Пуштен во употреба првиот суперкомпјутер

„Со делови од фичо да се успее да се направи формула1“, со овие зборови ректорот Благоја Самакоски го пушти во употреба првиот суперкомпјутер на Универзитетот за информатички технологии „Св. Апостол Павле“.

 |  Наташа Размоска  | 
уперкомпјутер
суперкомпјутер

superkompjuterПуштен во употреба првиот суперкомпјутер на Универзитетот за информатички технологии. Станува збор за проект, своевиден предизвик, како со малку финансиски средства да се изработи супер моќна машина. Суперкомпјутерот е изработен од страна на студентите од овој универзитет, под будното око на асистентите. Ваквиот начин на учење, каде со помош на практична работа, студентите се стекнуваат со големи знаења, им овозможува студиозен пристап во спроведување на истражувачката дејност. Ректорот на Универзитетот, проф.д-р Благоја Самакоски истакна дека нивните студенти се идни промотори на земјава и дека ваквите проекти им овозможуваат да бидат во чекор со светските гиганти.

studentiСуперкомпјутерот е составен од 256 микропроцесори кои овозможуваат паралелно процесирање за изработка на комплицирани програми. Неговата цел и намена е да се намали потребното време за извршување на операциите. Ако за извршување на одредена операција претходно било потребно 15 минути, сега со оваа моќна машина потребни се само 12 секунди. Честа прв да го стартува суперкомпјутерот ја имаше Министерот за информатичко општество Иво Иваноски. Тој истакна дека ова е важен чекор за информатичката технологија и дека со него се овозможува меѓусебно поврзување на институциите. Очекувањата на министерот се дека „Св. Апостол Павле“ во иднина ќе прерасне  во суперелитен универзитет на светско ниво.

Овој суперкомпјутер ќе може да го користат сите граѓани. Цената за неговата изработка е премала во однос на моќта која ја има. Со овој проект се става акцент да се вложува во нови технолошки пронајдоци. Треба во целост да се искористат системите од министерството за информатичко општество. Министерот и ректорот не го криеа оптимизмот дека вакви заеднички проекти помеѓу универзитетот и министерството ќе има уште многу во иднина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top