Ознака: првиот

kese

Локалната го одврза кесето за туризмот

Post Views: 2 Општината повторно ќе го помага локалниот економски развој и туризмот. Објавен јавен повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот. За оваа намена од буџетот на оптината се издвоени 2,7 милиони денари. Максималниот износ за подршка на секој проект изнесува 200.000 денари, а за сите проекти задолжително е кофинансирање во износ од најмалку 20% од вкупната вредност на проектот. За тоа дали доделените средства ќе бидат наменски користени ќе проверува стручна комисија од секторот за ТЛЕР.Горан Мицкоски од  Секторот за Тлер,...

Continue reading

shankovi

Градежниот инспекторат денес рушеше шанкови

Post Views: 1 Урбаната опрема се отстрануваше од градскиот плоштад и на потегот помеѓу обложувалницата премиер и  Амамот. Неуспешни беа обидите да се стапи во контакт со првиот човек на инспекторатот Танас Танасоски. Ниту ние, ниту портпаролот на локалната самоуправа Симон Илиевски не успеавме да добиеме одговор дали станува збор за отстранување на дивопоставени шанкови, или пак се отстрануваат оние за кои сопствениците не ги подмириле своите обврски кон локалната самоуправа. Останува да видиме дали утре надлежните ќе излезат со објаснување, дали отстранетите шанкови работеле на...

Continue reading

den na proletta

Пролеттна генералка

Post Views: 1 Во првиот дел од пролетта, еколошки акции во Охрид.  Ова беше повод секој на свој начин да придонесе во чистење на својата околина. Дечињата од основните училишта утрово беа припомош на вработените од ЈП Охридски Комуналец и помогаа при расчистување на дворовите на училиштата. Се расчистуваше и Охридското крајбрежје и тоа посебно во населбата Даљан. Акцијата се спроведе и покрај фактот што со овој дел не стопанисува локалната самоуправа, туку владата. Директорот на ЈП Сашо Алче вели денешната акција е симболична и дека преку неа праќаат порака до надлежните дека ова...

Continue reading

chingoski

Оставка за Арнаудов

Post Views: 0 Маските паѓаат. Нацистичките слики на партиски членови на СДСМ, кои неодамна осамнаа на огласната табла во Општа болница Охрид, сеуште не ги приземјуваат политичките страсти, во градов. Најново е тоа што цехот за овој непуларен настан падна на грбот на самохрана мајка вработена во оваа установа. Таа денес добила решение за преместување на работното место, под изговор на првиот човек на институцијата директорот Љубен Арнаудов, оти таа на новинарот кој ја пласира оваа информација, му го дошепнала тоа. Пратеникот од редовите на СДСМ, Томе Чингоски, вели дека со ова...

Continue reading

kej

И повторно….за урбаната опрема

Post Views: 7 Повторно големи ветувања за решавање на проблемот со поставување на урбаната опрема во градов за претстојната летна туристичка сезона. Минатата година, иако беше донесен Правилник за поставување на урбана опрема, изгласан од охридските советници, а поделбата на локации се одвиваше за прв пат преку лицитација, сепак, по охридската чаршија, кејот и шеталиштето се тргуваше на големо, се тргуваше нелегално. На последната одржана седница на Советот, одржана на крајот на месец февруари годинава, беше донесена годишната програма за поставување урбана опрема, а овој пат и првиот...

Continue reading

Проф.Др Клајд Масгрејв.

Висока технологија во македонскиот бизнис

Post Views: 5 Иако звучи нереално за нашата бизнис заедница, ова полека станува реалност. Студенти, но и бизнисмени, ќе имаат можност поблиску да се запознаат со оваа тематика преку предавања на Универзитетот за информатичка наука и технологија од Охрид. Имплементирањето на висока технологија во работењето на фирмите насекаде низ светот им овозможило да прераснат од мали и средни, до големи и мултинационални компании. Првиот чекор во оваа насока го прави Универзитетот за информатички науки и технологии од Охрид. На овој факултет наскоро се воведува програма наменета не само за студентите...

