои европската круна. Откако им ја одземаа круната на Шпанците во полуфиналето, кошаркарите на Франција потврдија дека во моментов се најдобри во Европа со високата победа над Литванија на финалниот натпревар во салата Стожице во Љубљана. Французите го надскокаа противникот на стартот и направија мала предност, но Литванците го имаа расположениот Клеиза кој го иницираше пресвртот и по првиот период тие водеа со 19:22. Кошаркарите...

Continue reading

Pero Antic

Перо Антиќ, пристигна во Атланта

Post Views: 8 Според моменталните информации, Антиќ е можно да дебитира за Атланта на 7 октомври, кога Атланта Хоукс ќе играат во предсезоната против шампионот Мајами.Атланта ја почнува сезоната на 30 октомври против Далас Маверикс.Антиќ почнал да игра кошарка на 11 годишна возраст, во клубот КК Работнички. На возраст од 16 години го направи своето деби во првиот тим на клубот, а на 17 години, отишол на колеџ во САД.Својата професионална кариера ја започнал во КК Работнички од Скопје во 1999 година. Настапувал за АЕК од Атина од 2001 до 2005 година (каде во 2001 го освојуваат Купот...

Continue reading

tav

Охридскиот аеродром – втор најбрзорастечки во Европа во првиот квартал

Post Views: 2 Ова признание за аеродромот со кој раководи „ТАВ Македонија“ доаѓа од ACI Europe , во чиј последен извештај „Св.Апостол Павле“ во првиот квартал од 2016 година бележи пораст од 173,9% на бројот на патници и е втор најбрзорастечки аеродром во групата аеродроми под 5 милиони патници годишно.  Охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ е втор најбрзорастечки аеродром во Европа во првите три месеци годинава во категоријата под пет милиони патници годишно. Ова признание за аеродромот со кој раководи „ТАВ Македонија“ доаѓа од ACI Europe (Меѓународниот Совет на Аеродроми за европскиот...

Continue reading

Nik Valenda

Валенда на јаже преку кањонот во Колорадо

Post Views: 11 Американецот Ник Валенда (34) уште еднаш го потврди епитетот „Крал на кањоните“, откако стана првиот човек што на јаже успеа да мине преку клисурата „Гранд Кањон“ за помалку од 23 минути. За време на подвигот, тој не користеше никаква заштитна опрема, освен стап за држење рамнотежа. Тој за 22 минути го мина Големиот кањон во Источна Аризона длабок 500 метри, чекорејќи по јаже дебело пет сантиметри и долго 400 метри. Валенда кој лани мина и над Нијагарините водопади, изјави дека за овој подвиг се подготвувал целиот живот. Со одење по јаже почнал на 4-годишна возраст...

Continue reading

Словенска доминација на првиот „Ohrid Trail“

Post Views: 1 Словенските натпреварувачи Јуре и Јања Облак кои се татко и ќерка се победници на првото издание на Планинарска трка Охрид треил која вчера се одржа низ падините на планината Галичица и градот Охрид. Делницата од 60 километри Јуре Облак ја помина за 7 часа, 38 минути и 22 секунди, додека Јања финишираше за 9 часа, 55 минути и 21 секунда. Второпласиран во машка конкуренција заврши Дарин Марквард со време (7.39.52), а трет низ целта помина македонскиот учесник Никола Илиевски со време (8.26.49). Второто место во женска конкуренција и припадна на Сања Најдовски од Македонија...

Continue reading

Во предворјето на црквата Св. Софија се одржа првиот академски час на ФТУ

Post Views: 12 Во предворјето на црквата Св. Софија се одржа првиот академски час на Факултетот за туризам и угостителство за учебната 2021/2022 година. Свечениот час го отвори Претседателот на студентското собрание на ФТУ – Игор Пешевски кој им посака топло добредојде на новите колеги. Свое обраќање имаа и Продеканот Проф. Д-р Александар Трајков, деканот Проф. Д-р Цветко Андреески и ректорот на УКЛО Проф. Д-р Сашо Коруновски, како и претставник од СН Осигурителен Брокер АД Битола и директорот на студентскиот дом „Никола Карев“.   Факултетското Студентско Собрание претставува...

Continue reading

Георгиески: По поразот во првиот круг фабриката за лаги и измами сместена во Белата Палата во Скопје е пуштена на најјако

Post Views: 4 По катастрофалниот пораз во првиот изборен круг во Охрид, фабриката за лаги и измами сместена во Белата Палата во Скопје е пуштена на најјако, кажа денеска на прес конференција, Кандидатот за градоначалник од СДСМ , Константин Георгиески. Тој се осврна на повеќе моменти од досегашната кампања и обвинувања од страна на политичките опоненти. На критиката дека раздолжувањето на општината не било по заслуга на општината туку со пари од народот Георгиески со одговор до неговиот противкандидат Милошевски. „ Да, точно е дека тоа се народни пари. Сите пари се народни Митре....

Continue reading

Расте излезноста на првиот круг од шестите претседателски избори

Post Views: 5 Од Државната изборна комисија информираа дека излезноста на првиот круг од претседателските избори изнесува 28,89 отсто, соопштија од Државната изборна комисија. Претседателот на ДИК Оливер Дерковски на прес-конференција пред малку кажа дека од околу 75 отсто обработени гласачи места, до 15 часот излегле да гласаат 396.252 избирачи. Најголема излезност, исто како и до 13 часот, има во Прилеп – 43,85%, a најмала во Липково – 9,75%. Во Аеродром, излезноста е 35,45%, понатаму Арачиново 15,75%, Берово 34,75%, Битола 32,81%, Боговиње 12,12%, Бутел 29,24%, Велес 32,11%, Гевгелија...

Continue reading

Arjen Roben

Најдобрата партија во историјата на Баерн

Post Views: 1 Арјен Робен беше стрелец на еден од четири погодоци со кои Баерн ја прегазиБарселона во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони. Холанѓанецот покрај постигнатиот гол асистираше за првиот и вториот погодок на својот тим и на крајот заклучи дека ова е најдобрата фудбалска партија во историјата на Баерн. „Барселона доминира во Европа во изминативе неколку години, па кога ќе се слави ваква победа против нив, секако дека само можеш да бидеш горд. Одигравме фантастичен натпревар, но сега не чека реваншот во Барселона. Се боревме за секоја педа од теренот, не им...

Continue reading

klapa

Во петок во Охрид започнува првиот студентски филмски фестивал –Филмоција

Post Views: 0 Институтот за филм – Филмска Академија Охрид во периодот од 8ми до 10ти април 2016 година, го организира својот прв студентски филмски фестивал –Филмоција (Feelmotion) – чии активности ќе се одвиваат во просториите на академијата во Охрид. Овој настан предвидува разновидна и богата тридневна програма, вклучувајќи проекции на филмови, работилници и мини концерти. – Факултети кои ќе учествуваат со сопствени филмови и студенти ce: Универзитетот Гоце Делчев – Штип, Есра и ФДУ – Скопје, Тетовскиот Универзитет и Хасан Приштина од Косово. –...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top