Новите студенти на „збор“

Започна новата академска година на ФТУ „Св. Климент Охридски“. Исполнети очекувањата на првиот човек на оваа установа деканот Сашо Коруноски.

 |  Билјана Николовска  | 
FTU
ФТУ

FTUСимболично со химната на Македонија и универзитетската химна отпочна првиот академски час на ФТУ „Св. Климент Охридски“ Охрид. Успешна академска година на новите студенти им посака деканот на ФТУ Сашо Коруноски и ректорот на универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, Златко Жоглев. Деканот на ФТУ Коруноски, рече дека денешниот ден е од големо значење за идните академци и како настан му се придава голама важност. Тој посебно го истакна податокот за отворањето на новата гранка, гастрономија исхрана и диететика.
Ректорот на Битолскиот универзитет Жоглев рече дека не случајно е на првиот академски час во Охрид. Тој денес со статус на редовни професори на оваа еминентна установа ги назначи Проф. Јованка Биљаноски и Сашо Коруноски. Жоглев пред студентите ги кажа предностите на универзитетот и неговите очекување кои треба да ги исполнат и професорите и студентите.
Годинава во вистинскио светло и адекватен амбиент се одржа првиот студенски час и на владиниот универзитет за информички технологии „Св Апостол Павле“. Професорите задоволни од стартот на академската година и од одзивот на студентите.
Сеуште има празни места во универзитетските клупи на охридските факултети. Утре е третиот уписен рок на ФТУ. Додека пак во универзитетот за информатички технологии не им е важен бројот на студенти туку производство на квалитетни кадри.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top