Continue reading

уперкомпјутер

Пуштен во употреба првиот суперкомпјутер

Post Views: 9 Пуштен во употреба првиот суперкомпјутер на Универзитетот за информатички технологии. Станува збор за проект, своевиден предизвик, како со малку финансиски средства да се изработи супер моќна машина. Суперкомпјутерот е изработен од страна на студентите од овој универзитет, под будното око на асистентите. Ваквиот начин на учење, каде со помош на практична работа, студентите се стекнуваат со големи знаења, им овозможува студиозен пристап во спроведување на истражувачката дејност. Ректорот на Универзитетот, проф.д-р Благоја Самакоски истакна дека нивните студенти се идни...

Continue reading

univerzitet za informatika

Прв македонски суперкомпјутер дизајниран во Охрид

Post Views: 6 Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид најави презентација на првиот македонски суперкомпјутер. Дизајнот на компјутерот е дело на докторантите на Универзитетот во Охрид, а дизајниран и осмислен со помош и поддршка од студентите по информатичка технологија. По тој повод утре со почеток од 10 часот ќе се одржи прес-конференција во амфитеатарот во новиот објект на Универзитетот. {loadposition content9}

Continue reading

prof dr. Jovanka Biljanoska

Универзитетите во рамки на современите глобални проблеми

Post Views: 13 Проф. Др.Јованка Биљаноска како редовен професор на ФТУ Охрид, учествуваше на првиот светски конгрес кој неодамна се одржа во Чанаккале, Турција. Со големи импресии, Биљаноска ја потенцира важноста на еден ваков голем и несекојдневен настан. „Предизвик е да се биде учесник на светскиот конгрес посебно заради сознанието дека традиционалниот концепт на универзитетите не важи во новото време, во услови на глобализација на сите текови, вклучувајќи го тука и образованието“, рече Биљаноска. На светскиот конгрес на универзитетите, покрај главната мото тема „Кои се новите...

Continue reading

kanali

Се чистат каналите во Охрид

Post Views: 4 Како што веќе е познато, една од причините за поплавите што настанаа минатата година како резултат на обилните врнежи, на повеќе места во општина Охрид, беа затнатите канали од нанос. Годинава, со цел општинава да не го доживее истото сценарио, се пристапи кон третман на истите. ЈП „Охридски Комуналец“ по налог од локалната самоуправа, од денес, па во наредните три месеци, треба да одговори на оваа задача. Првиот човек на „Охридски Комуналец“ Сашо Алчев, вели дека мора сериозно да пристапат кон чистење на сите места што претставуваат тесни грла на речните корита и мостовите,...

Continue reading

FTU

Новите студенти на „збор“

Post Views: 2 Симболично со химната на Македонија и универзитетската химна отпочна првиот академски час на ФТУ „Св. Климент Охридски“ Охрид. Успешна академска година на новите студенти им посака деканот на ФТУ Сашо Коруноски и ректорот на универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, Златко Жоглев. Деканот на ФТУ Коруноски, рече дека денешниот ден е од големо значење за идните академци и како настан му се придава голама важност. Тој посебно го истакна податокот за отворањето на новата гранка, гастрономија исхрана и диететика.Ректорот на Битолскиот универзитет Жоглев рече дека не случајно...

Continue reading

sovetnici

Безбедносната состојба во градов пред советниците

Post Views: 0 Иако изминатиот период во неколку наврати беше нарушен јавниот ред и мир во Охрид, сепак градоначалникот Александар Петрески не успеа да го свика советот за превенција, тело кое требаше одамна да изнајде начин за подобрување на безбедносната состојба. „Советот покрај мене е составен и од првиот човек на СВР, првиот човек на судот и многу други видни личности од локална и централна власт во Охрид“, вели градоначалникот. „ Јас не го поставив првиот човек на судот, на полицијата и другите први луѓе во советот и мислам дека се е голема фарса пред ЕУ да прикажеме дека некеко...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top