Најдобрата партија во историјата на Баерн

Арјен Робен беше стрелец на еден од четири погодоци со кои Баерн ја прегазиБарселона во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони.

 |  Голабовски Крсте  | 
Arjen Roben
Арјен Робен

Арјен Робен беше стрелец на еден од четири погодоци со кои Баерн ја прегазиБарселона во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони.

Холанѓанецот покрај постигнатиот гол асистираше за првиот и вториот погодок на својот тим и на крајот заклучи дека ова е најдобрата фудбалска партија во историјата на Баерн.

Arjen Roben„Барселона доминира во Европа во изминативе неколку години, па кога ќе се слави ваква победа против нив, секако дека само можеш да бидеш горд. Одигравме фантастичен натпревар, но сега не чека реваншот во Барселона. Се боревме за секоја педа од теренот, не им дозволивме премногу да играат, и мислам дека ова е најдобриот натпревар во историјата на Баерн“, изјави пресреќниот Робен.

Среќен, но помалку возбуден беше капитенот Филип Лам, кој смета дека играта во одбраната била клуч за успехот.

„Ние имаме потенцијал да победиме секого. Познато е дека Барселона има проблеми со играта во скок, а нашата игра во одбраната беше перфектна, таа беше клучот за вечерашниот успех“, изјави капитенот на Баварците.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top